Македонија под српска окупација

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
МЕРКИ НА ЗАСИЛЕН ТЕРОР ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА 1913 ДО СЕПТЕМВРИ 1914 ГОДИНА

Проширувањето на теророт, денационализаторскиот притисок врз населението во Македонија, како и грабежите, посегањата врз честа и достоинството на македонската жена од страна на големосрпската окупаторска власт биле не само главна причина, туку во нив се крие и директниот повод за избувнувањето на погоре споменатите војнички бунтови во април и септември 1914—1915 г. Погрешно ќе биде разбирањето, ако обопштено му се сервираат информациите за овие два историски и чисто македонски настани.
Бунтовите во Крагуевац и во Овче Поле се раѓаат и се развиваат како резултат на незадоволството на македонскиот човек. И водачите на бунтовите произлегуваат од средината на народот и затоа овие војнички бунтови носат белег на чист македонски народен револт. Нивните водачи не се од редот на комитите, ниту се избирани на конгрес и слично. Бунтовите избиваат спонтано, но громоглаано и за одбрана на својот гол живот, како и животот на своите блиски: мајка, татко, жена, деца и слично. Во прилот на тоа може да се набројат голем број примери преку кои, макар и наивно да се гледа на работите, ке се следи нишката на зародишот, развлекувањето на причините за овие строго целни и национални незадоволства. Еве неколку примери за тоа:

„Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско) дојде Јован Бабунски со толема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2-3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”

Уште попотресни случаи се одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден „Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете населени места се дознава: „Се случи во 1914 година кога српските жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска. Една група од 7-8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска. Дојдоа по други, но ниту еден од 1от набор не сакаше да прифати покана за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите војници од I набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата за војска. За да ги спречат младите да не бегаат, Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева, Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Илков, Гиго Василев Камчев, Тоце Јанев Шалев, Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете, главите… Другите тринаесетмина ги измачуваа во просториите на поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски. Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров забележал: „Штом четниците на Јован Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но сепак гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол, беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува. Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа. Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учителот се сврте кон нас и пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на домашните што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”. гробницата ја открија кучињата, по крвта. На сличен и свиреп начин во месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле, односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани.
Четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец, во Кочансковиничкиот регион. Од бележникот — опомените на монахињата баба Кирикија може да се види како четниците и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Монахињата од Берово во своите спомени се потрудила да ги забележи имињата на сите масакрирани граѓани и тоа: Нико Трендов, Ефтим Чашлапков, Јордана (Ордана) попИванова Тренчева, сестра на Нико Тредчов, Никола Иванов Фиданков, Георги Иванов Прдлев, Јован Црцвв, Ефтим Тренчов, (Аце), син на Нико Тренчев, Софија Јов. Петрова, Султана Јантинска (веројатно се работи за жената и мајката на Ефтим Чиплаков), Георги Двојаков, Гаврил Грков, Гаврил Пецов, Јане Кофчегарски, Илија А. Кофчегаров, Јана Иванова Телеграфчиева, Елена Иванова Кофчегарска, Никола К. Манов, Атанас Иванов, Ефтим (Тимо) Ценев, Мехмедоџа, Глигор Кирачев, Никола Миличин, Михаил Кржевски, Гаврил Ников и др. вкупно 27— 30 души.

Овие затвореници биле изложени на толку морничави измачувања, кои и денес, по толку изминати години потресно дејствуваат и се пренесуваат од постарите на помладите поколенија. Имено, обвинети, како поранешни членови на Комитетот за евакуација на населението за време на Првата балканска војна, и како сегашни членови на Комитетот за прифаќање на воени дезертери и префрлување на бегалци во Бугарија и во Струмица, четниците и жандармите ѕверски се нафрлиле врз нив и ги парчосувале на делови, а од крвта биле флекосани скоро сите простории на црквата во Берово. Штом поминало ова зло, соседите на црквата „Света Богородица”, уште наредниот ден по масакрот, потајно проговориле за начинот на кој биле ликвидирани жртвите. Всушност, поголемиот број од нив биле испотепани уште за време на распитот. На секоја од жртвите имало по четворица до пет џелати. Ги фаќале за рацете и нозете и така замавнувајќи, им ги разбивале главите од ѕидовите на црквата. Наредниот ден по злосторството, соседите што живеат околу црквата нашле делови од истечените мозоци по подот и по ѕидовите на црквата.
Два до три дена по злосторството, од страв да не ги снајде иста судбина, во Бугарија и во Струмица пребегале: 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 22 од Ратево, 50% од населението на с. Русиново и 10—15 семејства од селата Владимирово и Мачево.
По овој настан, црквата „Св. Богородица” во Берово не ја посетувале верниците, се до летото 1924 година, кога по втор пат била осветена.
Српските четници и жандармите со посебна жед за одмазда се пресметувале особено со свештевиците и учителите кои живееле во пограничните краеви спрема Бугарија. За потврда на тоа зборуваат неколку изворни документи. Иако куси по содржина, тие даваат јасна слика на мачителите и на мачениците. Еве што е забележано во
еден од нив: „И во с. Бладимирово во 1914 г. еден крвав настан е познат под името „клање на поповите”. Имено, во 1914 г. е заклан поп Јован Мирчев. Тој е сечен на парчиња, а деловите се собрани во вреќа и така е погребан. На ист начин е убиен и поп Јован Зрлев и питропите Лазар Бакалски и Наце Крстев, потоа Мите Кушов (Кушето) и Мите Крланоки. И овој настан се одиграл но пролетта 1914 година”.

Додека во врска со масакрирањето на свештениците: поп Димитри (поп Ефтнм) од с. Мачево, поп Георги Чепарков, Петре Поп — Георгиев, поп Атанас Пантев од с. Митрашинци, поп Костадин Ковачев, поп Манасие, Илија Георгиев, Коста Поп — Ефтимов (Жежовски), Иван Христов, Коле Христов, Стојан Митев и Спиро Митев, сведокот баба Господинка Ковачева (Ковачка) раскажала: „Откако ги затворија не можев ниту да спијам ниту да јадам. Седев и размислував, што толку згрешиле за така да им прават. Писоци и офкање како од под земјата слушав до доцна во ноќта. По едно време ги извлежоа од црквата во дворот и ги натераа да копаат дупка. Сфатив оти гробот си го копаат, самите тие морници ми го зафатија целото тело и почнав да се молам на Бога за нивните души. Копаа, копаа, копаа и пак (ги внесоа во црквата, па си помислив, сигурно се наситија и ќе ги остават. Но пак писоците се слушаа од внатре, некаде по полноќ гледав како пак ги влечат во дворот, но веке никој од нив не можеше да стои на нозе. Од нивното последно офкање се исплашив. Како вреќи полни со нешто ги фрлија во дупката (тробницата) што самите си ја ископаа, и фрлаа земја врз нив. Ги напрегнав ушите колку што можам повеќе, но веќе и офкањето не го слушав. Душа куртули само поп Јован на кого му помогна Ирина Кушовска. Тој се беше преправил во жена и со скривна пушка под фустанот побегна. Гробницата ја отворивме по две недели, кога нивните унакажани тела се уште беа цели”.

Паралелно со убивањето на свештениците, двајцата клисари, младинците Илија, Иван и Коле во селото Разловци поради масовното дезертирање од српската војска и бегањето во Бугарија, до смрт биле тепани и жените Спасуна Георгиева и Петра Чолачка, како и свештениците поп Јован и поп Манасие.
Од сведоштвото на Ковачка паѓа во очи дека свештеникот Манасие на двапати се спомнува, еднаш како убиен и вторпат како многу тепан. Од друга извори се дознава дека селото Разловци во периодот меѓу 1913—1915 г. дало поголем број жртви на твророт од оние што се содржат во кажувањето на Гооподинка Ковачка. Имињата на жртвите се: поп Костадин, Костадин Жежов, Ефтим Ковачев, Атанас Донивски, Атанас Петров, Захариј Гоцев, Георги Цинцев, Спиро Манчев, Бфрем Симеонов, Ангел Донински (беследно исчезнал), Иван Донински, Христо Цинцев, Васил Донински, Костадин Аврамов, Костадин Џоцов (осакатен) и Мите Доневски. Покрај ова, според вториот извор, во селото Разловци, во тој период, жандармите опожариле три куќи.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
По наредба на командантот на „Црната рака” Воин Поповиќ, четниците на Јован Бабунски, жандармеријата и специјалните воени единици во Малеш и Пијанец во пролетта и летото на 1914 година убиле, претепале и уапсиле неколку стотици мажи, жени, деца и старци. Така :на пример, во втората половина ва август 1914 г. во Каменичкиот крај, во селата: Каменица, Саса, Дулица, Моштица, Луковица, Тодорово, Цера, Бигла, Илиово, Костин Дол, Драимче, Главовица, Косевица и други, српските потерџии, најблаго речено, му отвориле незванична војна на населението. Само во оваа хајка биле тепани, затворени и убиени повеќе од 200 души, мажи, жени и деца, меѓу кои и две групи воени дезертери од Штипако, Радовишко и Овчеполието. Првата прупа броела 95, а втората 27 де зертери. За време на овој поход низ Осоговијата, војниците и жандармите изнасилиле и поголем број жени и девојки.

Жестината на овој истребувачки поход ја почувствувале и населените места во Кочансковиничкиот регион. Еден современик роден во с. Оризари, Кочанско, оведок на теророт, од кој била проголтана и неговата сестра, соошптува: „На двапати селото беше сардисано исто како да беше војна. Во летото 1914 г. сите бевме извлечени од куќите, ги доведоа и оние од оолето и не собраа во местото во горниот дел од реката што го викаме „Врбите”. Тука бевме запленети, од најмалото дете до најстарите луѓе во селото. Во почетокот мирно не испитуваа за да кажеме каде се избеганите војници. Сите ги наведовме главите бидејќи немаше и што да кажеме. Прво ја фатија дода Магда и почнаа да ја тепаат со дрва што ги исекоа од шумата. Од (Многу тепање таа падна во бессознание.
По неа почнаа нас да не тепаат, кој оо што може. Многу го тепаа по главата, грбот и по нозете поп Милан. Сиромавиот не можеше да издржи, подлегна на повредите и предаде душа, додека Зашо Митров (Митев), Атанас Пресечки и Гаврил Ананиев ги одвлекоа со нив и ги парчосале во месноста „Длабоки Валог”.


