Не сум ти ги прочитал сите постови на историја за да знам дали ја браниш таа теорија. Ако не ја браниш, извини, моја грешка што сум те прашал.
Така...значи нема фрка.
И јас си знам за моите корени!
Антички македонец си, или старо-словен? Ако си антички македонец, користиш словенски јазик. Ако си словен, а не си антички македонец, по автоматизам губиш народност.
Што си?
А ај ти дај еден доказ дека гегите се присутни на балканот пред 17 век! Ете, јас ти реков дека се донесени од турците по продорот на австријците. Ти не даде ни еден релевантен документ дека тоа не е точно. А тоа дали гегите и тоските се или не се еден народ, тоа вие најубаво си го знаете. Сигурно јас не сум измислил дека вие сте различни народи, некој друг го заклучил тоа многу порано јас пред да се родам.
Како прво, да ти објаснам дека Тоска и Гега поделбата е поделба на јазични дијалекти, а не на различни народности. Разликата е во изговорот на одредени букви, како е А во О, и така натаму. Тоа доколку сакаш подетално да се информираш, прашај, ќе ти објаснам.
Гега дијалектот се користи во северниот дел на Албанија, македонските албанци, косоварите, и албанците во Црна Гора.
Тоска дијалектот се користи во Јужна Албанија, и во Чамерија.
Приказните што ти ги раскажувале, дека гегите и тоските не се разбираат меѓусебе, се фарса. Јас го зборувам гега дијалектот. Ќе идеме ако сакаш во јужна Албанија на море, ем ќе уживаме, ем ќе видиш дека супер си се разбирам со "јужњаците". Има потешкотии при разбирање, поради тврдиот изговор на зборови од гегите, ама не е неразбирливо, како што некој ти кажал. Тоа друже, е вистинската разлика помеѓу гегите и тоските.
Е сега...за доказ дека Гегите/Тоските или како сакаш наречи ги постоеле на балканот и пред 17тиот век, имаш колку сакаш. Тргни од 16тиот век и албанските писатели од тоа доба...Марин Бечикеми, Газули, Артиоти. Во 15тиот век го имаш речникот на Вон Харф, патописец, кој собирал зборови од местата кои ги посетувал, и во неговиот речник убаво се запишани албански зборови, и од северна, и од јужна албанија, и уште таму се приметуваат дијалектите на меко и тврдо А, О, У во албанскиот јазик. Исто така во 15тиот век го имаме Пал Енѓули, Марин Барлети, Лек Матренга, Пјетр Буди, Франг Барди, Пјетр Богдани (доколку ги сакаш нивните дела како доказ, кажи, ќе ти ги набројам). Нивните дела се напишани на албански јазик. Истите дела се напишани со истите јазични "разлики". Односно, писателите кои живеле во северниот дел, применувале дијалектот гега, а јужњаците тоска. Делата постојат, само кој да ги чита. Да се вратиме еден век поназад...во 14тиот век, Тиватскиот епископ, Гуглием Адае, во неговото дело (не знам точно, но можам да проверам ако и тоа сакаш) пишува за албанскиот јазик дека бил карактеристичен, со латински букви (дека на балканскиот преовладувала кирилицата) а јазикот немал никаква спојка со латинскиот, што тој го сметал за чудна работа.
Да продолжам вака секој век уназад? Или доста ти се како факти?
Теоријата дека некој дошол од Кавказ, нека си постои, доказите исто така. Албанскиот народ постоел на Балканов. Доколку некој се доселил на балканов...друг муабет, албанците не биле тие.
И да, благословен да ви е Тито ваш што дозволи да останете тука.
Да да, благословен да е Тито. Тој и таквите пред него, се причина што во Турска моментално има 6 миљони албанци. Прашај ги турците за ова. Демирел сам си призна.
Едно
Сакаш да видиш и на Јутјуб албанци во Турција како живеат?
Него...види најинтересно, во Адана како едно мало девојченце пее на албански јазик...мајката...како го знае јазикот? Шоте Шоте во позадина...
Турски документарец е
Е така друже мој, Тито ни "дозволи" да живееме тука...
Ај сеа биди ми поздравен, и кажи ако нешто друго те јаде во врска со албанската историја.