ABC, daj nekoi konkretni dokazi -"provejuvanjeto na vetrovi" , posle ,"i vrapcite znaat" e vtora najubotrebuna fraza vo zargonot na sluzbenicite na sluzbata.
No da se potsetish.......
"Тогаш беа обелоденети неколку афери, поврзани со новооснованата ВМРО-ДПМНЕ, како аферите Балабан, Сина птица, Бугарски летоци на Тито Петковски итн.
... на “терористичката ВМРО”. Во прашање беа некакви заканувачки писма кои наводни претставници на опозиционата ДПМНЕ им ги праќале на “комунистите”. Се потрудивме и го најдовме интервјуто на Георгиевски, дадено за Вечер од 21.11.1992, во кое тој зборува за Бикчето и смртните пресуди: “Пак ќе се вратам на онаа касета (емитувана во емисијата Без наслов, со повод на МТВ, гости: Слободан Богоевски и Љубо Јовановски, н.з.) на која видовме кој ги прави паравоените организации со членови на ВМРО-ДПМНЕ. И оттука и одговорот кому му е потребен имиџот на терористи во Републикава. Тој имиџ почна со онаа смртна пресуда на Коле Велјановски Бикчето врз Климе Митревски. Тоа беше онаа позната афера дека ВМРО-ДПМНЕ дели смртни пресуди. Коле Велјановски потоа заврши со тоа што си формира заштитни комитети под надлежност на Државната безбедност, а Климе Митревски како награда беше испратен како специјален претставник на Киро Глигоров да однесе некаква библиотека во Австралија. Значи, и двајцата учесници, кои го создадоа тој имиџ на ВМРО-ДПМНЕ како терористи, многу убаво се наградени од државата."