Компљуторски :)

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Прават муабет двајца програмери.
И едниот му вика на другиот "абе знаеш имам еден проблем... нејќе да ми се дигне".
Другиот " а проба ли во Safe mode"?
 

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
Муабетов е за во комфљуторски:

Едно типче го прашува другото типче:

абе брат, имаш драјвери за мауспад??

lol, lol, lol :) :)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Еве еден виц:
Си биле англичанец, французин и Бил Гејтс. Се возеле во кола и одеднаш колата им застанала на сред автопат.
Англичанецот вика: да провериме да не откажал карбураторот.
Французинот вика: да видиме да не е ламелата.
Проверуваат и ништо не направиле и на крај Бил Гејтс им вика: да излеземе од колата, да ги затвориме вратите и прозорците и пак да влеземе. Може ќе проработи!
 
K

Kiko

Гостин
Како се поздравува добар програмер.....?

Кај си бе СЕРВЕР....
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дете го прашуе таткото како е родено:
Е па сине јас и мајка ти се сретнавме на Мирц канал...Потоа тато на мама и прати податоци преку неговиот USB stick,но мама заборави да стави firewall, касно беше да за undo и по девет месеци ни се unzipuvashe еден опасен вирус
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Детето и кажало на мајка си: "Мамо, мајката на Иван му купи компјутер за роденден, а мојот роденден е утре"
Мајката зачудено гo прашува: Што да не очекуваш да ти купи и тебе?"
 

Worf

Leader of the High Council
Член од
1 мај 2006
Мислења
413
Поени од реакции
4
Две деца едново му ја кажува абецедата на другово:
A, B, C, D, E, F, G, HTTP://www.:pos: :pos::pos:
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Умрел некој хакер и иде сеа кај СВ. Петар и му вика:
- СВ.Петар јас кај ке одам, во Рајот или во Пеколот?
и овој му вика:
- Ај ке те прошетам у во двете и кај сакаш таму.
И хакеров се согласил.Шетаат сеа и Во рајот гледаат се обаво мирно, сречни сите. Одат сеа во пеколот и гледаат таму голи жени играат на шипки, се трцаат на секој ќош. И хакеров попален вика:
Јас сакам во пеколот.И иде таму и за неколку дена се враќа кај СВ.Петар и му вика:
- Што е ова бе? ПА нели жени ова она?
И овој му вика:
- Па тоа беше демо. :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ова е вистинита прича немој случајно да сте се смееле :):)
Му вика синот на таткото...
-Тато може компјутер со интернет???
-Што ќе ти е тоа сине??
-Па да играм,да барам ствари...
-Па Исусе купи интернет што ќе ти е компјутер....:)
 

Worf

Leader of the High Council
Член од
1 мај 2006
Мислења
413
Поени од реакции
4
- Што прави црногорски вирус во комјутерот?


НИШТО!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Синот и бара на мајка му 50 денари за на интернет
- Каков интернет!!! Мене како мала со интернетет да не ме хранеа
 

Worf

Leader of the High Council
Член од
1 мај 2006
Мислења
413
Поени од реакции
4
Среде операција докторот и вика на сестрата:
- Сестро, приклучи се на интернет, оди на сајтот www.surgery.net и барај „Започнавте операција и не знаете понатаму!“

:pos: :pos: :pos:
 
Член од
17 мај 2006
Мислења
70
Поени од реакции
1
si umira dete hakerce i odi kaj gospod i gospod mu veli ti ne si ucel blah blah blah ..
i zato ojs vo pekolot i mu go dava deteto na lucifer ........
posle nekolku dena lucifer otisol kaj gospod da se pozali
"a be ajde zemi go maliov oti mi gi ubi site gavolcina i sea bara vtoro nivo "
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Се шетаат двајца програмери и покрај нив поминува една згодна женска, првиот вика
- Уф види ја оваа каков пропретис има
- Џабе она е само рид фајл - рекол вториот

Иде програмер на бензинска и му вика на бензинарот
- наточете ми бензин
- 95 или 98 - рекол бензинарот
Што немате ХР

Која е разликта помеѓу Виндоус и К*Р
Нема разлика, и двата паднат кога највеќе ти требаат
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
1.890
Поени од реакции
4
Хакерски виц...

Некој витез отишол да се бори со еден змеј. Му ја откинал главата арно ама на нејзино место се појавиле 2 глави. Му ги откинал двете глави ама се појавиле 4. Му ги откинал и тие ама се појавиле 8. И се така додека не му ја откинал 65536-тата глава кога змејот умрел затоа што бил 16-битен :))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom