Квази-навивачи!

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување

Vartolu

The Infamous Mobb
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.492
Поени од реакции
6.364
Што мислите за квази навивачите?Или навивачи на тимови кој се постојано први..Пример еве да земеме пример со Јувентус..Прв,прв,прв и оп Сериа Б..И познавам многу луѓе, кои „навивале“ за Јувентус и тогаш прекинаа,се оддалечија од клубот, и се префрлија по другите тимови..Епа сега една работа ме инспирира во темата за Премиер Лигата..Гледам за Манчестер има 100гласа, другите се со дупло помалку..Ете пример Ливерпул е најтрофеен клуб во Англиското првенство па на таа табела се наоѓа последен..Дали навивате/односно почнавте да навивате за тимот поради тоа што е прв, и најјак, или поради играчите, начинот и стил на игра, или поради доминантноста на тимот во последните години во домашното/европските шампионати(УЕФА,ЛШ итн)..Мислам дека кога навиваш за еден тим треба да останеш со него во каква и да е положба клубот..Навивачите на Јувентус го имаа овој како да речам гарантен лист за положен навивачки испит..Сакам да се потрудиме да одговараме искрено (знам, дека никој нема да речи еве јас сум таков, но сепак треба малку да се потрудиме за искреност)Дали навивачите на Интер навивале одамна за Интер, или навиваат сега зошто тој е прв во последните 2год во Италија, дали навивавте за Челзи, од времето на Џанфранко Ѕола и Виали, или навивате од кога дојде Абрамович да купува играчи (Абрамовичизмот:))?Дали навивавте за Барселона пред да се случи Роналдињо?Дали навивавте за Реал пред да се случи Ел Галактико, времето на Ф.Иеро...И да не должам....

*Јас како клинец(4-5одделение навивав за Реал).Ама тогаш детско онака, за да се караме на улица вака така.Сега сум Јувентињо:wink:Ланската сезона го зајакна моето навивање за овој тим!И ако сака и во Сериа Ц1 нека испадни, јас пак ќе навивам за него..Искрен одговор е овој...Такви очекувам и од вас!

т.е.Прашањето на темава сакам да се одвива врз..Ваша дефиниција за квази навивачи, и зошто сте почнале да навивате за клубовите за кој навивавте...
 
Јас почнав да навивам за Манчестер Јунајтед во далечната 1996 година само заради еден играч-Ерик Кантона. Ме воодушеви со пожртвуваноста и стилот на игра како и тоа како беше прифатен од навивачите! Тогаш почнаа и преносите од Англиско првенство и така почнав поредовно да ги пратам и се повеќе да навлегувам во навивачките води. машинеријата од Олд Трафорд си го направи своето, бев повлечен и повеќе нема враќање назад. Манчестер Јунајтед е РЕЛИГИЈА, ние сме верници во нешто реално и јас гарантирам дека ниеден навивач на Јунајтед нема да се откаже од црвениот дрес без разлика дали сме први или последни. Тоа е пасија која не може да се опише и може да ја почуствува само вистински навивач на Јунајтед.
Манчестер сеуште не е најдобар англиски клуб но се стреми кон тоа така да не може да се наречеме дека сме квази навивачи!
Поздрав од еден од најверните црвени ѓаволи!
 
Навивам за Манчестер Јунајтед о 1994 година!!! И еве до ден денес страстно ги подржувам и навивам за нив!!!
Станав нивни навивач затоа што имаа најдобра игра во Англија и ради Рој Кин, според мене најлегендарниот капитен на Манчестер!! Тогаш бев детиште и ми беше идол!!! Исто мн го поштував и Кантона! Ама го гледав само 2 сезони во Манчестер и криво ми беше!!! Уште повеќе ги засакав од кога испадна таканаречената The Golden Generation:
Пол Сколс
Браќата Невил
Бекам!
Кога се мењаваа генерациите во Манчестер од продажбата на Бекам до откинувањето на договорот со Кин можам да кажам дека најжестоко ги бранев од сите клошари шо ги напаѓаа!!! Ѓаволска крв тече во мене!!!
Иначе такви квази навивачи ги има МНОГУ!!!!
Сите фанови на Челзи( со чесни исклучоци)
Сите фанови на Барса( од кога го купија Роналдињо)
Сите фанови на Арсенал( од кога изиграа цела сезона без пораз, тогаш па секој втор беше за Арсенал, ГРЕВОТИНИ)!!!
Мн ретки се тие навивачи што го сакаат клубот како свое! Еве гледам и по форумов! Луѓево си лечат комплекси со фудбалот и тоа ич не ми се свиѓа!!!
Како и да е! Кико ја сети Манчестер-Ливерпул x2! :pos2::pos2::smir:
 
Како и да е! Кико ја сети Манчестер-Ливерпул x2! :pos2::pos2::smir:

:salut:Се прават грешки...Сепак е прогноза, и ТИП...Епа сега не излегуваат секогаш..Искрено мислев дека Ливерпул се во форма, и дека ќе издвојат победа, ама Манчестер покажа многу подобра игра,(дали поради исклучувањето на Маскерано :toe:)ама ете, честита победа..:helou:
 
Чоек, во англиско за сите имам навивано. Прво бев за Манчестер, па бев за Арсенал, па бев за Ливерпул и последно шо ми текиња бев за Тотенхем пред неколку години. Ама, тогаш бев стварно копиљ, и онака копиљско навивање беше тоа. Мењај ко чорапи, за да се расправаш со другарите и слично.

Иначе, кога веќе даде пример за италијански тимови, за Рома навивам веќе 10 години, и никад ниту сум престанал да навивам, ниту ништо. Зашто навивам, така, вистинските навивачи на форумов знаат зошто.

Јас со други не се замарам, единствено мене ми е важно јас да навивам за тој тим. Овие тимови сега што ги сакам, и на кои сум симпатизер и навивач, засекогаш ќе навивам за нив, без разлика што и да се случи.

А дека има такви навивачи какви што рече фантом, има навистина. Гревови.
 
почнав да навивам за манчестер уште кога играше бекам во тимот. поради бекам го засакав манчестер. некако тој играч ми беше најдобар во тоа време и само кога гледав како изведува слободни му се чудев.
и еве до ден денес страстен навивач сум на манчестер.
никогаш не сум се двоумел дали да навивам за манчестер дури и кога имале кризи (мислам дека се сеќавете на ужасната фаза во ЛШ кога испаднавме во групи и тоа бевме 4). некои мои другари кои беа тоа време за манчестер се преориентираа накај други тимови ама јас си останав верен на најдобриот клуб.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ФОРЕВЕР!!!!!
 
Одкога почнав активно да следам фудбал навивам за Јувентус најпрво поради Дел Пиеро легендата на Јувентус...кон друг тим немам симпатии како некои луѓе од италијанско за овој од англиско за оној од шпанско за некојси 3ет...бев достоен на клубот и во сериа Б и да отиде и уште подоле би останал со него така да за мене нема друг клуб освен ЈУВЕНТУС:salut::pirat:
 
Одкога почнав активно да следам фудбал навивам за Јувентус најпрво поради Дел Пиеро легендата на Јувентус...кон друг тим немам симпатии како некои луѓе од италијанско за овој од англиско за оној од шпанско за некојси 3ет...бев достоен на клубот и во сериа Б и да отиде и уште подоле би останал со него така да за мене нема друг клуб освен ЈУВЕНТУС:salut::pirat:

Си кажуваме кон кого имаме симпатии од тимовите во англиско,шпанско итн...Јуве се знај, на прво место...
 
Јас од кога знам за фудбалот навивам за Манчестер Јунајтед, а тоа е од многу одамна...(поточно од кога знам дека овој клуб постои)
И до денес навивам за Ман Јунајтед и не планирам да навивам за друг клуб до крајот на мојот живот...
А да се надоврзам за темата...Мора да признаат многу членови на форумот кој сега навиват за Челзи дека пред да дојде Абрамович во Челзи не се знаеле дека постои таков клуб и не се знаеле 5 играчи да набројат...ама тоа е тоа...реалност :toe:

Поздрав!:salut:
 
Почнав да навивам за Манчестер во 1997 година.Најмногу го сакав Бекам и тогаш бев спремен да убијам некого ако кажеше лош збор за него.Памтам кога им даде гол на Реал во ЛШ само стоев со отворена уста и не можев збор да кажам,стоев здрвен,нем и со восхит гледав во телевизорот.За Ман Утд ќе бидам засекогаш макар паднале и во 6 лига.За Манчестер имам плачено од радост и тага.Не сум квази навивач,па ни ќе бидам.А, такви ги има многу:
За Челси порано не знаеја ни во која лига е клубот а сега се "верни" на Челси
За Барса никој не беше пред да дојди Забло и ред други примери...
 
epa vaka porano navivam za man united :D arno ama kako kopilj 4-5 odd bev u rim i gi gledam roma - lazio kako igraat i od togash si gi sakam roma :D. Ina4e za roma navivam 6-7 godini i mi e galje dali ke bidat u 2 ili 3 liga ja sum si za niv. A ina4e drug tim sho go sakam e totenhem zs ednash fativ 13500 zaradi nego za 50den uplata :D. Na greska go pishav 2 namesto 1 i op 7 koficient lapnav :D
 
За Арсенал навивам некаде од 2000 кога веќе почна да се ствара таа колонија на француски играчи. Како што ми е останато во сеќавање токму таа сезона 2000/2001 во Арсенал беа донесени Анри, Пирес, Вилторд.. а добро се сеќавам уште кога за Арсенал играа и Апсон, Кион, Симан (кој во тоа време беше еден од најдобрите голмани) Парлоу, Петит... Инаку кај Арсенал најмногу ми се допаѓаше стилот на игра и тоа што во тој период постигнуваа повеќе голови.
 
За Арсенал навивам некаде од 2000 кога веќе почна да се ствара таа колонија на француски играчи. Како што ми е останато во сеќавање токму таа сезона 2000/2001 во Арсенал беа донесени Анри, Пирес, Вилторд.. а добро се сеќавам уште кога за Арсенал играа и Апсон, Кион, Симан (кој во тоа време беше еден од најдобрите голмани) Парлоу, Петит... Инаку кај Арсенал најмногу ми се допаѓаше стилот на игра и тоа што во тој период постигнуваа повеќе голови.
Само Вилторд беше донесен таа сезона!!!
Изгледа си ги гледал резервите на Арсенал чим си видел Апсон да игра!!! :)
 
ООо колку такви знам...кој тепа за тој се...ја сум долго време за Интер,и кога губел и кога тепал итн итн
 
Слично како Чомбе, за МанУ почнав да навивам кога почнаа да даваат делумно (од време на време) преноси од Премер Лигата по нашиве телевизии. Ме плени играта на "детскиот" тим, пошто скоро сите беа 19-21 година. Од тогаш сум омаѓијан ..... :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom