F
Foxy`BuTTerFLY
Гостин
Пред два дена австриец ја признава својата вина. Тој 24 години ја држел својата ќерка,денес 42 годишна, во подрумот на својата куќа, каде што со тек на време и направил нешто слично на стан, со кујна,купатило дневна и спална.Прв пат ја силувал на 11 години, и на 18 години тој ја намамил во подрумот каде што до пред два дена ја држел.Девојката родила 7 деца од својот татко. Тој пак, ја принудил да напише писмо во кое стои дека е избегана од дома. 3 од 7те деца тој скришно ги оставал на својата порта со писмо (напишано од девојката) дека таа нема услови да ги чува и ги моли родителите да се грижат за нив.Другите три живеат во подрумот заедно со својата мајка а едно починало поради лошите хигиенски услови при пораѓајот. Неговата жена,мајката на девојката тврди дека не знаела ништо.
Единствен сличен случај во историјата на Австрија е оној на Наташа Кампуш, која пред две години успеа да избега од својот киднапер,В.Приклопе, кој 8 години ја држеше во својот подрум.
Приклопе извршува самоубиство пред очите на својата жртва кога таа бега од куќата.Наташа моментално нуди терапија за 42 годишната.
мислите дека ваквио работи би почнале да се случуваат тука во Македонија? Или веќе се случуваат но не излегуваат на виделина?