Bez POvredeniot KARADZOV :S:S
Соколите соборени во Свети Николе
Сигурна победа забележаа светиниколци во мечот со кошаркарите на Карпош Соколи, директниот конкурент за шестото место, кое води во плејофот на Првата лига. Ова беше последниот меч од 10. коло. Предводени од сигурните Ристиќ и Бошко Ивковиќ, помогнати и од новакот Марјановиќ, кошаркарите на Овче Поле во ниеден момент не дозволија неизвесност за конечниот резултат и дојдоа до нови два бода. Кај гостите, единствено Нури беше расположен за игра.
ОВЧЕ ПОЛЕ - К. СОКОЛИ 93-80
Сала Цар Самоил , гледачи 500, судии Мицевски, Терзиевски, Павлов од Скопје. Делегат Крстевски, Куманово. Резултат по четвртини: 21-14, 22-21, 21-13, 29-32Овче Поле: Т. Ивковиќ 5, Младеновиќ 8, Нушевски 5, Стојанов 2, Лиотиковски, Караџов, Марјановиќ 16, Ристиќ 20, Наумов 2, Павловиќ 4, Б. Ивковиќ 18, Михајловски 13. Карпош Соколи: Саздов 5, Димовски, Јованчев, Миленковиќ, Митков 4, Ристов, Георгиевски 18, Јоловиќ, Димитровски 1, Нури 35, Дишлиев 12, Гајдаџиев 5.