ФИРОМ ни го избраа кумовите во 1995 година
13 септември 1995 година македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Каролас Папуљас во Њујорк ја потпишуваат Привремената спогодба за нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција. Со спогодбата Грција се обврзува да ја прекине економската блокада на Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. Оваа спогодба е ратификувана на 9.10 1995 година, а стапи во сила 13. 10. 1995 година.
Претходно македонските власти се согласуваат со употреба на референцата ФИРОМ или БЈРМ ( Бивша Југословенска Република Македонија) за прием во Светската банка и монетарниот фонд. На 7 април 1993, Советот за безбедност, го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817. Според резолуцијата референцата БЈРМ, или ФИРОМ е привремена референца и се користи се додека спорот не се реши, терминот дан биде референца, а не име, како неутрална гледна точка во спорот, терминот е за користење само во обединетите нации и не е обврзувачка за било кои други организации и терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.
Кумовите на ФИРОМ се повторно заедно
Што е тоа што вака радикално ги смени состојбите?!
1. По неколкумесечното декларативно единство помеѓу претседателот и премиерот, претседателот Бранко Црвенковски почна со двосмислени изјави и отстапки за кои нема мандат со најави дека е подготвен за промена на уставното име. Тој неколку пати за овие пар недели изјави дека не е лошо да го смениме името, а не даде никаква насока или конкретен предлог со што создаде хаос и впечаток дека го продава името во замена за нов претседателски мандат;
2. Последните неколку недели во агитација за промена на името мошне агресивно и без поткрепа се вклучија компромитирани имиња како: Љубомир Фрчкоски - поранешен министер за внатрешни и надворешни работи во владите на Бранко Црвенковски; Денко Млаевски, министер за надворешни работи и амбасадор во мандатите на Бранко Црвенковски; Ѓунер Исмаил со недефинирана професија, а за време на премиерскиот мандат на Бранко Црвенковски - министер за односи со јавност; Стојан Андов - претседател на Собранието во времето кога е донесена одлука Македонија да ја прифати референцата ФИРОМ;
3. Накусо, сите кумови на референцата ФИРОМ која се употребува во светот, пред се во ЕУ и НАТО, наместо нашето уставно име се собраа на едно место со цел агитација да го смениме уставното име, а никој од нив не излегува со конкретен предлог што е замената и што за таа замена ние би добиле.
4. Заклучок: Се повторува сценариото и се повторуваат личностите кои ги водеа кампањите за време на военитот конфликт во 2001 година со крај на нивната дејност која за Македонија значеше губење на унитарноста и Бадентеров принцип на федерално уредување, со што сите загубивме освен Фрчкоски кој доби голем хонорар од Љубчо Георгиевски, а Ѓунер Исмаил и Сашо Ордановски добија бизниси со Косово... а СДСМ доби власт во соработка со терористите од ОНА. Од тогаш во јавноста е познато штом Фрчковски и неговата група се залагаат за нешто, зад тоа мора да стојат матни интереси и политичка корупција.
5. Сево ова мора да има и своја логистика во Парламентот што е работа на СДСМ. Неколку месеци лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска изјавуваше дека ги поддржува претседателот и премиерот во преговорите околу името. Последниов месец таа бара да се направи се за поканата од НАТО, што секако под зборот се подразбира и промена на уставното име. Ниту таа, ниту кумовите на ФИРОМ не даваат конкретен предлог и конкретна причина за тоа. Освен овие СДСМ презема и други активности за притисок врз оние кои не се на нивна линија. Во сред преговори на премиерот му работи зад грб со организирање државен преврат и преземање на власт без победа на избори што Грците го следат и гледаат дека можат да не обработат како им е мило и драго. Но Шекеринска не запира тука. Во истов период за прв пат се случува цела една партија да тужи медиуми. Овој партиски притисок врз медиумите ВЕЧЕР и СИТЕЛ кои не се под нејзина контрола според својот тајминг и цели, се во функција СДСМ уште еднаш, како во 2001 година да не продаде сите, да го собере ќарот кој се вика власт, а потоа повторно да мора да си оди од власта на првите наредни избори поради корупција.