Е како бе, па
еве му пратил писмо на Бранета дека не поддржува??? Ова значи или Бране се фали, па сега е фатен во лагата или дволичност од француска страна.
Prijatele,nekoj tuka laze do poser:
Претседателот Бранко Црвенковски доби одговори на писма што минатиот месец ги упати до првите личности на 26-те земји членки на НАТО и во кои ги информираше за остварените критериуми на Република Македонија за добивање на покана за членство во Алијансата и со кои истовремено побара поддршка за добивање покана на Самитот во Букурешт, во кои се евидентира исполнувањето на критериумите и се дава поддршка на приемот на нашава земја за добивање на покана на претстојниот самит во Букурешт.
Покрај другите, писма до македонскиот претседател пристигнаа и од претседателот на Франција, Никола Саркози, од претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, од претседателот на Романија, Трајан Басеску, од холандската кралица, Беатрикс, од министерот за надворешни работи во британската влада, Дејвид Милибанд и други.
Во писмото на италијанскиот претседател се наведува дека Италија ја поддржува политиката на “отворена врата” во НАТО и во рамките на таа политика и приемот на нашата земја.
“Мојата земја е силно ангажирана на самитот во Букурешт до трите земји кандидати за членство да биде упатена покана за прием во Алијансата”, наведува во писмото италијанскиот претседател и потсетува дека согласно практиката успехот ќе зависи од ефектите во реформите во секоја од земјите кандидати.
Романскиот претседател, како што информираа од Кабинетот на Црвенковски, е цврсто убеден дека големото проширување на НАТО кое би ги вклучило трите земји кандидати ќе создаде бенефиции не само за поканетите земји, туку и за регионалната и евро-атлантска безбедност во целост.
“Сметам дека прогресот реализиран од Вашата земја во доменот на внатрешните реформи и во процесот на демократската трансформација, како и придонесот во обезбедување на меѓународниот мир ја квалификува Македонија да го заземе заслуженото место во рамките на НАТО фамилијата”, стои во писмото.
И во писмото што во име на Кралицата на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета ИИ го испрати министерот за надворешни работи на британската влада се вели: “Велика Британија е силен поддржувач на евроатлантските аспирации на Република Македонија. Во таа насока го поздравуваме значајниот прогрес и ја поттикнуваме земјата да продолжи со реформите. Развојот на Македонија, како модерна мултиетничка држава што демонстрира толеранција и соработка, овозможи земјата да стане моќна стабилизирачка сила во Западен Балкан, а вашето учество во мисии на НАТО е од посебен придонес во мировните процеси” се вели во писмото на британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд упатено до претседателот Црвенковски.
Nikade ne vidov citat od pismoto na Sarkozi.
Dobil pismo, ama vo koe mu se vika, menjaj ime!
Picka im mater francuzojska.