На големи измачувања од четниците на Јован Бабунски биле изложени и голем број селани, односно жени од кочанокото село Грдовци. „Во нашето село на сите им е познато тепањето на жените и на Јован Донев, кое нешто се пренесува од генарација на генерација како приказна. Селото беше сардисано од сите страни, од четници и жандарми, мислејќи дека на тој начин ќе ги фатат избеганите војници од српската војска. Кога не најдоа скоро ниту еден од оиие што ги бараа, го фатија Јован Донев, го положија на земјата, по двајца жандарми и четници му ги газеа рацете и нозете, а останатите по ред го тепаа со едно дрво. Од многу ќотек телото му беше деформирано, лицето унакажано и човекот умре. Агнија
Андонова ја удрија со стап само двапати. Додека Пракса Гаврилова, Митра Симеонова, Фима Симеонова и Велика Јованова Гаврилова од многу ќотек беа помодрени. Пракса ја тепаа поради нејзиниот маж Коле Гаврилов и деверот Јане Гаврилов, Митра поради мажот Симеон, Димитров (ополченец), Фима заради Спиро и Јован Симеонови, а Велика ја тепаа поради Јован Гаврилов. Сите споменати беа побегнале. Жените беа толку тепани, што не можеа на козе да застанат и целите беа во рани. За да се излечат ги завивавме во кожи полни со леб измешани со катран. Катранот навистина ги смируваше болките, но не можеше да ги затвори и длабоките рани. Сите жени умреа од последица на добиените рани. Четниците и жандармите не се задоволија само со тоа, туку опожарија и 15 куќи во селото: на Велко Соколов, Ст. Ангелов, Иван Стојчев, Ттанаска Јанева, Атанас Алексов, Стојман Стоилков, Атанас Стојменов, Велко Симеонов, Атанаска Петрова, Стоил Тасев, Мите Палнов, Јован Паунов, Иван Стојменов и на Коле Трајков. По овој настан омразата порасна уште повеке.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ок, да и дадеме на темава атмосфера на историска дискусија...да не затераме 2001, косово и тн.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Вака една работа..Како што кажуваат постарите, нам под српско не ни било ниту малку поарно од турско,бугарско итн..Мој прадедо е убиен од сврбите, поради тоа што се викал Србин..Си одел прадедо ми од напазар и го запреле сврбите и отприлика вака се одвивал разговорот:

српскиот џандар:Како се зовеш?
пра пра дедо ми:Србин...
српскиот џандар:Па сви смо ми срби, ти како се зовеш...
пра пра дедо ми:Србин се викам...
српскиот џандар:Јер сам ти рекао..Сви смо ми срби, ти како се зовеш...
И настанала препирка, по која дедо ми на крајот е убиен, мислејќи дека си игра мајтап со србите...Како прво, неговиот кум не знам што мислел на Македонец да му дава такво име,..Затоа мислам дека србите не се ништо подобри од грциве и бугариве..
Да не си разбрал погрешно...
Сигурно дека нема да го убијат поради името имињата се православни, можеби заради презимето, сепак морало тие времиња да се има на презимињата и додавката "иќ"..друго.....да не го малтретирале поради тоа што не носел шајкача туку качкет?
Во тие времиња, и мојот дедо бил жив, ми има кажувано, забрането било да се носат качкети...тие македонските капи, морале шајкачи да носат.....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Да не си разбрал погрешно...
Сигурно дека нема да го убијат поради името имињата се православни, можеби заради презимето, сепак морало тие времиња да се има на презимињата и додавката "иќ"..друго.....да не го малтретирале поради тоа што не носел шајкача туку качкет?
Во тие времиња, и мојот дедо бил жив, ми има кажувано, забрането било да се носат качкети...тие македонските капи, морале шајкачи да носат.....
Презимето му било Цветановски...Не гледам што проблем би имале со тоа..Мислеле дека се зафркава со нив...Викаш со тоа ски?Нема врска тоа...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Презимето му било Цветановски...Не гледам што проблем би имале со тоа..Мислеле дека се зафркава со нив...
Добро јас само прашувам........зошто ме интересираше ова што го кажа...
А за тоа со ски, не би рекол дека нема врска тоа.. Инаку мене ми има кажувано и дедо ми како ги малтретирале во школо...



Морале задолжително да носат шајкачи на главите, ако не носеле го јаделе стапот, им ги сушеле рацете со прачки.....
Друго не смееле да зборат на македонски тоа било забрането, не смееле да носат качкети
И ми кажуваше една случка дедо ми што ја памти и ден денес..
Еден ученик од негов клас, бил прашан од професорот нивни, како се собира, како се множи и.т.н.
И овој одговорил дека незнае..
И овој му рекол..
"Па јебем ли ти бога...."
И тоа што бил инструментот што го имал професорот за да ги учи децата како да собираат го фатил и му го лупнал од глава тој инструментот, ама ептен јако го лупнал и после тоа кажуваше дека го терал да седи пола саат на коленици на пченка(изронета пченка)
Тоа ужасно боли......
Друго вика доста Македонци тие времиња биле затварни поради ова што го кажав...ако не носеле шајкачи и ако не зборувале српски....го кркале дебело.....
Инаку од вкупно 12 000 жандрамерија во цела Југославија, 8000 биле само во Македонија........а и имало доста колонисти тие времиња.....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
А за тоа со ски, не би рекол дека нема врска тоа.. Инаку мене ми има кажувано и дедо ми како ги малтретирале во школо...
Борг, другар..Сево е вистина..Сакав да кажам дека тоа со ски нема врска со случајот со дедо ми, а знам дека многу луѓе имаат загинато од србите заради тоа ски во презимето..Знам дека и тоа му сметало на србите..Ама нејсе, нив ги стигна Божјата Правда.Верувај, не е далеку и за другиве грешни комшии...Ќе платат се што сториле...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Петар Карастојановиќ , генерален консул на Кралството Србија во Солун – на Драгутин Франсовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.



Господине Министре,

Чест ми е со ова да Ве известам за католичката пропаганда во овој Вилает, како и за тоа колку од православното население ја примило мухамедовата вера, јас заради полесен преглед, истото табеларно го изнесов.
Во оваа прилика морам да констатирам една чудесна појава, а тоа е дека сите кои и пришле на католичката црква и мухамеданската вера, потпаднале под ексархатот, оние пак кои стојат под Цариградската Патријаршија, се во многу незначаен број.
Не е нужно да додадам дека пропагандирачкит католицизам многу пари расфрла, тоа се подразбира самото по себе, но има и едно многу корисно средство, а тоа е што на МАКЕДОНЦИТЕ им се пропроведа дека под нивната закрила и НИВНИТЕ НАРОДНИ ПРАВА КАКО И ЈАЗИКОТ ЌЕ ИМ СЕ ЗАЧУВААТ И СО ОВОЈ НАЧИН СИЛНО УСПЕВААТ.
С п и с о к
На селата во казите Гевгелиска и Аврет Хисарска за покатоличените и потурчените МАКЕДОНЦИ
Село Покатоличени домови Село Потурчени домови
Сеово 90 Сеово 20
Шлопину 40 Стојаково 10
Моијн 60 Богданци 100
Ѓијавато 40 Пренос. 130
Грчица 40
Мравинци 30 ( з.н – Марвинци ?)
Балинци 20
Пирава 60
Стојаково 190
Бајлусе 70
Калиново 53
Мијалово 25
Богданци 240
Гаваланци 27
Драгомирци 90
Беглерија 20
Коџамарлија 40
Аврет Хисар 35
Даумалија 20
Пренос. 1.190.

Пренос 1190
Крецово 75
Грабашељ 26
Ново Село 20.
Хрсово 75
Ираклија 40
Кукуш 900.
Грамадна 90
Неманци 30
Мутолово 150
Алексово 50
Росилово 40
Марарци 120
Темница 60
Планиница 60
Лелово 50
Междерек 40 Пренос 130
Горен Модорец 150 Кукуш 60
Долен Модорец 100 Марарци 40.

Вкупно 3.246 Домови Вкупно 230 дом.

Ова е список на села, како што стоеја до пред три години од тоа време, па наваму, одпаднаа и пак се вратија во православието 2060 домови, кога истиот број ќе се одземе од 3246 остануваат уште покатоличени 1136 куќи, денешната состојба, ја изнесувам во следниот преглед.

27-II-88

С п и с о к

Села и домови, вратени од католицизмот, на православието

Села. Број на домови

Сеово 65
Моијин 30
Ѓијавато 25
Грчица 40
Беглерија 20
Крецово 75
Хрсово 75
Кукуш 800
Грамадна 90
Неманци 30
Мутелово 150
Рошлово 40
Морарци 80
Богданци 230.
Планивница 60.
Горен Модорец 150.
Долен Модорец 100.

