Третман на алергија од прашина и полен

  • Креатор на темата Креатор на темата _ZlObNiCa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
Возраст
42
Веб-сајт
www.mecum-online.de
Мислам дека не се работи за вакцина туку едноставно за просец на хипосензибилизација (исто наречено десензибилизирање или специфична имуна терапија), односно самиот алерген се дава во одредена концентрација и со тек на време се зголемува таа концентрација се додека телото не се навикне на алергенот и дојде до толеранција на самиот алерген.

Методата се користи кај алергии на полен, прашина, алергија на животински влакна, алергична астма итн.

Споредни ефекти кои можат да се појават се: локално црвенило или оток на местото на апликација, егзема, вртоглавици и во многу ретки случаи дури и анафилактичен шок.
 
Алергичен сум на полен и јас. Денес ко наркоман се влечев по улица, целиот со насолзени очи и размрсулавен. Главава ќе ми експлодираше од кивање. Цело пакетче Paloma за 5 минути пешачење ја потрошив. Да тибам липи и тополи да тибам. Сабајле кога ќе станам од спиење прво 30 минути се обидувам да го сопрам носот, па после се нормализирам...

До пред 2 години не бев алергичен, ама сега ептен станав осетлив.

Имаше едни апчиња што ептен ми помогнаа минатата година... Ама не им го знам името. Помош?
 
Абе асид и татко ми има ист проблем ко тебе и зема една течност ја шприца у нос и повеќе нема проблем.
Мислам дека се викаше flixsonase.
 
Loratadin или нешто на база на тоа, само не ти препорачувам да возиш или да работиш нешта кои бараат концентрација кога ги пиеш.
 
Лоратидинот го препишуваат против ублажување на симптомите од алергија на поленов прав. Антихистаминик е и го има достапен како таблети, дневната доза е околу 10 mg (една таблета дневно) со задолжителна редовна употреба околу 10 дена. Релативно добро се поднесува и не предизвикува несакани ефекти, доколку се јават тоа би можеле да бидат раздразливост, поспаност, умор, појава на сува уста, но не го попречува нормалното функционирање на огранизмот.
 
Шо знам му напоменав така пошто мене ми попречуваше, бев поспан премногу и не знаев кај терам ми се случуваше на кафе да заспивам..
 
Таквите несакани ефекти се јавуваат често поради земање во поголеми количини од пропишаните. Доколку во централниот нервен систем не се внесува во големи концентрации (повеќе од 10 mg дневно) Лоратидинот нема да предизвика несоница.
 
Алергичен сум на полен и јас. Денес ко наркоман се влечев по улица, целиот со насолзени очи и размрсулавен. Главава ќе ми експлодираше од кивање. Цело пакетче Paloma за 5 минути пешачење ја потрошив. Да тибам липи и тополи да тибам. Сабајле кога ќе станам од спиење прво 30 минути се обидувам да го сопрам носот, па после се нормализирам...

До пред 2 години не бев алергичен, ама сега ептен станав осетлив.

Имаше едни апчиња што ептен ми помогнаа минатата година... Ама не им го знам името. Помош?

Тоа ти е алергија штом до сеа не ти се смирила изгледа дека нема да се повлече..

Затоа најубаво да ти кажам кај да си отидеш за 1,2 години примање вакцина ни топола ќе ти пречи ни липа:)
 
Мислам дека не се работи за вакцина туку едноставно за просец на хипосензибилизација (исто наречено десензибилизирање или специфична имуна терапија), односно самиот алерген се дава во одредена концентрација и со тек на време се зголемува таа концентрација се додека телото не се навикне на алергенот и дојде до толеранција на самиот алерген.

Методата се користи кај алергии на полен, прашина, алергија на животински влакна, алергична астма итн.

Споредни ефекти кои можат да се појават се: локално црвенило или оток на местото на апликација, егзема, вртоглавици и во многу ретки случаи дури и анафилактичен шок.

Sorry вака: во право си, точно е дека е процес на хипосензибилизација, меѓутоа се работи за вакцина... Бидејќи и тие се алергени, т.е антигени... А по дефиниција знаеме дека вакцините содржат антигени... во случајов постепено се градуира концентрацијата на алергенот, и се дава во текот на 2години. Врвен професор на клиниката за пулмоалергологија - Скопје, ја етаблираше оваа вакцина, и доби награда во Германија, :wink:
 
Алергичен сум на полен и јас. Денес ко наркоман се влечев по улица, целиот со насолзени очи и размрсулавен. Главава ќе ми експлодираше од кивање. Цело пакетче Paloma за 5 минути пешачење ја потрошив. Да тибам липи и тополи да тибам. Сабајле кога ќе станам од спиење прво 30 минути се обидувам да го сопрам носот, па после се нормализирам...

До пред 2 години не бев алергичен, ама сега ептен станав осетлив.

Имаше едни апчиња што ептен ми помогнаа минатата година... Ама не им го знам името. Помош?
помош тешко...ќе си отидеш у аптека ќе си прашаш стручно...не од форумов рекла казала...

иначе и јас сум алергичен на Полен али ти си брат ЕПТЕН...
 
А од каде си сигурен дека нема стручни лица на форумов? Или дека па тие на клиника се стручњаци на годината?:)
 
Во аптека сигурно нема да најдеш стручно лице, целта на веледрогериите, и на вработените таму е да ти продат лек, не да те лекуваат...
На форумов може нема да ти напишат дијагноза и рецепт, ама може да добиеш лесно упат за на лекар ;)
 
беконазе ( насобек ) спреј и лоратадинче.... и си кулираш цела сезона додека има полен...
јас барем така
 
Не знам што ми стана, и ја од оваа година станав ЕПТЕН алергична на полен и трева. И тоа, не ми тече нос или да ме чешаат очи, туку се гушам. Точно знам во кој дел на Скопје какви дрвја имa - посебно липи ми сметаат и КОСЕНА ТРЕВА. :jaj:

До сега пиев Лоратадин ама веќе осеќам дека не ми помага колку што ми треба - ми дадоа спреј за уста ама ќе треба и десензибилизација. Дај Боже да помага како што викате, пошто многу е гадно кога не можам да дишам ко шо треба. :nesum:
 
I jas imam alergii na se i seshto, kozni i bronhijalni-asmaticni. Mesto Loratadin si pijam Rinolan koj mnogu pomalku me uspiva. Za kivavica nema podobro od Flixonaze a za dishenje vo kraen slucaj Ventoline.
Metodot na Dokic e desenzibilizacija koj e slicen na homeopatija i na filozofijata "klin so klin se izbiva" ama predolg za da se podlozam na nego, a i ima ograniceno traenje vo povekjeto slucai mislam deka e 10 god.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom