Економски факултет во селекција на 1000 најдобри светски бизнис школи

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
1. Kako mozes da tvrdis deka na privatnite fakulteti predavaat "najdobrite profesori od regionot" (ne go osporuvam nivnoto znaenje ili titula, samo tvrdam deka ovoj zaklucok ti e pogresen, nemozes da kazes kade tocno predavaat najdobrite, si ima balans i vamu i tamu..)
Тој заклучок, е поради фактот што тие имаат доволно пари да ги ангажираат најквалитетните професори, ако не друго, туку како виситинг професори. Во Македонија, можеш многу брзо да добиеш информација за тоа каков е квалитетот на професорите, какви се нивните предавања, каква е нивната репутација меѓу студентите, а менаџментот на приватните универзитети многу добро го знаат тоа.
2. Sam kazuvas deka na privatnite e dosta skraten materijalot (da se slagam so tebe, isfrlen e golem del od ona sto ponataka nema da treba), sto znaci deka na drzavnite fakulteti se ucat dosta gluposti koi nikogas nema da zatrebaat. Epa togas kako moze polaganjeto na ispit da bide podobro na kolokvium? Da, ke se zapamti poveke ako se odi na ispit, no neli golem del od toa znaenje nema da ni treba za ponataka? Epa koja e svrhata togas da se odi na ispit?
Целта да се оди на испит, бар според мене е да се учи од целокупниот материјал, и да ти се разјаснат сите прашања во врска со тој предмет. А на колоквиуми, учиш овој месец еден дел, нешто не ти е јасно, а за да ти се разјасни тоа го има во вториот или третиот колоквиум, а кога веќе ќе стигнеш да полагаш втор/трет колоквиум, со оглед на таа мешаница со колоквиумски недели, ќе заборавиш 80% од првиот колоквиум, и она што тогаш не ти било јасно. На испит се учи целиот материјал, и можат во главата да ти се поврзат работите.
3. Se slozuvam isto taka deka na privaten fakultet moznostite za studiranje se daleku podobri od onie na drzaven. Ne se "plasis" od profesorot, imas mobilen od asistentot, materijata koja ja ucis ti e skratena i pogolem del od nea ke ti treba za vo idnina..
No dali znaes kakvi luge se zapisuvaat na tie fakulteti? (ne deka gi vregam sega, licnosta/karakterot ne se ceni spored ocenkite vo sredno, normalno)
90% od decata sto odat na privaten fakultet imaat slab uspeh vo sredno i se nadevaat na "lezeren" fakultet (normalno za balkanskiot mentalitet, platile golema suma na pari, sto i nemora da znaci deka treba taka da se odnesuvaat, primer- Harvard, Kembridge, Oxford - tamu se plaka 20pati poveke ama i se uci 20pati poveke)
Добро, дали ти имаш запознено 30-40 луѓе, од некој приватен универзитет, па за да можеш правилно да оцениш. Или твоите оценки се базирани на нешто што си слушнал и сигурен си дека е така. Или пак знаеш, 2ца студенти од средно, и сега ке ги генерализираш сите.

И дали се имаш запознаено со некои Македонци што студирале на Oxford, kembridge?? Да знаеш дека има доста. Се имам запознаено со неколку од нив, и не ми оставија баш негој впечаток.

4. Podemot vo celokupnoto opstestvo (barem spored mene) e determiniran od konkurencijata. Eve zasto, site znaeme deka pred 40 godini na pristi se broele onie so fakulet, znaci so sredno se naogala mnogu ubava rabota.. Pred 20 godini rabotite se izmenile, znaci porasnal brojot na onie so visoko obrazovanie, sto pak pridonelo za novi kriteriumi pri vrabotuvanjeto. Denes e sosema druga prikazna, ubavo znaeme deka bez fakultet nema rabota. Znaci poentata e deka sredinata i konkurencijata ne tera napred.
E sega, ako jas ucam na privaten fakultet, imam podobri moznosti za studii, no dali jas ke bidam motiviran da naucam 100% od matrijalot koga znam deka i so 80% ke se istaknam vo sredinata. (sto ne vazi za drzavnite fakulteti, tamu procentot bi bil 95%-100%)
Znaci celiot problem (od moe glediste) e vo:
a)mentalitetot na ovoj narod
b)konkurencijata (zavisno na koj fakultet)
Не те сваќам баш најдобро што сакаш да кажиш. На мене бар, не ми влијае на мотивација, тоа што некои други учеле, некои не учеле.

4. Sam kazuvas deka vo momentot koga si trebal da izberes kade ke gi prodolzis svoite studii finansiite ne bile problem, epa zasto togas ne otide na privaten fakultet?
Кога требаше да избирам јас, имав солидни поени со кои можев да се запишам, на кој факултет сакам. Мада, мислам дека и тоа не е проблем бар во Македонија, пошо за да земат факултетите пари од уписи (независно приватни или држвани) ги примаат сите студенти.
Тоа со уписите е една фарса, само да се земат плус пари.
Јас и на двата мои избори и за додипломски и постдипломски ги одбрав приватните универзитети, поточно Европски Универзитет.
Точно е дека има дебилчина, но има и многу одлични студенти.
Засега мислам дека не згрешив, но ќе покажи времето.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тендо,да не те цитирам и цепкам во постови дел по дел,дискутираш за нешто веќе дискутирано и докажано повеќе пати,преку нелогичноста на изјавите на приватњаците.
Јас ќе ти кажам три факти,за да не млатиме слама на празно.

Фацата и лицето на ФОН е Александар Николовски,пред се редовен професор на Економски Факултет по предметот Трговско Право,за кого повеќето пати е докажано дека не само што зависи од спремноста на асистентката,туку и ги дава УБЕДЛИВО најлесните тестови на факултетот.
Затоа,приказни дека секогаш се бирало најдоброто,нека не кружат на празно.

Друга фаца на рекламата на ФОН е мој другар од средно,со кој заедно завршивме во клас.
Оценки тиње,пари има,ете ти добитна формула,и не се сомневам дека ќе го заврши факсот таму.
Но,бар он е тука паметниот,кога дава пари,ги дава за да научи (според негови мотиви и способности) и за да добие диплома која реално не би ја добил на државен.

Третиот факт,друг мој другар,и иден колега на Економски,имаше 73 бода за упис,и замисли,и покрај твојата "теорија на заговор" дека сето тоа е за пари,него го ОДБИЈА на прв и втор уписен.
Исто со другите 32 одбиени само на смерот Е-бизнис.
Отиде на Американ Колеџ,комплетираше прва,сега ќе се префрли пак на Државен во втора.

И иако во гореспоменатиот пост беа спомнати само ФОН и Американ,можам и со случајно прибрани секундарни податоци да потврдам дека барем во моментов,и на Европски е иста леснотијата за поминување и оценки како овие два.
Знам дека сте нестрпливи да си го оправдате својот избор и да не бидете жигосувани како "тие кои не се доволно добар материјал за Државен",но сепак,кога дебатирате,изнесете конкретни факти,имиња и докази.
А не,јас еднаш видов студент од Оксфорд,па не ме импресионираше многу.

Поздрав до сите вас:wink:
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Тој заклучок, е поради фактот што тие имаат доволно пари да ги ангажираат најквалитетните професори.
Кој бе факинг најквалитетни професори на Европски.

Факултет за економија

  • Бошко Јаќовски - пензионер од Економски факултет при УКИМ
  • Здравко Стојановски - редовен професор со 20 труда
  • Зоран Ивановски - војник, докторирал философија
  • Лидија Наумовска - магистер по технологија, докторант по менаџмент
  • Ристе Темјановски - магистер по географија, докторант по економија
  • Љиљана Коневска - од наставничка во Моша Пијаде, па докторант по земјоделие, па докторант по економија по вработувањето на ЕУРМ
  • Виолета Наумовска - магистер по философија, докторант по социологија
  • Љупчо Стојчески - магистер по одбранбени и мировни студии, докторант од Бугарија
Ме мрзи веќе да пишувам има уште неколку што квалитетно и европски докторирале на Економски Институт. А на другите факултети пр. информатика, се наоѓа понекое војниче или докторант на отприлика 55 години.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
21
Поени од реакции
4
хаха овој никола xD ... звер
иначе ТЕНДО незнам како не ме сваќаш
Значи глеј зашто потенцирам на конкуренцијата
- Можеш ли денес да се вработиш без факултет?
(нормално да не бидеш келнер или рецепционер)
- Значи конкуренцијата на ниво на целата земја (со тоа што 90% од оние кои ке звршат средно се упишуваат на факултет) го одредува критериумот на пазарот на трудот. Убаво пишав дека пред 50 години кога имало 10души со факултет, со средно многу лесно се наоѓало работа, додека сега тешко дека ке најдеш работа (освен кај тато во фирма на пример).
Незнам што има нејасно тука? :toe:

А од која книга учат Економија на ЕУРМ? :icon_lol:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Во ред, ова е мојот последен пост на темава и не мислам веќе ни да реплицирам ни да расправам во врска со оваа тема, пошо муабетите се вртат во круг, ...

Уште на првиот пост, напишав дека подготвен сум да реплицирам со луѓе кои имаат повеќе информации и имаат факти, а не знам еден ваков е, таков е; вака вујна ми слушнала, на баба ми некој и кажал, ...

i.ars те сватив убаво што ми зборуваш за конкуренцијата, и во право си времето ќе покаже и тоа ќе биде најдобар показател какви биле студентите. Сакам да те прашам нешто:
Дали ти знаеш 5 студенти од Европски кои не се вработени, а поминала година дена од нивното дипломирање??

Не е можно да знаеш, пошто јас знам сигурно едно 200 студенти, а не знам вкупно 5 кои се сеуште невработени една година по нивното дипломирање.

Здравко Стојановски - редовен професор со 20 труда
Незнам баш точно дали се работи за истиот, за време на моето студирање беше асистент по математика, и беше многу солиден. Негледам причина за никакво сомневање во тоа. Можеби тука има дечки од ПМФ, кои ќе кажат дека бил најдобар асистент на ПМФ, но поради расправија со некоја таму професорка, дошол на Европски.

Зоран Ивановски - војник, докторирал философија
Како можеш така да нафрлаш со глупости и да ги дискредитираш луѓето. Ако не знаеш, поарно не мора и ништо да напишеш. Зоран Ивановски беше командант во војската, и предаваше логистика на Воената Академија во време кога државата многу се грижеше за неа, и беше најдобра високообрзовна интституција. Подоцна докторира по економија на еден од најдобрите универзитети во Америка, и имаше некоја теорија која ја застапуваа со еден професор, по кој секојдневно го читаме по економиите. Се врати во Македонија, и во тоа време во Министерството за Одбрана, го направи проектот со кој се средија многу работи и ние имавме шанса за во Нато. Му беше понудено место како министер за одбрана во улога на експерт во првата влада на Груевски. Моментално тој е декан на Економски факултет, и според мене најдобар професор во Македонија.
Значи има дипломирано економија, магистрирано во одбрана, и докторирано на економија, каква црна философија, какви бакрачи.

Љупчо Стојчески - магистер по одбранбени и мировни студии, докторант од Бугарија
е за овој се слагам. Чиста катастрофа. Незнам зошто служи овој професор, изгледа да се пополни бројката на доктори. Изгледа не му го имаат погодено предметот или незнам што е, сепак и за мене овој е тапа... Но мораше да го нагласиш тоа што имал докторирано во Бугарија, се разбира само вие на економски сте генијалците, а сите други настрана се идоти, порано тоа важеше за Економски од Прилеп, сега за Приватните, едноставно предрасудите остануваат само објектите се менуваат.
Љиљана Коневска - од наставничка во Моша Пијаде, па докторант по земјоделие, па докторант по економија по вработувањето на ЕУРМ
Исто пак ширење на чисти шпекулации, кој ако некој не знае лесно ќе ти поминат. Значи професоркава има два докторати, била 10 години финансиски директор на Комерцијална Банка (значи има солидна практична работа во банка, која има можност да ја пренесе), и има најдобар однос професор - студент, од сите професори кои до сега ми предавале.

За другите професори кои ги имаш спомнато, не можам ништо да искоментирам, затоа што ми немаат мене предавано. А најмалку ти можеш да искоментираш, затоа што како што гледам незнаеш ама баш ништо за нив, а си даваш слобода да коментираш и тоа со видна негативна конотација.

Зошто не ги спомнуваш Панче Јовановски, Димитар Евтимов, Зоран Јолевски, ...

Или јас треба да коментирам за професори од економски кои ми имаат предавано и мене како: Лиљана Анчевска или Трајко Русевски... Појма немам каде магистрирале или докторирале или на што, ама како професори се 10 пати полоши од Љупчо.

Друга фаца на рекламата на ФОН е мој другар од средно,со кој заедно завршивме во клас.
Оценки тиње,пари има,ете ти добитна формула,и не се сомневам дека ќе го заврши факсот таму.
Но,бар он е тука паметниот,кога дава пари,ги дава за да научи (според негови мотиви и способности) и за да добие диплома која реално не би ја добил на државен.
Неколку пати веќе напишав, ама како за последен пост, пак ќе повторам. Имаше доста вакви колеги кај мене, но вакви студенти има секаде, и на ФОН, и на Економски, и на Европски, и на Штулов, и во Сорбона, и во Харвард. Затоа пишував дека добро е да се знаат едно 10 луѓе за да можиш реално да коментираш.

И јас имам еден другар од средно, кој од 4 години, 3 години беше на полагање. Е сега незнам јас како се запишал на Економски, ама заврши дури и пред мене, без никакви проблеми. Но сепак не си давам право да коментирам дека сите студенти виле такви, а и не можам да си дадам, затоа што други се луѓето во средно, други се луѓето на факултет, имаат различни друштва и различни мотиви, ... така да не може да значи дека ако бил лоѓ ученик во средно, мора да биде таков и на факултет, има милион такви кои го докажуваат спротивното.

Знам дека сте нестрпливи да си го оправдате својот избор и да не бидете жигосувани како "тие кои не се доволно добар материјал за Државен",но сепак,кога дебатирате,изнесете конкретни факти,имиња и докази.
А не,јас еднаш видов студент од Оксфорд,па не ме импресионираше многу.
Ти дали имаш некогаш сретнато некогаш некој студент од Оксфорд?

Да, да ме прочита во целост, изгледа имаш студирано и психологија пред да се запишиш на Економски, но изгледа не си бил доволно добар материјал за таму :tapp: Во право си секоја вечер, не можам убаво да спијам, од што сум нестрплив да го оправдам мојот избор. :smir:

П.С. Кога го напишав првиот мој пост, намерно изоставив на кој универзитет сум дипломирал, и сите или сосема се согласија со мојот пост или 90% се согласуваа, ... за подоцна од кога напишав на кој универзитет имам завршено, моментално да се сменат погледите, и општо односот. Но сепак, јас сум немал проблем со тоа, и ќе продолжам да ги ценам луѓето околу мене по други начини, а не да ги жигосувам поради нивниот избор за високо образование.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Како можеш така да нафрлаш со глупости и да ги дискредитираш луѓето. Ако не знаеш, поарно не мора и ништо да напишеш.
Ќе си го упдејтувате сајтот со твоиве нови биографии, бидејќи од таму се информациите што ги пишав.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
21
Поени од реакции
4
i.ars те сватив убаво што ми зборуваш за конкуренцијата, и во право си времето ќе покаже и тоа ќе биде најдобар показател какви биле студентите. Сакам да те прашам нешто:
Дали ти знаеш 5 студенти од Европски кои не се вработени, а поминала година дена од нивното дипломирање??
Друже да те прашам вака.. си отворил ти оглас да видиш за работа?
Си видел како на голем дел пишува "Да не е од приватен факултет"
Тоа како ке го објасниш?
Друга работа, пола, ако не и повеќе од тие што одат на приватни имаат фирми во фамилија (на татко, чичко и сл.) или имаат роднини на видни места кои ке помогнат во нивното вработување, така да незнам како би било можно да останат невработени. И немој тие финти како што лажеа пред неколку години: "Нашите студенти се многу успешни и на многу видни места, еве на пример стуеднтот XX е извршен директор на Мелница Кадино" а ако се распрашаш поубаво ќе сватиш дека всушност татко му бил газда на Мелница Кадино.. епа тогаш.. :toe:

Друга работа, како можеш да кажеш дека Зоран Ивановски е НАЈДОБАР професор во Македонија? Те прашав погоре нешто, од кој учебник учите Економија на ЕУРМ? Авторот познат ти е? :pos2:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
А не,јас еднаш видов студент од Оксфорд,па не ме импресионираше многу.

Не треба да те импресионира, не е тоа ни намерата. Јас неколку од Харвард имам видено... И разликата не е во тоа дека се побистри од мене или од тебе, далеку од тоа... Не е ни дека особено се возгорделиви, или дека оставаат некаков снобовски впечаток. Основната разлика е во тоа што нивната отскочна даска е многу повисоко од нашите. Не е тоа гаранција за успех ама е добар почеток.. И тоа како сакаш кружи го - нема негирање.
Да не се разбереме дека имам нешто против Државниот факултет кој е поевтин или за скапите студии.. Јас сум на државен факс и не плаќам повеќе отколку што би плаќала дома, напротив... Ама ако би имала пари доволно за да одам на Оксфорд или Харвард - нема да сум овде...
Нема врска со темава, ама преку таквото од муабети за тоа како ние се си знаеме и нашето образование е најдобро, па ќе маваме потценувачки рецки на големите образовни иституции во светот.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не треба да те импресионира...
Аман,и ти и Томислав. :)

Тоа го пишав во корелација со TENDO,он го имаше пишано тоа,јас го напишав саркастично,за тоа какви муабети НЕ ТРЕБА да се вртат.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не се вознемирувај драги, нагласив дека е надвор од темата ^^
 

Kajgana Shop

На врв Bottom