Бугарска ја мукааа преголемаааа!!! кад је неееемаааа, кад је неееемаааааа (се мисли на Доста Димовска).
Владо Голуб не беше толку инсталиран и контролиран од Богдановски, колку што се противеше на бугарски ориентираната струја во ДПМНЕ која сакаше и успеа да инсталира комунистичка влада во Македонија (кога гласаа против владата на Кљусев) со цел да може да се изврши катастрофален распад на системот, под импресија дека е тоа извршено од страна на комунистичко-проспрски елементи и не од самите спасители - читај ДПМНЕ, кои преку бугарски инсталираните послушници ќе ја донесат работата до тоа дереџе да се сврти Македонија, падната на колена, кон братскиот народ болварски за спасение од исчезнување.
Затоа и го утепаа Богдановски, затоа тргнати се еден куп од оригиналната партија, затоа сеуште се инсталирани и владеат татарољупците во ДПМНЕ, оти овој план уште не е довршен.
Пречка во планот беше "ненадејаниот" огромниот отпор на ахајците околу било кое име за МК кое има македонија во неговиот назив, со што се покажа уште еден кол во гробот на Македонија, а потоа ретерирањето на истите тие ахајци дека можеби би прифатиле име кое е сложено, со географска одредница, а кое има Македонија во називот.
Сето тоа укажува дека планот сеуште не е довршен, целосно исполнет и за тоа е потребно владеење на јако ДПМНЕ со слаба опозиција, како што имаме сега и ќе имаме со овие изборни фалсификати, а кое ќе доведе до промена на името и делумно постепено исчезнување на идентитетот и идентификување со новиот, наметнатиот, со нова, изменета историја и традиција.
Кон овој план се придружува и СДСМ (Бранко), кој со своите кадровски политики, а со цел брзо исполнување на агендата, ја слабее сопствената партија, само и само да може спасителите од ДПМНЕ да не дообезличат.
Се само за лична амнестија и татарољупство.
тоа е делот за ДПМНЕ.
За СДСМ нема што да се каже. Извонредни се во водењето политика на уназадување и се класичен рецидив на квази-комунизмот на Србославија, со негирање на македонштината, а каде Македонија е алатка за лична корист, земја каде живее народ кој е навикнат да носи оглав, земја и држава за нивен експермент, а со крајна цел: уште малку власт за да си поиграме држава пред да ја фрлиме заедно со народот на буниште.
П.С. Со среќа по изборите, че ни треба, кој и да победи, ние одамна загубивме.