Eве ги предавниците, се јавија!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.


Samo re$enieto ne go kazuvaat...
Не ги бранам СДС, напротив, ама заерем некој навистина мисли дека ако има репение некој јавно ќе го каже за да знаат грците за стратегијата и да имаат можност за контрастратегија??

Јас не им верувам на СДС ама ич. Но, горната мисла ми се однесува на сите, не на СДС.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Се зголемува бројот на американски конгресмени кои ја поддржуваат Атина во спорот со Скопје


Се повеќе се зголемува бројот на американски конгресмени, кои ја потпишале резолуцијата 356, поради претстојната средба на НАТО во Букурешт на 2-ри април, годинава.
“Резолуцијата 356 ја осудува пропагандата на Бившата југословенска република Македонија против Грција, и го повикува Скопје за изнаоѓање на взаемноприфатливо решение со Атина во спорот за името. Бројот на конгресмените денес е 115 и е повеќе од една четвртина од членовите на Комората на претставниците на САД, кои се вкупно 435. Резолуцијата ја осудува и иредентистичката пропаганда против Грција и бара од Скопје да најде взаемноприфатливо решение за името согласно одлуките 814 и 845 на Советот за безбедност на ООН“, се вели во информацијата на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 20.03.2008 15:24:49
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Сега треба да се реагира кај американците, бидејќи мразеле-сакале, не смее да ни се обраќаат како БЈРМ туку како Република Македонија.

Колку да се знае.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Треба да се реагира да, али финансиски! Више и ние треба да ставиме прст на глава, дека затоа што сме убави и што сме во право никој нема да не сака или многу ретко.

Па и циганиве не ги сакаат зашто се убави, туку зашто кешираат. Дали у нивни изборни кампањи за сенатори, конгресмени, гувернери и разна друга администрација што постои у Сад. Треба и ние малце да учиме од испробаните и успешни рецепти. Ако немаме острови за делење барем можеме по некоја вила у Охрид да им дадеме бакшиш на јаки фаци од Сад и од светот. Да им фрлиме некоја кинта за ,,совет за туризам,, или нешто слично као што прават грците. Да купуваме текстови по светските весници, магазини. Да правиме емисии на јаки телевизии, ангажирање Пр агенции у свет, преведување на книги....

А со петиции, прогласи, апели, меморандуми се решаваат работите али многу тешко, практично невозможно. Знаеме од нашата историја колку ли само апели и меморандуми испратија нашите прави интелектуалци од почетокот на 20-от век. Па тие и дојдоа на Париската мировна конференција, меѓутоа ги набркаа од таму. Не велам дека не треба да праќаме такви апели, петиции и писма треба и тоа што повеќе.

Меѓутоа најповеќе ни треба една Обединета Македонска асоцијација подржана од Државата финансиски, и со доста прилози на Македонската дијаспора таму каде што живее. Еден единствен и организиран фонд!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.


Ех..... убаво кажано само уште да го мисли тоа.
Па не сме од вчера, зошто ова не го кажа некој месец порано, да врши притисок во таа насока...а не да сплеткари само како да дојде до власт.
Просто неверојатен пресврт за разлика од довчерашните изјави, нешто не е во ред!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.


Ех..... убаво кажано само уште да го мисли тоа.
Па не сме од вчера, зошто ова не го кажа некој месец порано, да врши притисок во таа насока...а не да сплеткари само како да дојде до власт.
Просто неверојатен пресврт за разлика од довчерашните изјави, нешто не е во ред!
Абе малце морбидно делува...зашто... затоа што волку оптимистички изјави на Рада во споредба со “компромисите“ на Сранко и целата комуњарска тајфа на чело со Малевски кое се обидува да протурка уште едно предавство е навистина чудно..
Или Захаренска знае дека нема излез и името МОРА да се смени, на што и навестила Милованович или некој друг, па сега се обидува да наметне чувство дека може да се реши за да му подметне на Грујо ефтин трик, дека МОЖЕЛО а тој не решил, т.е. како што Захаринска потенцираше “ со вистинскиот тим може да се дојде до двојна победа“ , па нели имаме “тим“ ??? или сега испадна дека не е тој “вистинскиот“ па НЕМА да дојдеме до “двојна победа“ :toe:

Кој е вистинскиот тим? Оној помеѓу 93-95 на чело со Денко Малевски??
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
:vozbud:Вистинскиот тим изгледа го има и со фотографии во една од политичките теми:pos2:
 

angie92

Патриот
Член од
25 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Gruevski nema da se predade, NE SMEE, ako rabotata bide opleskana na kraj, toa ke e zaradi onaj liguson od pretsedatel koj ne zasluzuva da e tatko na ovaa sveta drzava. Ako i nie vo minatoto mnogu pati sme bile glupavi, sme bile razedineti i sme ostavale drugi da odlucuvaat za nas kako drzava ne veruvam deka nekogas sme bile i ke bideme poslozni kako sto sme sega za imeto. SEKOJ VISTINSKI MAKEDONEC KE BIDE PROTIV PROMENA NA IMETO. ama vnimavajte, MAKEDONEC!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Не сакам да играм српско оро

Колку и да ми е мил Љубисав Иванов-Ѕинго, секогаш ми е помила Македонија, вели Витанов, кој реши да дејствува како независен

Јас, Зоран Витанов, не сакам да играм српско оро, зашто сум Македонец и сум избран од граѓаните да го штитам не само државниот, туку и македонскиот национален интерес, вели пратеникот, кој завчера реши да дејствува независно, но не ја напушти Социјалистичката партија.

* Спомнавте три причини за одлуката да станете независен пратеник - името, приемот во НАТО и Косово?

- Социјалистичката партија нема официјално став за ниту едно од овие прашања. Не се свикани ниту Републичкиот, ниту Извршниот одбор за да расправаме и да изградиме став како партија. Од друга страна, партискиот лидер Љубисав Иванов-Ѕинго на трибина во Кочани и во медиумите препознатливи по него, упорно кажува дека нам НАТО не ни треба ако мора да го смениме името. Се разбира, и јас се согласувам со тоа, но ако сакаме да бидеме докрај чесни, треба да кажеме дека го штитиме акронимот ПЈРМ, а не името Република Македонија. Бидејќи се подразбира дека ако не направиме компромис, алтернативата ни е ПЈРМ. Таква нечесна игра не сакам да водам и не сакам да бидам дел од тоа, зашто сметам дека Република Македонија има историска шанса да влезе во НАТО, да си го зачува националниот идентитет, Македонците во Грција и во Бугарија конечно да го отворат македонското национално прашање и да работиме на ЕУ-агендата. За да го направиме сето тоа, во секој случај, ни треба компромис, не толку со Грција, колку со меѓународната заедница. Сакам да истакнам дека прв пат во историјата интересот на една светска велесила се совпаѓа со интересот на Република Македонија. Некој, веројатно поради интересите на некои наши соседи, сето тоа сака да го измести и сака Македонија да остане да чмае во темнината на балканската неизвесност. Мислам дека сега е вистински момент да созрееме и да се осмелиме, како политичари, да ги надминеме суетите и конечно да покажеме дека сме зрели како сите оформени европски нации. Ако не влезе во НАТО, Македонија ниту ќе добие ЕУ-агенда ниту обезбедува иднина како држава. Мислам дека таков луксуз може да им одговара на некои соседни држави, но не и на Македонија.

* Зошто се избегнуваат ваквите теми во раководството на СПМ?

- За жал, не се само тие. Откако дојдовме на власт, партијата буквално нема став и за многу други прашања. Една е СПМ кога е во опозиција, тогаш е крајно демократска и патриотска, а сосема е замолчена кога е на власт. Народот тоа сигурно не го бара од нас, тој секогаш бара да имаме став. Колку да ми е мене мил Љубисав Иванов-Ѕинго, секогаш ми е помила Македонија.

* Сепак, ќе ја поддржувате Владата?

- Состојбата во Македонија е толку сериозна, што би било крајно несериозно да не ја поддржуваме сега, барем до 2 април. За понатаму сепак треба да се дефинираат некои односи, бидејќи во економијата не ни тргна така како што ние очекувавме. Ако Никола Груевски и понатаму упорно опстанува да биде во координација со ставовите на одделни новинари од медиуми, кои се препознаваат според блискоста со претседателот на партијата и од кои не се оградува, ќе изразам резерва и кон поддршката на таквата политика визави влезот на Македонија во НАТО.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Не ги бранам СДС, напротив, ама заерем некој навистина мисли дека ако има репение некој јавно ќе го каже за да знаат грците за стратегијата и да имаат можност за контрастратегија??

Јас не им верувам на СДС ама ич. Но, горната мисла ми се однесува на сите, не на СДС.
“Историското решение“ на кое се работи и кое ќе го добиеме како подарок на први април не спаѓа во стратегијата руку е тактичко прашање.

Во пазарот, Грција игра со отворени карти. Стратегијата не ја крие никој. Не навлегуваат во детали Горно или Долно Дупени - таа работа им ја препуштаат на нашите “експерти“. Грчкиот став е: rem tene, verba sequentur. Скопската држава јасно и недвомислено да се дистанцира од историското наследство на Македонија, и тоа е единствениот критериум по кој ќе се цени дали новото име ќе биде прифатено или не.

Од наша страна (не зборам за Кајгана форумов, туку на ниво на официјална државна политика) нема стратегија. Има само продавање магла. Но, колку и да е густа маглата, не може да ја прикрие смрдеата. Не “решението“, туку самиот процес на барање “решение“ ја разголува до коска стратегијата на БЈРМ. Сегашната здивена хистерија на “експертите“ и новинарчињата зборува дека таа стратегија е усогласена со грчката, дека од БЈРМ официјално нема принципиелен одговор, ниту пак некој се обидува да најде таков одговор на грчкиот во принцип поставен услов.

Така да, били какво криење на триковите со кои “решението“ ќе биде изввадено од ракав во последниот час пред да пропее петелот на први април не е стратегија за мамење на Грција, туку - тактика за мамење на населението и јавното мнение во БЈРМ. Штом бараш име, ќе го добиеш.

На многаја лета!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Општ впечаток е дека Груевски би прифатил извесна промена во името, како што вели тој, до црвената линија, но сепак, за тоа сака да бидат виновни другите учесници во политичкиот натпревар. Оттаму, на Груевски му се поважни изборите отколку покана за НАТО. Се очекуваше многу похрабар и потактичен потег на премиерот Груевски. Изненадување во светската и домашната јавност ќе беше предлогот од три-четири имиња што ќе ја донесеше Грција во многу деликатна ситуација. Таквиот чин на Груевски ќе значеше големо меѓународно олеснување, особено кај членките на НАТО, и ќе значеше Грција да се доведе во ситуација да ги одбие предлозите и да биде некооперативна. Ќе се видеше дека нашиот јужен сосед не прифаќа ниедно име кое во себе содржи Република Македонија. Убаво ќе се видеше дека, всушност, Грција е дестабилизатор на регионот, дека таа ја лаже меѓународната јавност кога вели дека е кооперативна и дека таа постојано, откако трае овој ирационален спор, наметнува досега незабележани барања во историјата на општествените уредувања во човештвото. Грција го анулира основното право на народите на самоопределување. Ако Груевски со поддршка на Црвенковски и на опозицијата ги предложеше пред светската јавност имињата „Независна Република Македонија“, „Демократска Република Македонија“, „Суверена Република Македонија“, „Народна Република Македонија“, па дури и „Република Македонија (Скопје)“, Грците ќе го одбиеја тоа веднаш. Треба малку повеќе да се знаат политичките состојби во Грција и византиската логика на преговарање и одлучување во Грција.

Е за ова треба да се дискутира
извор
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9F84A807129DEB4C9108D24C2B6114EE
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ерол Ризаов

:pos2: :pos2:


Ај да не остане само на смеењето, да се дообјасниме за ноторните глупости на Ерол Ризаов, кој заедно со бранко Героски и крелето СДС-овско, Талевски тераат понижувачка пропаганда против македонците!

Како може да напише ваква глупост кога Груевски на секои два дена ја повторува својата позиција дека е против менувањето на уставното име?!

Ај разбирам да искења ваква работа за Б.Ц. и неговите јавно дадени изјави да прифатиме некоја придавка...ама неможе, Шекерка ќе го скрши!

на крај краеви, како што и самиот грујо си кажа:

Grujo напиша:
Целиот мој капацитет и енергија ќе биде насочен, процесот за влез во НАТО да заврши во мир и од тие причини ги повикувам сите да се сконцентрираат на Македонија, а не на мене.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А кој рекол дека од Латас е ок? :pos2::icon_roll

Или работава е,кој го напаѓа Груевски е закон?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
А кој рекол дека од Латас е ок? :pos2::icon_roll

Или работава е,кој го напаѓа Груевски е закон?
Знаеш, се добива впечаток дека вестите ги делиме не на издржани и неиздржани или добри, лоши и слично, туку само по тоа кој ги напишал...А, не кој го напаѓа Груевски...Би рекол кој го фали е ОК, на пример Латас:toe: .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom