Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    178
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
п.с. и не ќе беше лошо да кажевте според вас на која возраст може човек да се крсти? Кога детето е веќе подготвено да го прифати крштението?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
se soglasuam so AGORA jas licno ne sum krsten pravoslvano...mislam sekoj ima pravoi da odluci za sebe a ne koa se ragjaa deteo odma go krstat...da si bil roden kako muslimanin kje si verual vo alah i nivni obicai...da si roden vo pravoslvano semejstvo bi berual vo ISUS...da si roden vo protestansko semejstvo da si roden kje si verual po inaku za toa...za toa treba da ne se krstat decata koa kje stanat svesni da si odlucat sebe barajki go gospodoviot pat.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
se soglasuam so AGORA jas licno ne sum krsten pravoslvano...mislam sekoj ima pravoi da odluci za sebe
Вистина? А ти како бебе самиот си одлучуал што ќе има на менито за вечера, самиот си одлучувал кога ќе се бањаш.... И бај д веј, тоа дека ако си роден во муслиманско семејство така ќе веруваш, не ти е основано. Ај да не се повторуваме и тука.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Што ика врска крштевањето со менито?Повторно несериозни коментари.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
НАМЕРНО ГО ПРЕСКОКАШ ОВА А?

Дали твојот одговор треба да го сфатам како: да, јас повеќе знам од св.Дионисиј Ареопагит?

Ако е така, брат, го порекнуваш учењето на св.ап.Павле, затоа што тој му бил учител во Христа на св.Дионисиј, а ако го порекнуваш учењето на св.ап. Павле, тогаш го порекнуваш Христовото учење, затоа што Христос му бил учител на св.ап.Павле.

Сега за кое си? Знаеш или не? Или ова испадна како она кога Господ ги прашал фарисеите Јовановото крштение од каде е, и тие не знаеле што да одговорат, затоа што во двата случаја би си биле контрадикторни сами на себе? Изгледа така ќе да е... Ајде да видиме конкретен договор со: Да, знам или Не, не знам.

п.с. и не ќе беше лошо да кажевте според вас на која возраст може човек да се крсти? Кога детето е веќе подготвено да го прифати крштението?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Кога ке може човек самостојно да донесува одлука дали и зошто би го прифатил Исус како Господ и Спасител тогаш е подготвен јавно да ја исповеда верата во Христос и да се покае.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Кога ке може човек самостојно да донесува одлука дали и зошто би го прифатил Исус како Господ и Спасител тогаш е подготвен јавно да ја исповеда верата во Христос и да се покае.
Гледам дека на првиот дел од прашањето не сакаш да одговориш, а јасно е зашто, а вториов одговор ти е многу произволен.

Кога е тоа? На 5 години, на 10, на 20, на 50? Кога? И кое е мерилото за да се знае дали некој е подготвен да донесува самостојно одлуки?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Кога е тоа? На 5 години, на 10, на 20, на 50? Кога? И кое е мерилото за да се знае дали некој е подготвен да донесува самостојно одлуки?

Како што гледам има некои доста возрасни па неможе да донесуваат самостојни одлуки во врска со Новиот Завет па се повикуваат на преданија од ученици, а кажаното од учителот го занемаруваат,
така да сигурно тоа си е изгледа индивидуална работа.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Како што гледам има некои доста возрасни па неможе да донесуваат самостојни одлуки во врска со Новиот Завет па се повикуваат на преданија од ученици, а кажаното од учителот го занемаруваат,
така да сигурно тоа си е изгледа индивидуална работа.
Oва ли е одговор на моето прашање? Наместо да коментираш какви верници има, оди и прашај си го пасторот на која возраст, според него, е дозволено да се крсти човек. Дете, дај точна информација, не заобиколувај.

А за тоа што не ми го одговараш првото прашање во врска со св.Дионисиј Ареопагит, ти благодарам. Со твојот неодговор само потврдуваш дека мојот заклучок е точен.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Oва ли е одговор на моето прашање? Наместо да коментираш какви верници има, оди и прашај си го пасторот на која возраст, според него, е дозволено да се крсти човек. Дете, дај точна информација, не заобиколувај.

.
Ти одговорив погоре многу чисто и педантно.Незнам зошто не ме разбра?

Ама ако ти треба бројка, еве да речеме 23 години и 4 месеци.

Дали е во ред?
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Ти одговорив погоре многу чисто и педантно.Незнам зошто не ме разбра?

Ама ако ти треба бројка, еве да речеме 23 години и 4 месеци.

Дали е во ред?
Значи според тебе тие кои не можат свесно да донесат одлука не треба да бидат крстени?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Значи според тебе тие кои не можат свесно да донесат одлука не треба да бидат крстени?
А како можат тие свесно да го прифатат Исус за Господ и Спасител, за нив Бог си има свој план.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Кога ке може човек самостојно да донесува одлука дали и зошто би го прифатил Исус како Господ и Спасител
Аааа... изгледа не правиме муабет за ист Бог. Твојов многу суров е. Значи сите бебиња и деца (не заборавај дека од дете нема почисто и дека треба да станеме како нив за да влеземе во царството небесно), сите кои се глуви и слепи и сите кои имаат ментални проблеми не можат да бидат Христови, односно Божји деца?
Епа, прости ми, ама можеш да си го чуваш за себе таквиот бог. Нашиот Бог, во Кој веруваме ние, православните, Е милостив, полн со љубов, животворец, добар, сожаллив...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Maran Ata, ние за жал го немаме зачувано учењето на Дионисиј, туку се што имаме е некоја православна наштимана верзија од "неговото" "учење". Да постоеше некакво боговдахновено учење на Дионисиј, тогаш тоа ќе влезеше во канонот на Новиот Завет и ќе гласеше нешто како "Послание од Дионисиј до...", но такво нешто, за жал или за среќа, немаме.
Но затоа пак имаме една канонизирана и боговдахновена книга во Новиот Завет која се вика "Дела на Апостолите" и во која на едно место се вели:

Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Значи во оваа боговдахновена и канонизирана книга се вели дека верата е клучен предослов за некој да може да се крсти. Оттука непосредно следи дека бебенцата, кои немаат вера, не можат да се крстат (што пак не значи дека доколку некое бебенце ненадејно почине, тоа не може да влезе во Божјото Царство).

Е сега ти одговори ми мене, кој повеќе знае за крштевањето: Maran Ata или апостолот Филип? :)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
религијата сама по себе е избор ... ама и се стеквува и со рагањје неможе да сум католик кога сум зачнат од православни родители. а за покасно тоа може секој да го направи со 18 год... без разлика на која вера и припага моето воспитување и убедување е дека лугето се делат само на доби и лоши(скренати од патот)секоја друга поделба за мене е само внесувањје раздор , што ке ми е православен(деклариран ) силувач на пример.... или католик или муслиман... добрите луге со племенито срце помагаат на секој и се друго не е важно...
сакајте и бидете добри .... делбите прават само омраза ( и профитираат злобните)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom