Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Значи не се разбираме и не:podsmev:Дивајн...само нешто да те прашам: Може ли истовремено да сакаш некој но и да ти биде преболен? Или тоа се дисјунктни поими?Ако го сакаш-не ти е преболен...ако ти е преболен-не го сакаш?
![]()
Туку, неможе да сакам некој и да ми биде преболен и неможам да преболам некој што го сакам сеуште. Незнам каде не се разбираме.
Еве малку подетално ... ако некого сакам, па ете од икс причини раскинуваме, секако дека извесен период после тоа ќе ме боли без оглед на тоа кој кому згрешил. Љубовта не се гаси преку вечер, па нормално ќе боли некое време и ако очигледно нема шанси за враќање во истата врска ќе се трудам да го преболам. Откако ќе го преболам јас тој човек повеќе не го сакам. Ќе се сеќавам на него понекогаш со радост или тага, но јас кон него сум рамнодушна од моментот кога сум го преболела. Тоа не е момент секако, но ете така да се каже ...
Да не се враќаме отпочеток, за мене оваа ситуација има еден одговор ... ако јас мислам на некого постојано, а додека мислам нешто во мене не е мирно - јас не сум го преболела без оглед што кажувам или мислам.Не сакам темава да ја претворам во дискусија за тоа дали јас сум ја преболела таа личност или не, но сепак...во корист на темава е да разјасниме некои работи.
Ако го прочита мојот пост во којшто кажав што значи за мене преболена љубов, сеуште мислиш дека се залажувам, дека посакувам да биде преболена а не ми е?
Да де, така е. Ама нели зборуваме за љубов која болела. Значи таквата не постои откако ќе се преболи.Уште нешто...ако некоја љубов е заборавена т.е. чувствата исчезнале, избледале (ватевр) не значи и дека е преболена.За да преболиш нешто...како прво и основно треба да те боли, за потоа да кажеш дека си го преболил.А секоја љубов што заради х причини, припаѓа на минатото, не мора да значи дека е преболена.Можеби не ни дошло до болка, или до таа јачина на болка што доведува до преболување...Можеби љубовта исчезнала без предтоа да осети било каква болка...