Eве ги предавниците, се јавија!

Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Сеа на Канал 5 на вести, во ударниот термин во првите 10 минути дадоа некој си белгиски професор ,,експерт,, да ни соли памет за името. Па уште вика као нема врска што ќе го смените. Абе к5 станаа тотални издајници. Ако се продужи вака во македонија ќе биде потребна една операција сабја.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не се они предавници...тие знаат добро што прават....туку вие, интернет „јунаци“...вие што направивте...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Инаку еве што вели Лондонскиот весник “Економист“

„Ако имате неексплодирана бомба на вашиот куќен праг, нема да ја удрите со чекан, посебно ако слушате отчукување. Тоа не е ништо невообичаено, освен ако неексплодираната бомба не е Македонија, а чеканот не го држи Грција“, пишува лондонски „Економист“.
Ниту една страна не е невина во здодевната кавга меѓу двете земји, за тоа кој како смее да се вика.
Ултранационалистите на двете страни изнесуваат апсурдни тврдења за географските и етничките карактеристики на „историска“ Македонија. Доколку на Олимписките игри имаше натпреварување во тврдоглавост и предрасуди, учесниците во кавгите за името на страниците на Википедија ќе можеа да формираат тим кој ќе беше во светскиот врв.
Грчките стравувања од иредентизам од север не се сосема без основа. Но, тие се анахрони и занемарливи во споредба со вистинската закана: нестабилност или полошо.
Најдобар начин да се спречи „поранешната југословенска Република Македонија“ од создавање какви и да е безбедносни закани за нејзиниот јужен сосед или да се спречи бунт на славофонското население во северната грчка провинција која исто така се вика Македонија, е земјата да се вклучи во ЕУ и НАТО.
Таквата перспектива исто така ќе ги спречи барањата за Голема Албанија, која би го опфаќала Косово и голем дел од Македонија.
Членството во Атлантската алијанса се докажа како многу ефикасна мерка за смирување на старите недоразбирања (како она меѓу Грција и Турција).
Тешко е да се прифати ставот дека Грција би била посигурна ако стави вето на членството на Македонија во НАТО на самитот на Алијансата во Букурешт од 2 до 4 април, особено ако Албанија и Хрватска добијат покани за зачленување.
Америка понуди компромиси (Независна Република Македонија, Нова Република Македонија, Демократска Република Македонија и Уставна Република Македонија). Грција ги одби и сака поинакви додавки (Горна, Северна, Вардарска или Скопје). Македонија вели дека би прифатила дополнителна додавка, но таа да не е географска.
Македонскиот став на нестрпливост и покажување нервоза во минатото не одеше секогаш во нејзин прилог, посебно не во очите на Грција. Но, еден понижен и изолиран сосед би бил полош за Грција, не подобар.
Македонската кревка внатрешна стабилност е потресена. Коалиционата Влада го загуби мнозинството од како албанскиот партнер ја напушти коалицијата минатата недела, барајќи итно признавање на Косово, поголема употреба на албанското знаме и јазик и плус пензии за борците од конфликтот од 2001 година. Само брзото и ефикасно меѓународно посредништво спречи тој конфликт да прерасне во граѓанска војна.
Досега, Македонија претставуваше успешна приказна спроведувајќи брзи даночни реформи и промовирајќи ја е-владата. Од неа полза исто така имаа и грчките компании, кои согледаа дека политиката има малку или воопшто нема врска со атрактивноста на трговијата и инвестициите во северниот сосед.
Македонија е докажан сојузник на НАТО со свои војници во Авганистан (на кои, за разлика од војниците на некои актуелни членки на Алијансата, им е дозволено да учествуваат во борбени акции).
Но, треба да се направат уште многу работи. Инфраструктурата е слаба, образованието неадекватно, корупцијата се уште е проблем. Но, успешно изодениот пат за членство во ЕУ и НАТО е најдобриот начин за подобрување. Ако тоа успее, и Грција ќе има корист.
Грчките политичари ќе си направат услуга самите себе си, но и на другите, ако успеат да го решат „прашањето со името“ или барем јавно кажат дека нема да стават вето на придружувањето на северниот сосед во една организација што ќе ги направи сите посигурни и послободни.

Извор.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Не се они предавници...тие знаат добро што прават....туку вие, интернет „јунаци“...вие што направивте...
Кажи ми ти Трну што направи, освен што шириш дефетизам овде на форумов и веќе си се спремил за погребување на Македонија ? На кој тоа фронт настапуваш ако може да знам за разлика од „овие интернет јунаци„ ? Чија игра играш ? Која ти е целта, ако сакаш да бидеш така љубезен како што си грлат барем на форум, да и објасниш на мојата маленкост. Кој тоа веќе го продал името ? Имаш ли ти информации кои ние обичните смртници ги немаме ? Ајде подели ги со нас и отвори ни ги очите, да прогледаме...Убеди не дека е така и ќе организираме востание ако треба.:toe: Ама изнеси аргументи, ОК ?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Гитла бе...овцо фиромска...Фуј! Фуј!
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Никој нема храброст од новинарите да ја напише вистината :
Грција нема основа и право да бара промена на името МАКЕДОНИЈА !
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никој нема храброст од новинарите да ја напише вистината :
Грција нема основа и право да бара промена на името МАКЕДОНИЈА !
Не е дека немаат храброст,туку се продадени лајна!
Ним им одговара да се промени името,нели гледаш во последниов период колку напињаат за компломис.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Гитла бе...овцо фиромска...Фуј! Фуј!
Прекрасни аргументи...Ме убеди, дефинитивно си креле кој врска нема што ломоти само нешто да штрака по тастатурата, глуми некој си квази патриот со навредувања за сите кои не мислат како него...Нивото патриотско ти е екстра, само незнам каде се сега администраторите ? Или цензурата не важи за сите ?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Името го дава Осмиот патник заедно со сопатниците. Секој ден изјавите му се дус-дибидус. Секој ден ја спушта границта-црвената линија која коа нели ја зацртаа.

Наместо да раструбат нашиве ,,новинари,, за егејците, за преименувањето на топонимите у Егејскиот дел, за многу други ствари. Запнале компромис па компромис на наша штета.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Името го дава Осмиот патник заедно со сопатниците. Секој ден изјавите му се дус-дибидус. Секој ден ја спушта границта-црвената линија која коа нели ја зацртаа.

Наместо да раструбат нашиве ,,новинари,, за егејците, за преименувањето на топонимите у Егејскиот дел, за многу други ствари. Запнале компромис па компромис на наша штета.
Одлуката треба да ја донесе целиот државен врв, а не еден човек... затоа на еден од моите први постови во врска со тоа предложив Собранието како законодавен дом да ја донесе конечната одлука, но со јавно и поединечнио гласање, за да нема дилеми после...

А, за дипломатската наша неактивност нема збор, чекавме јајцето на газот да ни дојде па гнездо да бараме...Грците за разлика од нас не губеа време, а очигледни ниту пари не штедеа.:toe:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Престанете со меѓусебни навреди.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Престанете со меѓусебни навреди.
Браво Мистичен, ама се надевам нема еднострано да гледаш на навредите, ОК. Не барам посебен статус, само да не ги толерираш навредите искажани од некого, а нечии да ги сечеш. Остани си објективен.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не е еднострано, дадов опомена во множина :)
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Па не штедат пари нели гледаш што чудо пари фрлија на ,,експерти,, ,,стручњаци,, ,,независни новинари,, ,,интелекстуалци,, и разен друг олош. Само ме интересира колку чинат? Колку чини оваа машинерија за перење мозок. Колку чинат медиумите наши и нивните уредници?

А за Лицево и давање такви изјави...мислам изјавите му се за нигде. Тоа не да не е дипломатија, туку тоа е јавно намигнување во покажувањето на спремноста за све без пардон, и совест. Па не е водоводџија кого го интервјуирале онака успут на улица...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom