Најдобриот комплимент што некогаш сте или ви го дале...

К -карактеристично истрајно девојчиште* со резервни аршини за нови предизвици
А -ами шо да ти кажам : авион, алал да и е, адреналин тече од неа! Тоа е Катка!
Т -туѓина-јабана, ништо не и може, трае таму! Така треба!
Е -елеганција*, експедитивност(а сега откако вежба фитнес) богами и еластичност*!
Р -решителност, а не резервираност!
И -иницијатива - и реализација! (Америка е сепак блиску:smir:)
Н -Нинчо-тоа сум јас, едно детиште у твојот живот, со глупава фризура!
А -абе да ја грабнеш и да бегаш!

*:vozbud:аман бе Нино!
*молам Нино? Елеганција?:icon_eek:
*да се разбереме мил мој Нинчо со ебиветер, смотана фризура која убоо ти стои! Јас можев да ставам нозе позади врат уште пред да почнам со фитнес, јога, хип-хоп вежби и ред други експериментални успешни ил не спортови! Така да си знаеш:pipi:

Леле дословно од збор до збор пренесено, во писмо контаминирано со многу македонштина и љубов добиено!
Те сакам муре Нино...ко братче, мило најмило!:back:
 
За најдобар незнам колку е ама најмногу се имам смеено кога еден ми рече "многу ми личиш на една пеачка од македонската естрада", а никаква сличност немам со неа.....2 сати се смеев :pos2::pos2::pos2:
 
" Ако сите се како тебе, светот би бил совршен " - пред една недела, ако ова се смета за комплимент... :pipi:
 
Комплимент што ме тера повеќепати да се запрашам дали сум ја погодил струката и ќе го паметам долго, беше од наставничката по македонски јазик на крајот на осмо одделение кога ми рече цитирам - 'Имаш најдобро изграден речник (вокабулар) од сите ученици што сум ги имала'. И потоа ме праша што планирам да учам понатаму, и нема да го заборавам изгледот на нејзиното лице (разочарување) кога и' кажав дека сакам да се запишам на информатика.
 
ме лажат често дека имам убави очи... :pos2:
 
Ми бил доделен комплимент од неколку личности дека откако сум дел од нивните животи, целосно сум влијаел некои нешта кај нив да се променат кон подобро, и дека правам да имаат поинакви, попозитивни гледишта кон нештата. Тоа и до ден денес бескрајно ми значи, и сум им благодарен за кажаното:pipi:. Што се однесува до мене пак, спаѓам во категорија романтичари/фантазери, па навистина имам доделено многу комплименти во животов, дел од нив пооригинални, дел пообични.
 
Колешка (со која не бев близок) на факултет на лабораториски вежби,гледајќи дека ја завршувам вежбава без проблем ‘‘ ти не си бил глуп,само мрзлив‘‘.
Останав без зборови.
 
најсмешен досега комлимент што сум го добила било - квалитетна си
најшокантен - личиш на Ана Курникова
и од дечко ми што добивам дека сум убава имам супер тело и слично
 
"Да беа сите овде паметни ко тебе, земјава ќе беше поуспешна од Јапонија."
Од една професорка.
 
леле види какви плави убави очи имаш...
детево е гениј:pos2: а за давање...не ми текнува сеа...
 
леле види какви плави убави очи имаш...
детево е гениј:pos2: а за давање...не ми текнува сеа...

да де, многу девојки паѓаат на плави очи.. јас не:):)

комплиментите.. убаво е во моментот, она чувството..ама не се возбудувам многу.. никогаш не знаеш дали нависттина го мисли тоа што го кажува.. не им верувам многу на луѓето, посебно не на оние што ме затрупуваат во комплименти..
 
Па ...лееее какви плави очи имаш, ај се смениме...
Лее стфарно имаш таква боја на косата, не ти е фарбана..?
Будала си стфарно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom