Ветеринарно катче

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Многу ке ме заебиш стварно.
Како прво, прибери си го јазикот. Добиваш опомена од модератор. Прифати ја, затоа што таа од администратор е последна.
Како второ, прочитај ги правилата на форумот и на подфорумов. Такви крволочни и вознемирувачки постови, слики и коментари не се дозволени. Ако немаш нешто паметно да пишеш, барем не го истакнувај нечовечкото во себе. Ако не сакаш животни, прескокни го подфорумов.
Ќе ми ја олесниш работава доста. :wink:

Мислам дека се разбираме со збор. Постов не бара реплика. Благодарам.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Јас си стојам на моето мислење. А од каде такво мислење ? Епа имам комшија кој остана без прст пред некоја недела. И тој викаше ке го научам , ке се смири и ете го како заврши.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Јас си стојам на моето мислење. А од каде такво мислење ? Епа имам комшија кој остана без прст пред некоја недела. И тој викаше ке го научам , ке се смири и ете го како заврши.
Ме мрзеше да давам мислење на проблемот на членот погоре + видов дека некои членови веќе дале предлози како да го смири кучето.

Животните не можат да бидат агресивни самите од себе. Мора или да преживеале/вуваат трауми, да се малтретирани, да се во фаза за парење, да не се убаво нахранети или да се недресирани/невоспитувани уште од мали. Кај кучето на комшијата 100 % влијаел некој фактор од овие штом настрадал прстот. И што, ајде да го утепаме сега кучето? Ако го утепа ќе му биде вратен прстот? Ајде, според тебе, размисли малку.
Што ќе постигне со тоа? А ако несакајќи се случило тоа?
Кога веќе видел дека чува агресивно куче, би можел да побара да го подари некаде, или па на крајот на краиштата, колку и да не оправдувам и осудувам, да го пуштел. Има милион решенија, нека смртта никогаш не биде ваше последно.
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Ама озбилно каса, силно или си игра?
Па ако те касне и крв почне да тече мислам дека не си игра звер е ...

Абе како смее да те каса?Може сака да си игра.Колкаво е и што раса?А кога ќе сака да те касне земи истепај го и затвори го во бокс.Така неколку пати и да видиш дали ќе те касне.Додека е мало научи го кој е газда.
Ветеринарот ми рече дека бил териер ...
Еве и слика од кучето

Изгледа мирно ама лошо куче е ...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Па ако те касне и крв почне да тече мислам дека не си игра звер е ...
Па ургирај. Не смее да те каса така. Или било малтретирано како што пиша Џену или ти си му допуштал многу, па сега ти се прави газда или има некој друг психички проблем за кој што ќе треба да се консултираш со ветеринар.
Во секој случај не му попушај, карај го, викни му ако сака да те касне.
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Па ако те касне и крв почне да тече мислам дека не си игра звер е ...

Ветеринарот ми рече дека бил териер ...
Еве и слика од кучето

Изгледа мирно ама лошо куче е ...
По природа се бесни териерите. Ама друг пат ко ќе те касни, земи весник или нешто друго, свикај му и напрај звук со весникот што ќе го уплаши. Појќе пати повтори го ова. После само што ќе го фатиш весникот ќе се плаши. Не препорачувам да го удираш, не знам мене ми е многу жал, па макар било и само тапкање по газето. Јас вака како што ти кажувам го научив да не мочка кај што не треба.
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Па ургирај. Не смее да те каса така. Или било малтретирано како што пиша Џену или ти си му допуштал многу, па сега ти се прави газда или има некој друг психички проблем за кој што ќе треба да се консултираш со ветеринар.
Во секој случај не му попушај, карај го, викни му ако сака да те касне.
Одкако ке ме касне го тепам ... Ама нее тоа тоа .. Зошто да каса кога сум му газда .. Така да сум го распуштил мн .. Го карам нон стоп .. Никако ништо не разбира .. До сега сум имал 4, 5 кучиња како ова не сум видел ...

По природа се бесни териерите. Ама друг пат ко ќе те касни, земи весник или нешто друго, свикај му и напрај звук со весникот што ќе го уплаши. Појќе пати повтори го ова. После само што ќе го фатиш весникот ќе се плаши. Не препорачувам да го удираш, не знам мене ми е многу жал, па макар било и само тапкање по газето. Јас вака како што ти кажувам го научив да не мочка кај што не треба.
Проблем имавме и додека да се научи по веце да оди надвор ...
Веке е надвор , го врзив со каишот па шо сака нека е ..
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Одкако ке ме касне го тепам ... Ама нее тоа тоа .. Зошто да каса кога сум му газда .. Така да сум го распуштил мн .. Го карам нон стоп .. Никако ништо не разбира .. До сега сум имал 4, 5 кучиња како ова не сум видел ...
Со рака немој да го маваш. Бидејќи ќе се „одмаздува“ на раката твоја и пак ќе те каса. Пробај како што ти реков, тој можи после весникот да го искини, ама од тоа нема зијан, ќе земиш друг весник. Пробај без тепање, можиш да го претвориш во многу плашливо куче, или уште полошо да го разлошиш.
 
Како што рече така ке биде :)
 
Д

Демијан

Гостин
Одкако ке ме касне го тепам ... Ама нее тоа тоа .. Зошто да каса кога сум му газда .. Така да сум го распуштил мн .. Го карам нон стоп .. Никако ништо не разбира .. До сега сум имал 4, 5 кучиња како ова не сум видел ...

Проблем имавме и додека да се научи по веце да оди надвор ...
Веке е надвор , го врзив со каишот па шо сака нека е ..

Мало е уште ќе го научиш.Него кога ќе го фатиш на ланец(макар и со сила) дај му некое колаче како награда.Така прави се додека не се научи.А тоа што ти викаат териер дека биле агресивни нема врска!Како и секое куче како ќе го научиш такво ќе биде.Јас имам пит бул
4 месеци и многу мирен,сака да си игра.Немој да си го вратил и да губиш надеж.Покажи му кој е газда.
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Мало е уште ќе го научиш.Него кога ќе го фатиш на ланец(макар и со сила) дај му некое колаче како награда.Така прави се додека не се научи.А тоа што ти викаат териер дека биле агресивни нема врска!Како и секое куче како ќе го научиш такво ќе биде.Јас имам пит бул
4 месеци и многу мирен,сака да си игра.Немој да си го вратил и да губиш надеж.Покажи му кој е газда.
Не реков дека се агресивни, реков дека се бесни, хиперактивни ако ти се допаѓа повеќе. Не е некоја прецизна генерализација, кажувам од моето искуство што сум го имала со нив :):smir:
 
Па добро ако е ишетано и истрчано како што треба е мирно како бајче:).Зависи од сопственикот како ќе работи со него такво ќе биде кучето.Има и љути пикинезери што сакаат живи луѓе да јадат,а има и пит булови кои сакаат само да си играат:smir:
 
Член од
17 август 2008
Мислења
194
Поени од реакции
3
И јас имам мало кученце 2ипол месеци и ме каса по раце и јас незнам како да го дотерам на ред.Но некако од саботава навака веке 3 дена не е нешто во ред,не сака да јаде и тажно е,го однесов на ветеринар и ми рекоа дека изгледа глисти фатило и му дадоа апче но сеуште несака да јаде и многу ослабе.Совет што да правм дали да го носам на друг ветеринар или?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom