Што велат германските туристи за патувањето низ Бугарија?
Полицајците бараат пари!
05 мај 2011
Портпаролот на Германската автомобилска унија објаснува дека за време на летната сезона добиваат голем број жалби од туристи кои морале да плаќаат измислени казни, што сведочи за корумпираноста на бугарската полиција
Летната сезона само што не започна и во текот на идните месеци низ Бугарија повторно ќе поминуваат стотици германски автомобили што се упатуваат за Грција или Турција. И повторно германските туристи ќе бидат жртви на однесувањето на тамошната полиција, пишува "Дојче Веле".
Своето патување низ Бугарија го раскажувал еден германски турист, кој бил изненаден од необичното ограничување на брзината од 50 километри на час на автопат, кое не важело за бугарските возачи. Налутен од бавното возење, туристот решил да ги претекне полицајците, но за кратко време слушнал полициски сирени за да запре.
"Јасно е што сакаат - пари на рака", го раскажува своето искуство германскиот турист.
Голем е бројот на германски туристи кои поминувајќи низ Бугарија се соочувале со непријатни ситуации кога од полицајци добивале казни за кои не им е јасно на што се однесуваат. Портпаролот на Германската автомобилска унија објаснува дека за време на летната сезона добиваат голем број жалби од туристи кои морале да плаќаат измислени казни, што сведочи за корумпираноста на бугарската полиција.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BFA6C64A97BA144687ED2F19DA2C8868
Бугарските полицајци „жнеат“ глоба од туристите
Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Наводни радарски контроли заради плаќање казна во кеш
Се наближуваат летните одмори и голем број германски туристи со автомобили патуваат во Турција или Грција преку Бугарија. Добра прилика за бугарските полицајци да си го дополнат буџетот, но не државниот, туку приватниот.
Црвениот „Фолксваген туран“ со берлински регистерски таблички полека вози по стрмниот пат низ планина во Бугарија. Возачот е среќен што го избегнува т.н. автопат, по кој поради многубројните дупки брзината е ограничена на 50 километри на час. Одеднаш на патот се појавуваат двајца полицајци и го запираат. Возел пребрзо.
„Возев со 60 километри на час, како што пропишува сообраќајниот знак“, се буни возачот.
Бугарскиот полицаец мисли поинаку. Држи рачен радар, но не ги покажува податоците.
Странецот се откажува и бара полицаецот да му ја напише казната со бројот на сметката на која може да ги уплати парите.
„Не работиме со странски банки“, се смее полицаецот. Очигледно, сака кеш.
Вавкви приказни во Бугарија постојано се повторуваат.
Жалбите стигнуваат најмногу од Бугарија
Најголем број жалби минатотo лето имаше за Бугарија, пишува списанието на Германскиот автомобилски сојуз АДАЦ.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:
Малтретирањата не се поврзани само со наводното пречекорување на брзината:
„И при другите видови контрола многу брзо се бара посегање по паричникот, иако не постоел никаков конкретен прекршок. Возачите постојано ги запираат и контролираат. Тоа е лошо само по себе“, вели претставникот на АДАЦ, Ото Залман.
Бранење не помага кај полицајците
Друг проблем за туристите е произволното наплатување на вињетите за автопатиштата. Во зависност од тоа каде се купува, вињетата може да биде повеќекратно поскапа. Што може да се преземе?
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Ако полицаецот има намера да заработи нешто дополнително, лесно му е да ја наплати казната
„Можни се, се разбира, правни мерки, но во повеќето случаи од тоа нема полза. Може да се достави жалба до амбасадата и да се каже - ова не е никаква реклама за вашата земја“, вели Зелман.
Но, во принцип, бранењето нема никаков смисол. Ако полицаецот има намера да заработи нешто дополнително, лесно му е да ја наплати казната. Возачот може да бара казната да ја плати во најблиската полициска станица, но мнозинството нема ниту време, ни волја за тоа.
Бугарското министерство за внатрешни работи барем на својата интернет страница предвидува можност за пријавување корупција. Тука можат да се остават точни податоци за произволно платената казна, а претставникот на АДАЦ вели дека таа можност треба да се користи.
Во секој случај, фактот што најмногу жалби во АДАЦ стигнуваат за случаи од Бугарија, претставува јасно предупредување за возачите низ таа земја, но и голем проблем за самите Бугари.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15051236,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb