TMPO
Obraz
- Член од
- 31 октомври 2007
- Мислења
- 1.728
- Поени од реакции
- 26
Еленовски: Договорот со САД за дополнителни безбедносни гаранции
МИА Коментари (0)
20.04.2008 14:54
Лазар Еленовски
Не станува збор за воено-технички договор меѓу Македонија и САД, како што тоа беше неточно пренесено во медиумите, туку за договор за дополнителни безбедносни гаранции или безбедносни прашања, кои би биле дефинирани со една зголемена соработка меѓу двете земји.
Ова го изјави министерот за одбрана Лазар Еленовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.
„Значи, не е воено-технички договор, бидејќи тој бара многу повеќе детали, како и ратификација во американскиот Конгрес и во Сенатот“, вели Еленовски.
„Ова најверојатно ќе биде на ниво на извршна власт, на администрацијата на претседателот Буш, значи во еден триаголник меѓу Белата куќа, Стејт департментот и Пентагон ќе се усогласи одреден договор кој би требало да биде потпишан, истакнува Еленовски“, изјави Лазар Еленовски.
„Во рамките на тоа, ние разговаравме со Пентагон за одредени дополнителни форми на можна соработка, меѓутоа сепак тоа не би било некој нов документ. Ние и онака имаме цврст документ според кој соработуваме со Пентагон, имаме цврсти релации, така што на сето ова гледаме од аспект на континуитет, односно зголемена соработка со американските оружени сили. Апсолутно не значи замена за НАТО, односно во поглед на Алијансата нашиот пат останува цврст“, рече Еленовски.
Останува долгорочната стратегиска определба на Македонија за учество и придонес во мировните операции, нагласува министерот за одбрана.
„Ние практично во минута до 12, пред распуштањето на Парламентот, ги поминавме битните одлуки за нашето идно учество, особено во наредните ротации што треба да се случат во јуни, јули и во август. Значи, остануваме со ова ниво на придонес и со истите цели и задачи и во мисијата во Авганистан и во Ирак, БиХ и во Либан. Тоа е еден од главните адути на Македонија на патот кон НАТО“, изјави министерот за одбрана Лазар Еленовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.
„Значи, ние продолжуваме понатаму со тоа, како и со преговорите за евентуални идни учества, меѓутоа, каква било поамбициозна агенда во случајов би била несериозна. Ние сепак се договоривме дека најпрвин треба да дојде поканата, доколку сакаме да имаме поактивно учество во мисиите во одредени покритични региони“, додаде Еленовски.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92057
:pos2: :pos2:
Tolku zatoa, mackanje oci i nisto a natofilite i njato vazalite slavea i svrhsuvaa za djabe..