ОК. Ако јас бев научник? Дали тоа ќе се сметаше за доказ? Научен доказ?
Меинстрим науката никогаш не го подржала фактот дека душата постои. Така да банално е да се потпираме на нејзе.
Епа не знам, јас не се чувствував мртов ни минута. Интересното е дека возбудата се доживува на чуден начин кога не си во тело. Едноставно како да се топиш по целата соба. Тешко е да се долови емоцијата со зборови. Возбудата беше од тоа што се видов себе си на операциона маса :icon_conf.
Јас имам сеќавања од претходни животи (не знам колку се). Дали значи дека сум јас стариот идентитет? Во ново тело? Но имам и сеќавања и од овој живот, и нови карактерни особини. Тогаш како ќе оди? Се создава контраст меѓу старо-ново. Искрено, повеќе ме збунуваат твоите постови него ситуацијата пред да ги прочитам.
Едно нешто што сум забележал е дека, секој живот барем малку се разликува од тој кој во моментов го водиме. Се работи за стекнување на нови искуства (било позитивни/негативни). А за подлабока филозофија, зошто тоа го правиме, која е целта, ѕирни
тука, ако имаш доволно суров ум да го зграпчиш напишаното :wink:.
Ако твои блиски се нови луѓе секој живот, не те ли учи тоа на една многу важна лекција? Како да ги сакаш различните луѓе и покрај сите разлики, зошто во претходниот живот може ти биле семејство, или ќе ти бидат во наредниот.
На пример порано, некој расист што линчувал некој црнец, може сега во овој живот делат кревет како сосема други две особи. Е тоа би било нешто, замисли!
Нити јас се расправам, нити се обидувам да те убедам во нешто кое не си го искусил, туку да ти дадам на знење дека тоа што е недокажано не значи дека не е точно или не постои.
А за селењето на душите ти објаснив и ти дадов линк, па ѕирни.
Затоа не сум будист. Реинкарнацијата помага да се реинвентираме себе си. Можеби не можеш да го вратиш времето да поправиш некои грешки, ама секогаш има нов живот. За истите да се избегнат.