- Член од
- 3 март 2008
- Мислења
- 831
- Поени од реакции
- 31
Нимиц се повлекува од преговарачкиот процес
08.03.2008 19:08
Метју Нимиц
Медијаторот Нимиц привремено, а можеби засекогаш се повлекува од преговарачкиот процес, дознава А1 од дипломатски извори.
Американскиот Стејт Департмент директно ја презема контролата врз спорот меѓу Македонија и Грција. Вакви се најавите што стигнуваат по вчерашната ненадејна средба на помошникот на Кондолиза Рајс, Даниел Фрид, со македонскиот државен врв.
До самитот во Букурешт Американците ќе се обидат да најдат решение што ќе ги задоволи и Македонија и Грција. Вчера помошникот државен секретар Даниел Фрид ова им го соопштил на претседателот Црвенковски и на премиерот Груевски.
Како што се дознава, се очекува Стејт Департментот наскоро да излезе со решение кое Македонија нема да може да го одбие.
Според дипломатски извори, Црвенковски на средбата со Фрид инсистирал притисокот за решавање на спорот да се пренесе и врз Грција.
Даниел Фрид
Македонската страна го информирала американскиот дипломат зошто дел од претходните предлози беа неприфатливи за Македонија и ја искажала подготвеноста во најскоро време, пред самитот, преку корисен компромис да се стави крај на овој 17-годишен спор меѓу двете земји.
Денеска „Вашингтон пост“ во својот уреднички коментар оцени дека бушовата администрација мора да ги внесе во НАТО сите три земји од Јадранската група, и покрај противењата на, како што пишува угледниот американски весник, грчките националисти, кои имаат апсурдно барање од северниот сосед.