Факти за жените

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Кристи^
  • Време на започнување Време на започнување

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Помеѓу мажите и жените постојат бројни разлики, но според неодамнешните истражувања било констатирано дека најголемите разлики се во психологијата и притоа биле издвоени следните:

- Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата.

- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.

- После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.

-Жените се грижат како изгледаат и за време на секс.

- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.

- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.

- Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.

- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.

- Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.

- Кога ќе заврши сексот ниедна жена не сака да спие туку сака да зборува и да се милува.

Драги Кајганџики повелеле. Колку од овие факти се вистина?!
 
Кога ви викам јас фејЌер женско сум,не ми верувате.:pos:

Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.

Баш напротив,се соживувам.:)

Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
Нема врска,зависи што попрво ми дое до рака.

Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.

И ова не е точно.Не знам да се снајдам јас со отварачи.:pos:

.
- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.

Хм...Носам ташни од навика,пошто со мене носам 100 работи,книги,пенкала,све.Така да,можам и без ташна да преживеам.

Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата

Аууу колку не се замарам за фризурата...:)

- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница

И ова како ми дое така.

После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.

Ова никогаш не го правам.

Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.

Прв пат слушам дека некој си прави муабет со гениталиите.:lud:
 
- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
немора да значи:kajg:
 
- Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата.

Абе ептен некоаш кога ќе се замислам мноооогу,ми се дешава да се прочешам по глава.

- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња

Hell no

- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.

Не точно

- Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.

Не е точно,нели Џеси? :hehe: шала, точно е ова,не сме до толку приврзани

- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.

Па и ова не е точно,зависи,некогаш.
 
Добро, секогаш има „фрикови“ кои отстапуваат од останатите...

Ама претежно забелешкиве се точни. Речиси сите овие работи ги имам приметено кај доста жени. Ако генерализираме, сите може да ги потврдиме фактите напишани погоре. Поготово за турбаните на глава, внимавањето на изгледот за време на секс, облекувањето и милувањето после секс.

Тоа за отварањето на пивото сеуште не можам да го растумачам. Нормално дека ќе отворат пиво со отварач.
Да не треба со заби да се отвори? Или со гради?

Уште неколку факти:

- Жените се создадени за секс.

- Никогаш немаат облека, иако секогаш имаат барем 3 пати повеќе парчиња во плакарот од вас.

- Жените се статистички полоши готвачи од мажите.

- Жените не знаат да направат PPPoE конекција на Linux.

- Чорапите на жените никогаш не мирисаат.

- Жените не прдат и не ждригаат. Тие исфрлаат миризливи цветчиња низ задникот.

- Жените веруваат во психоделичните реклами за детергенти.

- Жените се волшебнички.

- Жените мислат дека ова е линк.
 
Што се однесува до мене:
Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата.
Напротив, често се случува да се почешкам по главата. Не мислам 24 часа на ден на фризурата.

Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.
Точно. Мислам дека ова е чиста навика. Никогаш, ама баш никогаш ми се нема случено да направам тупаница и да ја покријам устата.

После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.
Јесте. Имам долга коса и додека ги извршувам другите церемонии после капењето, водата се впива во крпата и не ми пречи при облекувањето.

Жените се грижат како изгледаат и за време на секс.
Сакам да изгледам убаво во секое време и за време на секоја активност, посебно пред партнерот.

Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.
Многу нормално. А со што да отварам? Со вилушка? Или со заби, можеби :pos:

Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.
Така е.Чиста вистина и реалност.

Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.
Невр. А за што да и се лутам? Што и потекло црвенко? Или па што се навлажнила во незгоден момент?!

Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
Не е точно. Секогаш облекувам прво панталони.Пуф, покажувам особини за машко:uvo:

Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.
Напротив. Можеби не ме потресува до толку, но претпоставувам дека доста е голема болката, а самата помисла предизвикува сожалување.

Кога ќе заврши сексот ниедна жена не сака да спие туку сака да зборува и да се милува.
Ахам, ахам, ахаммммммм.......
 
Жените многу се нервираат кога се прават генерализации за нив и ги доживуваат лично.

Поготово се нервираат ако генерализциите потекнуват од списание кое е или е блиску до категоријата жолт печат.
 
- Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата.

Напротив, често се случува раката да ми забега кон главата кога размислувам.

- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.
Кога како.
Ако на време се свестам со дланката ја покривам, ама ако ми закасни реакцијата и тупаницата врши работа.:)

- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.
Не пијам пиво или ако се напијам една голтка, било веќе отворено, така да немало потреба од отварач.:)

- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.
Баш чантата ми е вишок и воопшто не носам чанти, поубаво ми е да ми се слободни рацете.

- Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.
Не бе, Снешка си ја викам.:pos: :pos: :pos:
Озбилно, некој ова го прави?:nesvest:

- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
Зависи што ми е прво на дофат.
Така да, некогаш прво облекувам пантолони, некогаш блуза.

- Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.
Не припаѓам во несвест, ама обично следува едно “ауч, ова болеше“.[/quote]

Останатите 2-3 се точни.

Богами и јас ќе испаднам како Крејзи Ин Лав- фејќер женско.:hehe:

- Жените мислат дека ова е линк.

Се кладам дека мнооогу мажи исто така се прелажале и кликнале на мојот потпис.:)
 
- Жената никогаш не се чеша по главата додека размислува. Тоа е затоа што не сака да покаже дека е збунета или пак не сака да си ја расипе фризурата.

Не за фризурата гајле ми е, него немам таква навика!

- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.

Точно!

- После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.

Не ја врзувам така!

- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.

па да! :smir:

- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.

Можам и без ташна! Дури поубаво ми е!

- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.

Кај мене е обратно :smir:, првин пантолони па блуза

- Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.

само ќе направам оооооо :smir:

Драги Кајганџики повелеле. Колку од овие факти се вистина?![/quote]
 
Повеќето работи се точни, ама јас на пример ретко кога сакам cuddling. Првата мисла ми оди кон цигара и упаљач, милување подоцна.

Турбан праам.

Се смеам кога филмско маже ќе си го попие меѓу препони (пошто си го барал :icon_lol: )

Љубам чанти.

Би додала:
- Ко што знае жена да сврти машки памет, никој друг не знае.
-Боље да е на твоја страна, него против тебе.
-Подмолни кучки сме за исфрустрирани маленкости. За останатиот свет сме или нормални или курви.
-Способноста за шопинг е вродена особина.
 
- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.
О, колку само никогаш не сум ја покрила устата со раката од внатрешната страна. Никогаш!
- После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.
Ц. Уште појќе ми се витка така, ретко ми се дешава ова.
- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.
При недостиг од отворач, отварам флаши од биро, кревет, врата и слично. :pipi:
- Жените се чувствуваат чудно кога рацете им се празни, затоа секогаш и секаде со себе носат чанти.
Не носам. :icon_bigg
- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
Ноуп... Од увек почнувам од доле. Т.е. патики, панталони, каиш, па маица, па јакна... И тако даље.

Ах леле.. :icon_lol:
 
- Кога жените се облекуваат за излегување првин облекуваат блуза, а потоа пантолони. Кај мажите ова секогаш оди обратно.
Освен ова,( јас секогаш облекувам прво панталони па блуза) сите други факти се точни за мене.:):)
 
- Секоја жена кога се проѕева ја покрива устата со дланка, а не со тупаница.

Веројатно затоа што имаат помали раце, па тупаницата не им ја покрива устата доволно. Лошо би било кога би имале огромни раце.

- После капење жените земаат крпа и прават турбан на главата. Причините за ваквиот Ориентален ритуал се непознати.

Повеќето мажи немаат доволно коса за да го напраат ова.

- Жените отвораат пиво со отворач за шишиња.

Затоа што немаат доволно сила да го напраат со вилушка.

- Ниедна жена нема толку близок однос со своите гениталии како што имаат мажите. Жените не им зборуваат на гениталиите, не им даваат чудни имиња и никогаш не им се лутат.

Мажите уште како мали физички повеќе се зближуваат со своите гениталии. Кога жените ќе почнат да ги допираат своите, тоа е најчесто сексуално, немаат потреба да го прават тоа додека уринираат, за разлика од мажите.

- Жените никогаш не се потресуваат кога машки лик во филм ќе добие удар на неговото најосетливо место.

Незнаат што е болка.

Ноуп... Од увек почнувам од доле. Т.е. патики, панталони, каиш, па маица, па јакна... И тако даље.

Сериозно??? Не е малку тешко да облечеш панталони преку патики?
 
Незнаат што е болка.
Мхм, ти сигурно си почувствувал болка на јајници, или шознам...РАЃАЊЕ можеби? Боли бокс у муда, ама далеку од тоа дека не знаеме што е болка.
 
Верувам ти си почувствувала раѓање. Океј мамо...
Инаку, како што сите животни можат безболно да се породуваат, така и човекот треба да може, само сигурно е наметната таа болка. Тоа е физиолошки процес, природата ве припремила за тоа. Нас не натерала да си го чуваме меѓуножјето со тоа што не направила преосетливи во тоа подрачје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom