Информации за натпревари

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Вака, се ближи времето на активација на новата сезона на <codefu/> натпреварот во програмирање. Оваа година ќе биде со поголема и позбогатена програма, со неколку преднатпревавари, со поголема конкуренција и поголем фонд на награди. Овие информации се сеуште неофицијални а за некој конкретен распоред сеуште нема информации.

Сега за сега, овде ќе ви наведам некои места каде што ќе можете да насоберете доволно кондиција за да пoстигнете солиден резултат на натпреварот.

TopCoder - алгоритамски натпревари. Одете овде и стегнете еден клик на O(n) знакот горе лево. Се инсталира Java апликација односно арената за натпреварување. За да можете да учествувате потребно е претходно да се најавите како натпреварувач. Ова го правите овде. Откако ќе се најавите ви се отвара гостинската соба. Одете во менито Practice Rooms и избирате рандом собичка. Препорачувам SRM подмени и некој натпревар со DIV2 постфикс.
Откако ќе влезете во собата на натпреварот, идете на комбото Select One и изберете некоја задача на база на бројот на поени што ги носи. Ви се отвара прозорец со опис на задачата и простор за пишување на код. Откако ќе го напишете кодот, стегате Compile па ако помине без грешки - Test. Ако овие основни тест случаеви поминат и ако сте сигурни во напишаното - стегате Submit. После тоа идете во менито Practice Options -> Run system test каде што се извршуваат сите предвидени test случаеви и утврдува дали задачата е правилно решена
Одвреме навреме се случуваат и планирани натпревари каде што натпреварувањето е real-time. Со решавањето задачи овде, добивате поени и рејтинг погоре и погоре.

UVa Online Judge - Ова е една од најголемите бази на задачи поврзани со ACM ICPC (International Collegiate Programming Contest). Се регистрирате, се логирате. Бирате задача. Имате две групи: класични проблеми и проблеми од натпревари (оние кои досега се паднале на некој натпревар). Кога ќе отворите некоја задача си има копче Submit каде што може да го прикачите кодот - ваше решение на задачата. Резултатот од кодот се гледа во My Submissions.

Официјален јазик на codefu е Java. Овие сајтови за натпревари кои ви ги предложив примаат решенија во повеќе програмски јазици.

За подетално инфо, одете расчепкајте, расчиткајте.

За поконкретни информации за codefu, за време или после JobFair кога официјално ќе биде највен натпреварот.

Чирс.
 
А што се нагрдите на codefu патување до нивни семинар или нешто повеќе????
 
Главните награди па се исти: три платени аранжмани за Jazoon 2008 во Цирих. Меѓутоа, планирано е оваа година да има и преднатпревари со мали материјални награди. Е сега што конкретно, треба да се распрашам и да ви кажам.
 
Главните награди па се исти: три платени аранжмани за Jazoon 2008 во Цирих. Меѓутоа, планирано е оваа година да има и преднатпревари со мали материјални награди. Е сега што конкретно, треба да се распрашам и да ви кажам.

Тастетура - 2$
Глушец - 2$
Претпалта едно месечна на некој исп доколку е спонзор
 
Се прошушка тоа, затоа велам.
Иначе, пак ке речам, тотално неофицијално. Може и да не излезе ваков натпревар и пак да си остане само на ланските три главни награди. Да се надевам дека овие денови ке го дознаам планот до крај.
 
Codefu2008_small.gif


<codefu/> 2008 активиран.

Значи, планирана е една рунда за загревање во која најдобриот добива iPod. За ова повеќе информации подоцна.

Понатака започнува асалниот натпревар. Исто како лани, поделен е на три рунди од кои две се онлајн, финалната во ентернет.

Датите се: 20.04.2008, 11.05.2008 и 01.06.2008.

Ајмо кодери, регистрејшн, антисипејшн, фајт!

:pishtoldz
 
1. Загревачката рунда, со главна награда iPod ќе се одржи најверојатно на 12 или 13 април. За конкретен тајминг, сите натпреварувачи ќе бидат известени по mail.
2. За оние скептиците, кога ќе се регистрирате и најавите, имате 7 (мислам толку да ќе беа) practice rounds. Нивоата се од најлесно према средно (додуша толку им е тежината и низ самиот натпревар).
 
Ne valja lugje. Ako mu veruvate na nekoj so ime AmITooNice, togash ne obvrnuvajte vnimanie na vakvite "natprevari" i slichni. Been there, done that.
 
And you got crushed, right?
Ах, „сливата е кисела“ синдром.

Ајде де бе со среќа btw:oftopic: има една тема отворено за еден алгоритам чекам одговор .

п.с
Како што заклучив организаторите ги познаваш лично сакаш да бидеш дел од тимот или си веќе и го сакаш IPod за тебе па ние ти држиме среќа
 
codefu_warmup3.gif


13ти април, 2008
18:00 - 20:00

Ајмо :pishtoldz
 
Прва елиминациона рунда, утре (20.04.2008) 12:00 - 14:00 часот.

Импресии од warmup: Ептен жустра битка. Иако беше мал бројот на учесници, битката за врвот беше неизвесна дури два дена после натпреварот. Имаше еден победник, па се откри грешка во една задача, па дојдоа два победници со ист број на поени, за да после два дена се утврди дека едниот бил 15 минути побрз од другиот. Тој другиот беше вашиот форумџија HsIlOmEdUs, за жал. Победникот е еден мој драг колега и team-mate за на ACM-ICPC - Никола Постолов.

За утре се очекува плејада од натпреварувачи и не толку компетента битка. Причината е нели - само 100 идат понатаму. Кој се нема регистрирано, сега му е мајката. И да да прашам: deXterche, Dr_ViRuS и останатите студенти информатичари, учествувате бе?

Till tomorrow... :pishtoldz :)
 
HsIlOmEdUs пак под Постолов а ?? :), нишо боње е од тебе :P (џаст кидин)
Иначе јас само надгледувам резултати и задачи, зашо јава е официален јазик а јас не сум имал контакт со тоа неможам да учествувам, не ја знам синтаксата :)
Овие тороман и трајче9 се фаворити за сеа а ?? или ке ги средите вие како електраши ?! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom