Помош: шенген менген и влез во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата wickaman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јули 2005
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво-живо.
Не сум сигурен дали темава припаѓа овде, ама неможев да најдам поссоодветна категорија.

Имам ваков проблем: моментално се наоѓам во Прага и имам годишна Шенген виза, категорија D. Ме интересира дали со оваа виза можам да поминам транзит низ Бугарија.
Авионска карта до Софија ми е поефтина од автобуска карта. Сите други опции, директно до Скопје или преку Белград се над 300 евра. До Софија е околу 70 евра. Се јавив во Чешка амбасада во Софија и во Бугарска амбасада во Скопје, не знаеа да ми кажат. Тие во Бугарската амбасада во Прага неможам да ги добијам никако.

Ако некој знае нешто во врска со ова, да сподели. Многу би бил благодарен.

поздрав,
В
 
Уствари, визава е извадена пред 8 месеци и не е Шенген, пошто во тоа време Чешка не беа дел од Шенген.
Значи Чешка long-term виза Д категорија.
 
Ако си транзит немаш никакви проблеми. Оди. Новиот аеродромски терминал je европски клас. Само да нети требa виза за Македониja ej?
 
Се јавив и во Македонската амбасада во Софија, и таму не сакаа да ми дадат информации.

Конечно, најдов нешто на сајтот на нашето министерство за надворешни работи:

http://www.mfa.gov.mk/default1.aspx?ItemID=262

"23* Македонските државјани кои поседуваат шенген визи издадени од Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Малта, Кипар, Естониа, Латвија и Литванија, издадени по 01.01.2008 може да патуваат во сите 24 земји од Шенген зоната.
24* Македонските државјани кои поседуваат шенген визи може да транизитираат низ Р.Бугарија и Р.Ромаија до 5 дена."

Ќе го земам ова здраво за готово, па ако ми напраат проблем Бугарите, ондак ќе се вадам на нашево министерство. :-)
 
Јас имам Шенген германска и со неа бев во Бугарија и во ист ден излегованакај Грција (транзит) и се вратив накај Македонија. Нема проблем. Но ти види си за себе!??!! Немој да се зезнеш!

Од искуство-во 2001 бев во Германија со Шенген виза. Во тоа време и Шведска влезе во шенген зоната. Иако на мојата виза ја немаше Шведска (S), сепак бев за Шведска (претходно прашав во нивна амбасада) и немав проблеми.

поздрав и Господ да те чува.
 
Ме интересира и мене нешто .. Имам грчка виза и сакам да поминам транзит низ Бугарија. Плус сум и малолетна. Дали ќе може сама да ја поминам границата ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom