На Кавадарчани треба да им е срам што ја слават оваа победа...
Само тоа ќе кажам. На сите им е јасно кој требаше да победи, очигледно судиите од петни жили се трудеа да им помогнат на домаќините, и не, не зборувам од инает, тоа може да му биде јасно на секој што го следел натпреварот. Како што кажа Давитков, се гледаше дека значи на овој натпревар Фени требаше да победи по секоја цена. Нека им биде... Ќе беше срамно да изгубат на домашен терен, ама се знае Струмица е подобра, била и ќе остане... Единствено среќата не не` служи ама тоа е тоа. Јас се изнервирав, а можам да замислам како им било на кошаркарите. Ги видов сега низ град, се враќаа не можејќи да поверуваат што им се случи. Тоа е тоа, спортски е да се победи и спортски е да се губи и да се признае поразот.
Честитки на победниците.