Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Нихилиста морам да ти казам дека си во заблуда. Твојата Душа е вечна, а се раѓаш во друго тело во зависност од тоа што треба ново да одработиш на патот на прогресијата на твојата Душа.Секој живот што го добиваш е со една цел да се сетиш зошто си се родил пак и што треба да одработиш. Сети се дека си дел од Бог
Според ова, во заблуда е многу народ. Но можеби во заблуда си ти... т.е. оној кој верува дека реинкарнација постои и дека душата е вечна...само врз основа на изјава :)
А доколку си дел од Бог, не се реинкарнираш...у ствари зависи од кој бог, многу ги има, ваљда според азиските пошто православниот вели дека не се реинкарнираме, колку што знам.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Е видиш и христијанскиот -Исус зборувал за реинкарнацијата но тој дел е изваден од Библијата. Знаеш секој верува во она во што сака. Не те убедувам ниту пак сакам да те убедам во нешто. Тоа е твоја лична работа.
 
Точно, секој верува во она што сака, а за убедување не сум така убедлив (она со Исус е нонсенс пошто нема официјален напис за тоа...или има?) ниту пак некој некого овде убедил во нешто. Али ако веќе започнуваш со таков цврст став за реинкарнацијата...треба и нешто поопипливо.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Па добро прочита за моето лично искуство во регресијата и за мене е тоа опипливо искуство. Само со вас поделив лично искуство, тоа е право на личен избор. Од секогаш чуствувам дека има нешто повеќе од овој видлив свет, доста читам на таа тема истражувам, учам различни техники и личните искуства и стекнати знаења ги споделувам со оние кој ги интересира да разговараат на таа тема.

Еве уште информации од мене. Имам и други искуства од регресија. Барав одговор на прашањето кој е мојата задача во овој живот. И ми се покажа иднината која не беше баш розова искрено ме уплаши. Регресологот ми кажа дека многу ретко се дозволува да се види иднината и простете но чуствувам дека нетреба да зборувам за тоа искуство.
Иначе имам убави искуства и од техниките на Филис Кристл тоа се техники за раскинување на врски. Се работи во групи, станува збор за групни медитации за раскинување на неприродни врски со личности, настани и сл. кои не спречуваат во нашиот натамошен развој.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас не гледам никаква поврзаност со реинкарнација, реинкарнација е ново тело стар дух, обновување на духот а ова нема врска со тоа
Ако не забележа, реков дека тоа е само едно од моите искуства. Тоа ми потврди дека имам душа. Имам серија мемории кои не знам како да ги поставам во хронолошкиот редослед на настаните од мојот живот. Како помал имав многу такви. Сега повеќето се фрагментирани, но се уште се "живи".

сепак можно е затоа што иако беше во кома твојата потсвет не беше и цело време работеше и затоа од некаде ти дојде тоа сеќавање, разговарај со било кој психолог, или некој психоаналитичар ќе ти го каже истото, потсвеста цело време работи без разлика дали сме во кома дали спиеме или не
Потсвеста го напушта телото? Во кои случаеви?

еве ке ти кажам еден прост пример дали некогаш ти се случило да треба да станеш во 6,30 и го наместеш алармот во 6,30 но се разбудуваш без аларм тоа ти е потсвеста.
Да ми се случило, ама каква врска има со тоа што го искусив? Не гледам поврзаност.

Нептун, ова што го наведе не е никаков доказ за реинкарнација...си имал проекција па си можел да го видиш сопственото тело и се околу тебе...
Сега еден вика потсвест, друг проекција (астрална проекција?) Може да добијам едно објаснение?

Јас не знам да правам (астрални) проекции.

тоа нема никаква врска со реинкарнација...
За да покажам дека реинкарнација постои, морам да покажам како сум дознал дека луѓето имаат души, step by step што се брзаш?

можеби ппретходно во темава беше одговорено но ете сакам пак да слушнам од тебе...што е подложно на реинкарнација?...и зошто се реинкарнира?...се разбира не расправам за некаква точност на одговорите, само ме интересира твоето мислење...
Зошто сме тука?

Тука сме да искусуваме. Преку искуството не учиме само за себе си туку и за се околу нас. При умирање настанува губење на меморијата но не и на искуството. Некои луѓе не се сеќаваат па мислат дека прв пат живеат на планетава, има некои, како мене, кои имаат некоја меморија од минати животи (најверојатно, инаку не знам како да го објаснам поинаку), а има луѓе кои имаат скоро целосна меморија од минати животи. Да не должам, имам објаснето и овде некои детали.

Има многу такви случаи, но тоа нема врска со реинкарнација ?!?!
Реинкарнација колку што знам јас е мртвиот да стане жив најпросто кажано!
Мора да правиш разлика меѓу реинкарнација и резурекција (воскреснување).

Регресија направив кај еден невиден регресолог се вика Сузан и доаѓа два пати во година. Контакт со неа може да побарате во Институтот Константин. Сузан е мајстор и по реики и Бахова цветна терапија. Знам дека ми беа покажани мои животи зошто немав искуство кое можеше да се поврзе со ништо што сум го причитала или видела како филм. Точно ми се даде одговор на прашањата на кои побарав одговор. Искуството не се раскажува само може да се доживее. И верувајте знаете дека е вистина. Она што за мене сега е најважно јас немам страв од смрт.
И јас сакам да направам регресија, вака имам сеќавања, но со регресија мислам дека можам да се сетам повеќе. Кога доаѓа таа Сузан пак?

Според мене реинкарнација е најглупа теорија. Финтата е дека ти у ствари не си овој сеа него стално некој друг, што у превод значи само родот опстојува, а секој поединечно е само еднаш и никад више ко сега него стално друг. Баш утешно.Со други зборови нема господ само едни се раѓаат други умираат.
Можеби сакаш да има Господ? Звучеше разочарано.

И да, не гледам што е глупо во тоа. Ако тебе ти е глупо - во ред. Твое мислење.

Реинкарнацијата е реалност, дали ти верувал или не, имаш доста луѓе кои го потврдуваат тоа. Само затоа што ти недостига иксуството не значи дека не постои.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Сузан беше во октомври мислам дека ке дојде на пролет но во секој случај штом ќе добијам информација веднаш ќе ја проследам па кој сака нека закаже. Иначе околу твоето искуство јас мислам дека твојата душа го напуштила телото и затоа си можел да посматраш од височина. Во регресија секогаш имаш позиција на посматрач и се гледаш од височина. Кога одиш од живот во живот мислам на регресијата јас еднаш се задржав малку горе и го видов и мојот учител горе, а сите души се како сјајни звездичи и едноставно знаеш дека ги познаваш.
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
којзане, можеби има нешто, една видовита жена ми кажа дека во некој прошли живот сум била принцеза во Англија
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Минатите животи се гледаат и во астролошката карта. Има таму некој дел за кармата и знам дека кај мене се поклопија многу работи
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Нептун, за да се случи астрална проекција не мораш ти да знаеш претходно за тоа. Во моменти на интензивен стрес или силна физичка болка може да дојде до спонтана астрална проекција. Во многу ретки случаи врската меѓу астралното тело и физичкото тело е толку лабава што и при нагли движења доаѓа до проекција.

Еден од луѓето кои најдалеку стигнале на полето на астралната проекција Sylvan Muldoon http://www.psychwww.com/asc/obe/whois_mu.html
во една од неговите книги раскажува за пример како слегувајќи по скали се препнал и неговото физичко тело се истркалува по скалите а тој останува на скалите набљудувајќи го своето тело.

Тоа со потсвеста нема врска зашто додека си бил во кома таа нема начин да регистрира импресии од надвор.

Лемуријанка ја спомена книгата Патишта на душата. Во таа книга се вели дека заради забрзување на процесот на напредок преку искусување постои можност ентитетот што се инкарнира да се појави истовремено
во две па и повеќе тела, на оваа или други планети, во оваа или други димензии што навистина дополнително го комплицира и онака недоволно јасниот процес на реинкарнација.

Учењето за реинкарнацијата е недвоиво од законот за карма, збор за кој што западната мисла нема соодветен превод, а најблиска дефиниција би била - УНИВЕРЗАЛЕН ЗАКОН ЗА АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА -
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Нептун, за да се случи астрална проекција не мораш ти да знаеш претходно за тоа. Во моменти на интензивен стрес или силна физичка болка може да дојде до спонтана астрална проекција. Во многу ретки случаи врската меѓу астралното тело и физичкото тело е толку лабава што и при нагли движења доаѓа до проекција.
А мемории од други животи? Зошто го имам и тоа. Сум имал и NDE и OBE. Сега треба да го додадам и Астрална Проекција на таа листа, иако не знаев дека то аго имам искусено. ме интересира нешто, најголемиот дел од овие работи се појавија кога почнав да учам за филозофите на духовност (спиритуалност), во комбинација со јога и медиации. Дали тоа има некаков ефект врз моите искуства? Или е чисто по случајност?

Тоа со потсвеста нема врска зашто додека си бил во кома таа нема начин да регистрира импресии од надвор.

Лемуријанка ја спомена книгата Патишта на душата. Во таа книга се вели дека заради забрзување на процесот на напредок преку искусување постои можност ентитетот што се инкарнира да се појави истовремено
во две па и повеќе тела, на оваа или други планети, во оваа или други димензии што навистина дополнително го комплицира и онака недоволно јасниот процес на реинкарнација.
Значи мислиш дека реинкарнацијата постои? Зошто тоа баш ме интересираше, твоето мислење. И ме интересира исто, дали регресија би помогнало да ги реставрирам мемориите од минати животи? Зошто порано ги имав многу но сега се многу малку и фрагментирани.

Учењето за реинкарнацијата е недвоиво од законот за карма, збор за кој што западната мисла нема соодветен превод, а најблиска дефиниција би била - УНИВЕРЗАЛЕН ЗАКОН ЗА АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА -
Порано верував во карма, сега не толку многу, но ти викаш дека двете се поврзани, би можел ли да ми објасниш како?

И фала на тебе и Лемуријанка за инфото.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Nema reinkaрнација ако вие опстојбата на родот ја нарекувате ваша лична бесмртност баш проблем!
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Ако не забележа, реков дека тоа е само едно од моите искуства. Тоа ми потврди дека имам душа. Имам серија мемории кои не знам како да ги поставам во хронолошкиот редослед на настаните од мојот живот. Како помал имав многу такви. Сега повеќето се фрагментирани, но се уште се "живи".

Потсвеста го напушта телото? Во кои случаеви?

Да ми се случило, ама каква врска има со тоа што го искусив? Не гледам поврзаност.

Сега еден вика потсвест, друг проекција (астрална проекција?) Може да добијам едно објаснение?

Јас не знам да правам (астрални) проекции.

За да покажам дека реинкарнација постои, морам да покажам како сум дознал дека луѓето имаат души, step by step што се брзаш?

Зошто сме тука?

Тука сме да искусуваме. Преку искуството не учиме само за себе си туку и за се околу нас. При умирање настанува губење на меморијата но не и на искуството. Некои луѓе не се сеќаваат па мислат дека прв пат живеат на планетава, има некои, како мене, кои имаат некоја меморија од минати животи (најверојатно, инаку не знам како да го објаснам поинаку), а има луѓе кои имаат скоро целосна меморија од минати животи. Да не должам, имам објаснето и овде некои детали.

Мора да правиш разлика меѓу реинкарнација и резурекција (воскреснување).

И јас сакам да направам регресија, вака имам сеќавања, но со регресија мислам дека можам да се сетам повеќе. Кога доаѓа таа Сузан пак?

Можеби сакаш да има Господ? Звучеше разочарано.

И да, не гледам што е глупо во тоа. Ако тебе ти е глупо - во ред. Твое мислење.

Реинкарнацијата е реалност, дали ти верувал или не, имаш доста луѓе кои го потврдуваат тоа. Само затоа што ти недостига иксуството не значи дека не постои.

Тоа што ти кажав пример со часовникот и со алармот сакам да ти кажам дека тоа ти е потсвеста и дека тоа е еден од најпростите примери за потсвеста а тоа што мислиш дека имаш душа и дека си бил нешто во "претходниот живот" тоа ти е така поради силното верување во тоа и самото се врежува во потсвеста и самата душа е само друг збор за потсвеста сигурно не си од оние кој што мислат дека душата се наоѓа под или над срцето или под белите дробови, тоа ти е потсвеста, јас никогаш цврсто не сум верувал во тоа и затоа никогаш не сум ја натерал потсвеста да верува во тоа дека сум реинкарнација од нешто или од некого, така да тврдам дека тоа е само твое потсвесно размислување
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Нептун, се разбира дека јога практиките и медитацијата ја иницирале или придонеле таа состојба кај тебе да добие на интензитет. Но сигурен сум дека ти си предиспониран за сето тоа од минатите животи, претпоставувам дека веќе си се движел по патот на духовноста во минатите инкарнации и веќе си подготвен.Биди уверен дека тука нема случајности.

Што се однесува до флешовите кои ги добиваш а за кои ти мислиш дека се од минатите животи, одговорот е да. Регресијата може да помогне да ги доведеш во некаков ред тие фрагменти. Но немој да очекуваш премногу. Сеќавањата на еден или два претходни животи се капка во море со оглед на тоа дека станува збор за неколку стотини па и илјади периоди на егзистирање во најразлични облици. Најпрвин разјасниси самиот на себе зошто сакаш да се подвргнеш на регресија.(постои една поговорка која вели: ако орачот сака добро и правилно да ја изора браздата нека не се обѕрнува назад зашто во истиот момент коњот ќе скршне и браздата нема да биде како што треба). Замисли си го животот како празна училишна табла, ти со своите акции пишуваш и црташ на таблата. Нека овој живот е час по географија а ти црташ географски карти и запишуваш податоци за реки планини и сл. Но во еден момент посакуваш некој на таблата да ти врати она што си го пишувал и цртал на минатиот час, тоа било час по математика па така на таблата се појавуваат многу броеви, формули, равенки, интеграли итн. Што ќе добиеш? На таблата ќе настане таков неред што картите што си ги цртал ќе се испомешаат со задачи па и на тебе самиот ќе ти биде тешко да се снајдеш.
Мое мислење е дека на регресија треба да се појавиш со конкретно прашање а не да бараш некаква хронологија на еден куп настани и животи.

Во еден од твоите постови си запишал дека меморијата се губи при смртта. Не, меморијата се губи многу подоцна откако (ќе запишам во наводници) "душата" ќе се всели во фетусот).

Во текот на животот ти преку своите акции (дела и мисли) кон околината, самиот себе и другите луѓе креираш позитивна или негативна карма. Од твојата карма што ја акумулираш во текот на бројните животи зависи местото, времето и условите на секоја наредна инкарнација.
Тука доаѓаме до едно прашање на кое што никој нема одговор.
Велиш/ме дека душата е таа која се инкарнира. Зошто се инкарнира?...да учи
Како да учи?...преку искуство
Како искусува?...преку дејствување, делување, активно учество во театарската претстава наречена живот.
Сега јас те прашувам, кој е дејствувачот? Ти? Кој си ти?
Ти си физичкото тело?Ти си твоето его? Ти си твоето алтер его? Ти си твојата душа?........со што ти се поистоветуваш?

Еве го проблемот - дали човековата душа може да биде подложна на законите на кармата кога во ситуацијата во која се наоѓаме таа скоро и ништо да не се прашува. Личноста(кочијашот) управува со телото(кочијата) а да во повеќето случаи душата(господарот) не е ниту свесна. Дали душата може да се смета за одговорна, доколку "кочијашот" во своето невнимание и незнаење ја преврти "кочијата" во провалија?
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Душата е таа која треба да не води низ животите до конечно просветлување. Затоа овде и дискутираме на темава. Душата е таа која се реинкарнира и треба да станеме свесни за нејзиното постоење. Секогаш кога преземаме некое дејствие сите ние знаеме дали дејствуваме исправно или не-тоа е душата. тогаш ја создаваме нашата карма. Просветлувањето е можеби сознание за вечноста на нашата душа.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
По повод гледањето на документарецот The boy who lived before ја обновувам темата.

Накратко, станува збор за Камерон, 5 годишно дете од Глазгов кој откако знае за себе раскажува приказни за неговиот претходен живот на Барра, остров оддалечен 220 милји од Глазгов. Значи, детално објаснува за куќата во која живеел, неговите родители, неговите браќа и сестри, кучето, плажата...
Покрај неговата, опишана е и приказната за некои други слични случаи во светот.

Препорачувам да ја погледенте, сите 5 дела и очекувам коментари за истата.

Еве го првото видео
 
Kajgana Shop

На врв Bottom