city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37
Македонија го зазема второто место во регионот по квалитетот на услугите што еден купувач ги добива на продажните места.
Ова се наведува во тајното истражување „Mystery Shopping Day”, спроведено од агенцијата „Хераклеја”, кое што беше презентирано денеска во Загреб. Истражувањето е спроведено врз база на тајни купувачи кои посетиле по 850 трговски објекти во секоја, држава произлезена од поранешна Југославија. Оценувањето се одвивало во пет категории, поздрав од продавачот, проценување на потребите на купувачот, познавање на производот, нудење на дополнителен производ и изразување благодарност за посетата на продажното место.
Притоа Македонскиот продавач убедливо го зазема водечкото место во категоријата проценување на желбите на купувачот.
Врз база на збирна оценка, Хрватска го зазема првото место со освоени 70,7% од максималните бодови, пред Македонија (68,9%), Косово (67,9%), Србија (66,5%), Словенија (63,7%), Босна и Херцеговина (58,5%) и Црна Гора (55,9% бодови). Идеален продавач би бил оној кој би ги познавал производите и би поздравувал како Хрватот, би ги препознавал желбите како Македонецот, би ги нудел производите како Косоварот, а би се заблагодарувал на довербата како Словенецот. Цел на анкетата биле автосалони, банки, малопродажни места, бензински пумпи, супермаркети и продажни пунктови на телекомуникациски компании.
Извор: ТОТАЛ