bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Bо 1018 г. Македонија, Србија, Црна Гора, пола БиХ потпаднале под византиско ропство и Византија ги сместилоaво нова тема која ја нарекле Воулгариа. Бугарите мизерно лажат и ги искривуваат средновековните византиски извори кои говорат за тема Бугарија и Бугари, демек зборуваат за етнички бугари и вистинска Бугарија. При тоа, не спомнуваат дека истите тие византиски извори под бугари и Бугарија во склоп на Византија ги подразбираа и останатите жители на темата Бугарија- србите, црногорците и босанците.
Тема е византиска воено-административна област потчинета на Византија т.е. Романија. Вистинското, изворно име на Византија е Романија.
Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, но не и етнички.
Tака, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина се сместени во тема Тракија, а жителите на Тракија биле нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).
Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.
Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.
Печат на темата Воулгариа, со седиште во Скопје. За Византијците Бугарија била само област, а не етногеографска област, со цел асимилација на нејзините многубројни етнички групи. Византија намерно ги менува етногеографските имиња на териториите со нови, туѓи, па така тема Македонија станува географска област Тракија, а тема Паристрион-Мизија станува права Бугарија.
Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).
Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари; затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите" од денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија. Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгароc).
Белграѓани прикажани како Бугари (жители на тема византиската тема Бугарија), Скилица 11 век
Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"
(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија ИИИ, папка ИВ.)
"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), вели дека сите жители од Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија биле бугари - жители на тема Бугарија (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171). .
Е ова, бугарските мизерни историчари го користат за да докажат дека Македонците биле бугари, но СЕКОГАш забораваат да спомнат дека под бугари се подразбираат жителите на византиската тема Бугарија и хрватите, црногорците, босанцитем, србите...