back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Вака, се ближи времето на активација на новата сезона на <codefu/> натпреварот во програмирање. Оваа година ќе биде со поголема и позбогатена програма, со неколку преднатпревавари, со поголема конкуренција и поголем фонд на награди. Овие информации се сеуште неофицијални а за некој конкретен распоред сеуште нема информации.
Сега за сега, овде ќе ви наведам некои места каде што ќе можете да насоберете доволно кондиција за да пoстигнете солиден резултат на натпреварот.
TopCoder - алгоритамски натпревари. Одете овде и стегнете еден клик на O знакот горе лево. Се инсталира Java апликација односно арената за натпреварување. За да можете да учествувате потребно е претходно да се најавите како натпреварувач. Ова го правите овде. Откако ќе се најавите ви се отвара гостинската соба. Одете во менито Practice Rooms и избирате рандом собичка. Препорачувам SRM подмени и некој натпревар со DIV2 постфикс.
Откако ќе влезете во собата на натпреварот, идете на комбото Select One и изберете некоја задача на база на бројот на поени што ги носи. Ви се отвара прозорец со опис на задачата и простор за пишување на код. Откако ќе го напишете кодот, стегате Compile па ако помине без грешки - Test. Ако овие основни тест случаеви поминат и ако сте сигурни во напишаното - стегате Submit. После тоа идете во менито Practice Options -> Run system test каде што се извршуваат сите предвидени test случаеви и утврдува дали задачата е правилно решена
Одвреме навреме се случуваат и планирани натпревари каде што натпреварувањето е real-time. Со решавањето задачи овде, добивате поени и рејтинг погоре и погоре.
UVa Online Judge - Ова е една од најголемите бази на задачи поврзани со ACM ICPC (International Collegiate Programming Contest). Се регистрирате, се логирате. Бирате задача. Имате две групи: класични проблеми и проблеми од натпревари (оние кои досега се паднале на некој натпревар). Кога ќе отворите некоја задача си има копче Submit каде што може да го прикачите кодот - ваше решение на задачата. Резултатот од кодот се гледа во My Submissions.
Официјален јазик на codefu е Java. Овие сајтови за натпревари кои ви ги предложив примаат решенија во повеќе програмски јазици.
За подетално инфо, одете расчепкајте, расчиткајте.
За поконкретни информации за codefu, за време или после JobFair кога официјално ќе биде највен натпреварот.
Чирс.