ЈУДИИИИ:
Во рамките на зголемените активности околу проблемите во балканскиот регион Албанија и Грција ќе почнат соработка, првенствено за проблемот со името Македонија и за косовската независност, но и за грчкото малцинство во земјата, објавува денеска весникот Навтемборики.
“Основните проблеми, спорот меѓу Атина и Скопје за името и објавувањето на независноста на Косово, се причина грчкиот министер за надворешни работи, Дора Бакојани, утре да замине во работна посета на Тирана. За време на визитата, Бакојани ќе има средби со претставници на политичкото и на државното раководство на Албанија. Конкретно планирани се средби со министерот за надворешни работи, Љуљзим Баша, со премиерот Сали Бериша, со претседателот на парламентот, Јозефина Топали, и со претседателот на државата, Бамир Топи“, се вели во текстот.
Според весникот, друга важна тема на разговор за Атина ќе биде грчкото малцинство во Албанија.
нетпрес
Што има Албанија да кенка за спорот со името, освен поддршка да даде, при што ќе им се призае малцинство во Грција.
ЈУДИИИИ Искариотски!
Нема да коментирам политички изјави, јас сум воено лице и ние не коментираме такви изјави, рече началникот на Генералштабот на бугарската армија, Златан Стојков, одговарајќи на новинарско прашање за поддршката на некои бугарски политичари за грчко вето за прием на Македонија во НАТО, по средбата со својот македонски колега, генералот Мирослав Стојановски.
Тој додаде дека Бугарија ја подржува политиката на отворени врати за прием на земјава во НАТО. Се надева дека на претстојниот Самит во Букурешт, Македонија ќе добие покана за членство во Алијансата.
Генералот Стојков, рече дека ги пренел нивните искуства што ги направила Бугарија пред четири години пред да влезе во НАТО алијансата.
На средбата станало збор за развојот на билатералната воена соработка меѓу македонската и бугарската армија и биле разгледани можностите за проширување на соработката во наредниот период.
Генералот Стојановски ги запознал гостите со степенот на достигнатите реформи во одбраната, новата формациска поставеност на АРМ, како и за учеството во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО.
Матер ими се најебем, топло-ладно ни прават и дома и надвор.
ЈУДИИИИИИИИИИ!!!