Артур Кларк: Моќта на врачот е во директна пропорционална зависност од само-осудувањето на „жртвата“.
Дедо ми воопшто не верува во такви работи, има изградено 2 куќи, сега живее во онаа што ја направи за татко ми, чува кози и си живее.
Баба ми веруваше во такви работи, редовно одеше по бајачки и слични луѓе и на крај почина од рак на 71 година.
Заклучок.... извадете си самите... мислам дека бев јасен.
А во врска со ова спортистите, и јас во младоста се бавев со ракомет, а бре ако не ти иде, не ти иде, и од аматер ќе изгубиш, миљон стативи ќе погодиш, или ако си голман под рака ќе ти минат сите топки, и за чудо една или две само ќе бидат надвор од рамките на голот.
Повредите се веќе условени од повеќе фактори, но кој работи тој и греши, најчесто ненамерно.