една од најболните теми за мене. од кај да почнам. ајде од најубавите времиња насловите у македонски спорт ,, македонскиот киево", предводени од перица груевски помошници му беа студенот и борчето митрев, со 2 одлични шпица тони тасев (ситното) и боби јанчевски (јанкер) ваа сезона а играеше у работнички пред тоа беше у белгија сеа најверојатно у вардар. средината под команда на ике јовановски, заедно со блаже донев од градско и начевски. мицков и манев беа едни од најдобрите бекови у лигата. халф линиата предводена од гоце милев у тандем со ике стојанов и сашко димов жицата. на голот зоки ристевски. првите десет кола тиквеш на 3 место. е после нешто крцна. секнаа парите си замина перица, и само нерешениот резултат со вардар 1-1 под водство на студенот беше добар резултат. во зимскиот преоден рок дојде смиленски (заборавив точно како се прозиваше мислам така беше пијаница е невидена) од битола за тренер и донеси 4 срби владо дамјановиќ добар голман, иван шарац стана миленик на публиката, и уште 2 дрва шо не знаеа да одат. после неколку кола со последователни порази беше избркан смиленски
а на негово место го донесиа коло лушкин. некако избориа опстанок. интересно беше шо тоги вардар и беласица водеа мртва трка за титулата и тиквеш му а продади на вардар утакмицата а струмичани изгубиа тоа коло у прилеп и така вардат стана по 6 пат шампион. е после таа сезона го донесиа еден од штип. го заборавив како се викаше. донесиа неколку засилувања или ослабувања не знам шо да кажам. без пари тимот само тонеше. последните неколку утакмици тренер беше сашко крстев ( бацето, орлето неготинско)
наредната година 2 лига. некако се избориме за бараж со караорман. натпреварот се играеше у скопје на градски. и тоги тиа шо се ударат у градите уште и оште и гледам на стадионот гањо димитковски коло лушкин и ош двујца а продадиа утакмицата пос си и поделиа парите меѓу себе. и тука дојде крајот. трета лига без пари за превоз клубот го искуфериа и од таму. сеа слушаме па муабети лукоил не знам шо знам. дур не дојде никој ништо не веруам. идеа секакви сакаа џакузи да праат а оно вода и струја немаше со смрдени дресови се тренираше. ај доста е че почнам да се нервирам
кешки нека биде
спортски поздрав
_______________________________
[FONT="]Невозможно е да направиш нешто што ќе биде отпорно на будали, бидејќи будалите се многу инвентивни и ќе му го најдат крајот[/FONT]