Вкупно 2060 Дом. Ова.

Приметба
Преминати Егзархат.
Дов. No 154

Примите Господине Министре мое уверување за одлична почит кон Вас.
Понизен,
П.М.Карастојановиќ
Генерален консулат на Кралството Србија во Солун.
Дов. бр. 9
18. февруари 1888 година
во Солун

( Извор – Оригинал. Архив Србије, МИД ПО ф. II, досие IV Дов. бр. 154 / 1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :

1. покрај бугарската, особено присутни се и верските пропаганди – муслиманската и католичката пропаганда среде Македонија и Македонците.

2. Доказ повеќе за непомирливоста на македонскиот народ со бугарската пропаганда е што сите кои се среќаваат со истата, по потпаѓањето под бугарската црква и согледувањето на вистинското и лице, попрвин одбирале да се префрлат на ислам и католицизам одошто да останат под бугарската црква.

3. Католицизмот фрла големи пари во Македонија, но српскиот конзул гледа “опасност” во нешто кое го нарекува нивно “корисно средство“ ( “…тоа е што на МАКЕДОНЦИТЕ им се пропроведа дека под нивната закрила и НИВНИТЕ НАРОДНИ ПРАВА КАКО И ЈАЗИКОТ ЌЕ ИМ СЕ ЗАЧУВААТ И СО ОВОЈ НАЧИН СИЛНО УСПЕВААТ.”). Со ова српскиот конзул признава дека католицизмот успева заради ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и неговата посебност. И не е ни чудно што Србите по ова ќе се обидат со истиот метод на првично привидно признавање на македонскиот народ, да го придобијат за својата кауза.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Господине Министер,
Пред неколку дена ми се јави заедно со Н. Евремовиќ, Панто Кондиќ родум од Прилеп, бивш ученик на солунската бугарска гимназија во VII одделение на тамошната гимназија, со молба да се испрати во Србија, за да таму го продолжи учењето. Рече дека сега во јануари заедно со уште 18 ученици е исклучен од VII одделение на тамошната гимназија оти – според неговите зборови – што НЕ САКАЛЕ ДА РАБОТАТ НА БУГАРСКИ ЈАЗИК туку ОТИ САКААТ ДА ИМ СЕ ПРЕДАВА НА НИВНИОТ ДОМАШЕН МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ.

Бидејќи мене за тоа г. Карастојановиќ ништо не ми јави, не можев ништо друго да направам туку да го упатам овде да чека, давајќи му некој мал поклон, или да оди назад во Солун, а јас одма му пишав на г. Карастојановиќ за да ме извести за тој случај кој е интересен. Ќе видам што ќе ми одговори. Прашањето е што да се превземе во вакви прилики? Мене ми се чини добро да се упати младичот во Белград и да се подржи таму да изучи и српски да научи. Би ве молел Вас да ми дадете упатства и наредба за патни трошоци.

Во оваа прилика, да чепнам е една работа, многу потребна за оваа дејност. Би требало (а во другите претставништва е всушност така) да за овие прилики претставништвото има на располагање барем неколку стотини динари. Ако во вакви прилики, кои се секако во интерес на Србија, понешто се пружа или на пат или за опстанок, може повеќе да се очекува за иднина. Инаку и првите обиди ќе замрат без последици, а ние во свое време во дадената прилика ќе трламе раце и ќе се каеме. Би Ве молел, да за оваа промислете и да што и да наредете, ако е некако возможно.

Со одлична почит Ваш

Претставништво на Кралството Србија во Цариград Ст. Новаковиќ
Дов. бр. 33 Февруари 1888 година во Цариград

(извори – Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие IV, Дов. бр. 134 /1888 ; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889 )



__________________________________________________________________________

Ова најдобро докажува дека македонизмот не се јави како резултат на српски “тајни проекти”, но избувна како резултат на бугарската пропагандна пресија а се испрофилира кога ќе ги увиди и разликите со србизмот, со кого дотогаш немаа подиректен допир (со бугаризмот Македонците имаат директен допир зашто Бугарија ја има црковно-училишната надлежност над Македонија).
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Greshish ako mislish deka gi negiram makedoncite. Da se navratam na mojot prv post... Makedoncite ne bile gledani kako makedonci od strana na onie koi gi vrshele spomenatite zlostorstva. Barem ne kako onakvi, kakvi shto denes nie gi podrazbirame. Po konkretno, zdravje.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Greshish ako mislish deka gi negiram makedoncite. Da se navratam na mojot prv post... Makedoncite ne bile gledani kako makedonci od strana na onie koi gi vrshele spomenatite zlostorstva. Barem ne pod ona shto denes nie go podrazbirame kako makedonci. Po konkretno, zdravje.
Па сите тоа го знаеме..Сите знаеме дека татарите, циганиве и оние од четата на Пахомије дека никогаш не не признавале како Македонци, ама јас си знам што сум, и не ми треба тие да ми признаат што сум..Ти си напиша како мислиш
koj ne bile gledani kako treta strana (ushte pomalku kako nevina), i plakjale so krv radi kolenjeto na nevini bugari i srbi nadvor od Makedonija. No, za zal, nikogash kako makedonci.
Биле гледани од бугарите и србите, но од мене секогаш биле гледани како Македонци.Зарем некој треба да ми признај мене и да ми одобри дека сум Македонец?Јас сам си знам што сум,не треба некој да ми објасни од татаро-српскиве инсталации што сум,и како кој гинам..Јас и да загинам утре, ќе загинам за Македонија..Јане Сандански загина од татарска рака, повторувајќи дека е Македонец, иако сега татарите го слават како нивни народен херој..Тие можат како сакаат да си го слават, но вистината е една - ЈАНЕ САНДАНСКИ БИЛ МАКЕДОНЕЦ,и УМРЕЛ КАКО МАКЕДОНЕЦ и точка..Голема колку планина
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Па сите тоа го знаеме..Сите знаеме дека татарите, циганиве и оние од четата на Пахомије дека никогаш не не признавале како Македонци, ама јас си знам што сум, и не ми треба тие да ми признаат што сум..Ти си напиша како мислиш
Биле гледани од бугарите и србите, но од мене секогаш биле гледани како Македонци.Зарем некој треба да ми признај мене и да ми одобри дека сум Македонец?Јас сам си знам што сум,не треба некој да ми објасни од татаро-српскиве инсталации што сум,и како кој гинам..Јас и да загинам утре, ќе загинам за Македонија..Јане Сандански загина од татарска рака, повторувајќи дека е Македонец, иако сега татарите го слават како нивни народен херој..Тие можат како сакаат да си го слават, но вистината е една - ЈАНЕ САНДАНСКИ БИЛ МАКЕДОНЕЦ,и УМРЕЛ КАКО МАКЕДОНЕЦ и точка..Голема колку планина
Nema potreba tolku da se vozbuduvash.:smir:
Sepak, za da se razbere konkretnava tema treba da se sogledaat site strani, a posebno pogledite na onie koi gi napravile zlostorstvata. A vo toj sluchaj, toa shto jas i ti si znaeme koi sme- ne e dovolno.
Taka i delot kade shto go izrazuvash revoltot radi toa shto nekoj ne te priznava/l, kako takov, e podednakvo nerelevanten so mojata poenta.:toe:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Пра дедо ми се борел на Српска Страна во Балканските војни и мислам (но не сум сигурен) и во Првата. Како многу добар војник на српската војска (најверојатно кажал по грешка дека е Македонец) е утеран упм и иселен од родното село да ја колонизира Војводина. До ден денешен имам роднини таму, ни и тие знаат што се... сите знаеме дека сме Македонци... + името му било сменето од ски на ич.
На крајот си умира како слаткар...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom