На што се базира бугарската пропаганда?

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Bо 1018 г. Македонија, Србија, Црна Гора, пола БиХ потпаднале под византиско ропство и Византија ги сместилоaво нова тема која ја нарекле Воулгариа. Бугарите мизерно лажат и ги искривуваат средновековните византиски извори кои говорат за тема Бугарија и Бугари, демек зборуваат за етнички бугари и вистинска Бугарија. При тоа, не спомнуваат дека истите тие византиски извори под бугари и Бугарија во склоп на Византија ги подразбираа и останатите жители на темата Бугарија- србите, црногорците и босанците.

Тема е византиска воено-административна област потчинета на Византија т.е. Романија. Вистинското, изворно име на Византија е Романија.

Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, но не и етнички.

Tака, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина се сместени во тема Тракија, а жителите на Тракија биле нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.




Печат на темата Воулгариа, со седиште во Скопје. За Византијците Бугарија била само област, а не етногеографска област, со цел асимилација на нејзините многубројни етнички групи. Византија намерно ги менува етногеографските имиња на териториите со нови, туѓи, па така тема Македонија станува географска област Тракија, а тема Паристрион-Мизија станува права Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари; затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).


Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите" од денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија. Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгароc).

Белграѓани прикажани како Бугари (жители на тема византиската тема Бугарија), Скилица 11 век


Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"
(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија ИИИ, папка ИВ.)


"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), вели дека сите жители од Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија биле бугари - жители на тема Бугарија (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171). .


Е ова, бугарските мизерни историчари го користат за да докажат дека Македонците биле бугари, но СЕКОГАш забораваат да спомнат дека под бугари се подразбираат жителите на византиската тема Бугарија и хрватите, црногорците, босанцитем, србите...
 
F

FilipMacedon

Гостин
Битушанец просто е за да сватиш зошто и на што се базира.

Се е започнато по осамстојувањето на Србија,Грција и Бугарија кои знаат дека Османлиите имаат нестабилна власт во Македонија па така се засилуваат пропагандите од секаде.

Едноставно на нас ни перат мозок заради територијални претензии кои се подржувани од светските сили.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Tocno e toa.

Mojata tema e vrz sto Вugarite ja zasnovaat nivnata propaganda.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Ама вјарно е глупост. След като Пет'р Делјан е коронјасан в Белград, значи не може да б'де б'лгарин. След като Св. Панталејмон и Св. Наум са в Република Македонија, то не е в'зможно да са били построени от Борис I Михаил. Смешно!!!
В крајна сметка б'лгарите нјамат никакви исторически спорове с'с с'рбите или черногорците, г'рците или рум'нците, х'рватите или албанците. Не отричаме историјата на с'седите заштото сите учим една историја - тази којато знае и останалија свјат с едно изклјучение. Ние сме народи с изразена идентичност и международно призната историја.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ние сме народи с изразена идентичност и международно призната историја.
Точно сте си признале дека сте турко-татари, кој ке ти прави проблем ???
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Абе никој оште не ми е показал историја или енциклопедија като Британика или Ларус, в които пише дека б'лгари и татари са едно и с'што.
Ти ште ми покажеш ли? Хајде, чакам те!!!
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Тоа се бара кога нема да имаш бугари кои си признале дека се татари, а кога целиот народ си го признава Аспарух како татко, што има јас да барам и да им оспорувам?!

На погрешна адреса бараш, ама кога ти дремеш на овој македонски форум, тогаш јасно дека ти си македонско семче па те боли татарскиот дел од тебе.

Како да ти помогнеме, гревче едно? :toe:
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Да, Аспарух го почитаме и нјама ништо срамно в това. Имаме си историја и се гордеем с неја. Цјал свјат ја знае, но никој не ни нарича татари. Зашто ли?:baeh:
 
Член од
9 мај 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Без Македонија вашата историја може да ја собере на еден обичен лист хартија,а истото важи и за другите земји на балканот.

Вие (Бугарите) тврдите дека цар Самоил е Бугарин, Албанците тврдат дека Ѓорѓија Кастриот е Албанец, Србите тврдат дека Марко Крале е Србин и да не ги заборавиме Грците кои го посвојуваат Александар Македонски, а тука се и другите македонски херои кои имаа секаква националност освен македонска.

Дајте бе луге, признајте веќе еднаш, без Македонија вие немате никаква историја.
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Bо..... Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"
(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија ИИИ, папка ИВ.)


"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), вели дека сите жители од Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија биле бугари - жители на тема Бугарија (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171). .


Е ова, бугарските мизерни историчари го користат за да докажат дека Македонците биле бугари, но СЕКОГАш забораваат да спомнат дека под бугари се подразбираат жителите на византиската тема Бугарија и хрватите, црногорците, босанцитем, србите...
Потомците на жителите од темата Македонија - Одринско не употребуваат цитати како биле они нарекувани во тоа време за да се идентификуваат во историјата ..... па така да рефлексно реагираат ако е некој од тој простор е наречен “Словен“ или пак Смолјанец .... тогаш по автоматизам е Бугар, ако е наречен Македонец .... е тогаш е според името на темата.

Бугарска работа, не ни мора да бидат наречени Бугари, они сепак ќе си го протолкуваат како што си сакаат. Па така да имам разбирање ако еден ден и Арбанасите ги прогласат за Бугари.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
За албанците си сбориш?
Не се притеснјавај, с тјах нјамаме ништо обшто. Обштото е дека и б'лгарите и албанците си имаме идентитет и сме најасно с'с својата историја.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Не сте на јасно.

Ние си ја бараме историјата меѓу Пелазгите, Македонците и Илирите , а вие си го барате коренот меѓу Казан, Хинду Куш и Улан Батор...
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Павле, па аз като чета и вие сте хем пелазги, хем антички македонци, траки, епирци или славјани. Чел с'м много световни енциклопедии, там п'к все се споменава обштото ви минало с б'лгарите. Така им е нај-лесно да објаснјат какви сте, сигурно заштото и те се чудјат какво да напишат.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Светските енциклопедии воглавно се држат до официјалната историја на државата за која пишуваат. Може да бидат корисни за почетник, но, за подлабоко - оди на изворот.

Никој нема проблем со заедничкото минато. Специјално во времето на преродбата и ВМРО. Но, ако одиш кај Аспарух, Омуртаг и Тревел, тешко да ќе не повлечеш и нас.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Баталете бугариве они ти се на којзнае какви печурки. Не се занимавајте више со нив.

Не се вредни за да се занимаваме со нив. Јас стварно незнам више што име на луѓево? Па не е ова 19-ти век, па да се активни пропагандите по старо, каде Македонецот не знаел што е, како е.

Они имаат комплекс на нижа вредност и затоа се тука по нашите форуми. Ваљда не сматраат за виша раса, јбг, незнам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom