Што мислите за фокусирањето на љубовта, дали е тоа возможно?
Можеме ли да избереме кого ќе го љубиме?
Па некој за жал го прави тоа, но во смисла на лажно верување ( заради лична корист - материјално ).
Друг случај ти се повредени личности што би сакале секого и се би дале за да најдат некој што ќе ги сака ( премногу не самоуверени и премногу болки во нивниот живот што ете за жал преголем белег им оставиле тие болки на таа особа ).
Трет случај каде што тоа не е возможно, се сведува на вистинската слика на љубовта мора да ја осетиш, не можеш да ја фокусираш ( нормални особи, немале болни искуства или лесно ги надминале или тазе влезени во љубовните води ).
За мене неможам да ја фокусирам љубовта, можам да ризикувам некои работи, можам без разлика на се да ја сакам таа личност но никако тоа да го правам ако сум ја фокусирал љубовта ( не можам да ја искажам љубовта моја затоа што ја нема ), морам првен да ја почуствувам па да почнам да ја искажувам и можам да се фокусирам во љубовта на убавите нешта.
Дали тоа го правиме свесно или несвесно?
Па прилично и двете некој свесно некои несвесно но како и да е и двете страни имаат една цел, да се обидат да ја закопаат или да ја излечат болката што ја чуствуваат дека им е нанесена или сами си ја нанесле. Ја никогаш не би го направил тоа.
Да, ние можеме да избереме со кого ќе започнеме врска, љубовта не доаѓа веднаш. Ние со одбирање на партнер, во моментот не ја бираме љубовта.
Не те сфатив убаво. Сакаш да кажеш дека некој ако искаже љубов или едноставно се пушти на некоја особа не треба таа особа пред тоа да ја осети љубовта кон тој (што и искажува љубов или се пушта), само треба да гледа таа особа да сака да има врска со него, па после ако има љубов супер, ако нема не си одговараме ?
Ке испадне ај досадно ми е па ај да имам врска со некого па да видиме дали ќе ја почуствувам љубовта.
Ја вака сфатив, а со ова не се согласувам, мораш да ја почуствуваш за да знаеш дали треба да ја искажеш љубовта или да бидеш со некого во врска.
Што мислите колку е возможно објектите на истата љубов да се менуваат само за да се скрати патењето?
Возможно е.
Па прилично мислам кога ќе ја почуствуваш болката тоа е и лекот, демантирање со нешто, со некоја работа или некое сфакање дека ете поради тоа не треба да бидете заедно или ете судбина било.
Дали ви се случило и како би реагирале ако ви се случи?
Не ми се случило, ќе се обидам никогаш да не ми се случи, а ако ми се случи едоставно незнам како би реагирал - не сакам на тоа да размислувам.