TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
МЕРКИ НА ЗАСИЛЕН ТЕРОР ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА 1913 ДО СЕПТЕМВРИ 1914 ГОДИНА
Проширувањето на теророт, денационализаторскиот притисок врз населението во Македонија, како и грабежите, посегањата врз честа и достоинството на македонската жена од страна на големосрпската окупаторска власт биле не само главна причина, туку во нив се крие и директниот повод за избувнувањето на погоре споменатите војнички бунтови во април и септември 1914—1915 г. Погрешно ќе биде разбирањето, ако обопштено му се сервираат информациите за овие два историски и чисто македонски настани.
Бунтовите во Крагуевац и во Овче Поле се раѓаат и се развиваат како резултат на незадоволството на македонскиот човек. И водачите на бунтовите произлегуваат од средината на народот и затоа овие војнички бунтови носат белег на чист македонски народен револт. Нивните водачи не се од редот на комитите, ниту се избирани на конгрес и слично. Бунтовите избиваат спонтано, но громоглаано и за одбрана на својот гол живот, како и животот на своите блиски: мајка, татко, жена, деца и слично. Во прилот на тоа може да се набројат голем број примери преку кои, макар и наивно да се гледа на работите, ке се следи нишката на зародишот, развлекувањето на причините за овие строго целни и национални незадоволства. Еве неколку примери за тоа:
„Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско) дојде Јован Бабунски со толема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2-3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”
Уште попотресни случаи се одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден „Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете населени места се дознава: „Се случи во 1914 година кога српските жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска. Една група од 7-8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска. Дојдоа по други, но ниту еден од 1от набор не сакаше да прифати покана за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите војници од I набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата за војска. За да ги спречат младите да не бегаат, Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева, Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Илков, Гиго Василев Камчев, Тоце Јанев Шалев, Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете, главите… Другите тринаесетмина ги измачуваа во просториите на поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски. Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров забележал: „Штом четниците на Јован Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но сепак гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол, беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува. Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа. Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учителот се сврте кон нас и пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на домашните што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”. гробницата ја открија кучињата, по крвта. На сличен и свиреп начин во месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле, односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани.
Четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец, во Кочансковиничкиот регион. Од бележникот — опомените на монахињата баба Кирикија може да се види како четниците и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”