Macedonia2007
RED DEVIL
- Член од
- 20 декември 2007
- Мислења
- 1.273
- Поени од реакции
- 3
Грција бара автономија за Грците што живеат во јужниот албански град Химара, јави дописникот на Макфакс.
Посетата на грчкиот заменик за надворешни работи на Грција Теодорис Касимис на јужна Албанија, според албанските медиуми, повторно е искористена за националистички грчки цели.
Медиумите го критикуваат гестот на локалните власти на Химара што посетата на грчкиот дипломат започната со интонирање на грчката химна, а народот извикувал пароли за автономија на Химара веејќи грчки знамиња.
Критики се упатени и на адреса на градоначалникот на Химара Васил Болано инаку лидер на организацијата на Грците во Албанија „ОМОНИЈА“ кој цело време на средбата со грчкиот дипломат говорел грчки.
Од заменикот министер за надворешни работи на Грција Касимис, било побарано и гласање на грчкото малцинство во Албанија на изборите во Грција.
Касимис, кој вчера посети неколку други населени места со етнички Грци во Јужна Албанија, во земјата пристигна по нередите што се случија во Химара пред два дена, кога поради апсење на двајца членови на партијата ОМОНИЈА од страна на полицијата, дојде до нереди при што беше каменувана и полициската станица во Химара.
Извор