Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
15 јули 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Јас возам скоро секој ден, освен ако не ми испадне некоја по итна работа.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Јас возам велосипед прилично често и МНОООООООГУ сакам да возам на поголеми растојанија ама немам со кого.. не ми се вози сам на автопат.. :( Еве гледам некои заинтересирани за возење.. ако сте за јас сум кандидат.. Само нека биде викенд ден затоа што на работа сум преку недела :wink:. BTW Живеам во Скопје

п.с. Доколку некој знае за вакви маратонски тури што се прават низ земјава ве молам пишете ми за да контактирам со организаторите. Благодарам.
А зошто ние самите да не бидеме организатори?

Што мислите за Скопје - Гостивар?
Има околу 65 километри...би ги поминале за максимум 5 часа...
Можеме да тргнеме некој ден во 17 часот од Гостивар, а во Скопје би биле најдоцна до 22 часот. Потоа можеме да продолжиме за накај водно, и така да во 2:30 јас да стигнам на железничката во Скопје. Во 3:00 има воз за Гостивар...
Што мислите за едно вакво ноќно возење?

За вакви возења на големи далечини засега има 3 заинтересирани..а за мојов предлог..незнам.
Па доколку не ви се допаѓа овој предлог, дајте свој...
И мислам дека најубаво би било да се договориме околу една недела пред тргнувањето, зошто велосипедот низ дома ми е на делчиња, и му фалат внатрешна и надворешна гума...брзо можам да го составам...ама ќе треба и да го тестирам..од оние евтинине е, БМ...

Заинтересирани?

Се повеќе и повеќе поскапува нафтата а со тоа и бензинот преку кој го палиш и возиш твојот мотор. Што правиме тогаш кога бензинот ќе бите 120 ден/литар бе другар:wink::wink::smir:.Со велосипед е поздраво да се возиш, повеќе енергија трошиш, добро е за мускулите на нозете, али како што викаш ти за кого како.... Некој ќе сака мотор, а некој точак..
Тогаш етанолот или метанолот ќе бидат 115 ден/литар.
:baeh:
 
goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Што мислите за Скопје - Гостивар?

За вакви возења на големи далечини...
Според мене, Гостивар-Скопје е добра според далечина, но истовремено е и досадна, не планирам цело време по автопат да возам.

Друго, не е поентата само далечината, битно е и каде ќе се возиме, а притоа подобро е да е некаде на планина, каде има чист воздух, да видиш панорама итн.

Според мене за Скопјани, најдобри патеки се

Центар на Скопје - Крстот на Водно
Центар на Скопје - Китка
Скопје - Марков Манастир
Скопје - Матка
Скопје - Скопска Црна Гора.

Па кога би сакале да се возиме таму, би се договориле за дата, час итн.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Според мене, Гостивар-Скопје е добра според далечина, но истовремено е и досадна, не планирам цело време по автопат да возам.

Друго, не е поентата само далечината, битно е и каде ќе се возиме, а притоа подобро е да е некаде на планина, каде има чист воздух, да видиш панорама итн.

Според мене за Скопјани, најдобри патеки се

Центар на Скопје - Крстот на Водно
Центар на Скопје - Китка
Скопје - Марков Манастир
Скопје - Матка
Скопје - Скопска Црна Гора.

Па кога би сакале да се возиме таму, би се договориле за дата, час итн.
Зошто од Гостивар, кога ќе стигнеме во Скопје, да не продолжиме накај Водно?
 
goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Зошто од Гостивар, кога ќе стигнеме во Скопје, да не продолжиме накај Водно?
Не ми одговара времето што го планираш, јас планирам од сабајле да тргнеме од центарот на Скопје за некаде.
А и таа рута што ти ја планираш до Скопје, па до Водно е заморна и ризична.Ризична е затоа што треба да ти е точакот доста исправен и да си земеш, да речеме резервни гуми итн.

Сепак да видиме дали има заинтересирани за возење кај скопјани, па ќе видиме што ќе правиме.Датата не ми е важна, освен ако тој ден времето е нестабилно. :helou:
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Не ми одговара времето што го планираш, јас планирам од сабајле да тргнеме од центарот на Скопје за некаде.
А и таа рута што ти ја планираш до Скопје, па до Водно е заморна и ризична.Ризична е затоа што треба да ти е точакот доста исправен и да си земеш, да речеме резервни гуми итн.

Сепак да видиме дали има заинтересирани за возење кај скопјани, па ќе видиме што ќе правиме.Датата не ми е важна, освен ако тој ден времето е нестабилно. :helou:
Мислам дека ноќното возење е многу повозбудливо. Го сакам ризикот, затоа идам со крш точак..планирам пешки да продолжам или да се вратам, зависи на која половина од патот ќе бидам...А нема да биде заморна ако не возиме многу брзо. Затоа го одбрав тоа време.

Па, можеме сабајле да тргнеме од Скопје за Гостивар...

Да, во право си, треба да видиме за заинтересирани..
Мислам дека над 5 луѓе ќе биде доволно...
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Открив дека возењето ТОЧК рулз
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Јас сум за возење од сабајле многу рано па да се вратиме попладне некаде. Инаку повеќе сакам да возам на отворено.. не сум за на планина :) . Еве јас да предложам ден.. САБОТА 26.07.2008 одговара?

BTW : Мислам дека е редно секој кој ќе доаѓа да понесе со себе соодветна храна и пијалок а од опрема обавезно да има резервна внатрешна гума гума (чини 100-150 денари) и заштитна кацига (цена=300 па нагоре, јас си ја купив 300 денари од вучко).

Јас сум. Предлагам да се оди од Гостивар за Скопје, поради превозот, со воз.
Значи, од Скопје до Гостивар, ќе одите со возот во 3 часот на полноќ, во 4 и нешто ќе бидете во Гостивар, јас ве чекам со еден другар, и така, продолжуваме за Скопје. А за назад, ние ќе се вратиме со возот во 15 и нешто...

Одговара?

бтв, карта со воз до гв е 110 денари..

Само за датата, ќе се договориме подоцна...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
многу возам точак...коа иам време...али сепак преферирам ролерки...
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Немам велосипед ми го украдоа.. а и кога го имав ептен ретко го возев што ќе ми е велосипед си имам мотор :)
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Што стана со возењето? Ќе возиме или не? Ајде ако не ви се вози за гостивар да одиме до катланово и назад или до петровец и назад. М?

Јас идам обавезно во сабота рано некаде. Ако одам сам ќе одам до петровец и назад а ако одиме заедно може да одиме и некаде подалеку.
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Sekoj den, sega sum bolen pa ne go vozam da mu se nevidi.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Денес возев до патарината во петровец и филингот е супер. До таму и назад има 50 километри а во еден правец се вози за околу 50 минути од центар до таму. Бидејќи се вози по автопатот (кој е одличен и чист) не се чувствува никаков замор па ако некој сака можеме следниот викенд да одиме заедно до таму или може и подалеку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom