- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 1.952
- Поени од реакции
- 14
Земјоделците од велешко Башино село сами најдоа пласман за младиот кромид. Најголемиот хрватски ланец супермаркети „Конзум“ го откупи речиси целото годишно производство на оваа раноградинарска култура од башиноселци.
На сред село се работи ударнички. Дење се товара, а ноќе кромидот се мие и врзува, земјоделците презадоволни од цената по која Хрватите го откупуваат.
„Моментално годинава прва лига е, цената е 50 денари килото моментално, до сега има извезено околу 210 тона, сега чекаме и со другиот камион до вечер да го товариме и тој. Секоја ден, нема прекинување “, изјави Горан Блажевски, земјоделец од Башино село.
Со годишно производство од околу 350 тони млад кромид, башиноселските земјоделци се најголемите производители на оваа култура во земјава.
Кромидот главно се одгледува во пластеници, што овозможува порана берба и подобар квалитет. Тоа е главната причина поради која Хрватите го откупија целото годишно производство.
„Годинава се исплати, сами го најдовме. Да речам задоволни, дури и презадоволни од цената и понатаму ако биде така ќе бидеме многу задоволни“ рече Тоше Рогужаров ,земјоделец од Башино село.
Башиноселскиот млад кромид нема да се продава по пазарите, туку само во маркетите на „Конзум“, чиј сопственик е „Агрокор“.
Овој хрватски гигант наскоро ќе отвори откупни центри во земјава, кои на башиноселци, но и на сите земјоделци од земјава треба да им го реши проблемот со пласманот на нивните земјоделски производи.
Извор А1 Телевизија
Од една страна ова е добро за македонските земјоделци конечно ќе добијат фер цена за нивното производство но од друга страна ова ќе створи недостаток на раноградинарски култури на домашниот пазар и ќе се соочиме со пораст на нивните цени кои уште толку би го поткопале и така сиромашниот стандард. Дали решението е во добро планирање на производството или воведување на квоти за извоз на земјоделски производи?
Ако не се реши оваа дилема според мене може да се доведеме во ситуација од земја извозник на земјоделски производи да станеме земја увозник, а со тоа да го губиме целиот девизен прилив кој се создава при ова.