. Секој сам свое време –
Времето и
просторот се најважните концепти од кои се состои нашата реалност. Времето отсекогаш се поимало како едно
општо заедничко време кое
тече за сите еднакво. Како Господ да има еден космичка штоперица на рака, и откако ќе ја пушти, сите ние функционираме според тоа време. Значи јас теоретски би можел да кажам во таа и таа секунда, да речеме кога некоја масивна ѕвезда експлодирала во супернова, што точно правела гершанина, што рокси, што фемгерила, затоа што тој е еден и единствен момент заединчки за сите.
Ајнштајн во принцип доаѓа и докажува дека сето ова нема врска, чисто wishful thinking. Во суштина не постои едно единствено време, туку постојат бесконечен број на
различни времиња кои
течат различно за сите објекти кои се движат со
различна брзина. Со други зборови, не постои таа една космичка секунда, бидејќи што се случило во таа секунда зависи од оној кој што го мери времето, со која брзина се движи. Ако рокси, фем и герш се движат сите со различни брзини, сите три ќе имаат различни времиња, и за нив во таа секунда ќе се случуваат различни настани (всушност, истите настани, но по различен редослед и различен временски размак). Како секоја да си носи свој саат на рака, и секој од тие саати да врти со различна брзина и да покажува различно време. Трикот е во тоа што не постои точно време на кое може да се јават и да се усогласат, бидејќи не постои апсолутна брзина со која тие се движат. Тие секогаш ќе се движат една во однос на друга со одредена брзина, но никогаш нема да имаат точна
апсолутна брзина на движење. (и
брзината е релативна!)
Дополнително појаснување: Практични математички последици од ова се слдниве:
·[FONT="] [/FONT]Објектите што ги набљудуваме дека се движат побрзо ја
скусуваат својата должина. Истовремено, самиот објект што се движи за себе си ја задржува истата нескусена должина. (И димензиите се релативни значи!)
- Два настани што се случиле едновремено за нас, се случуваат еден по друг за некој друг набљудувач. (Важно!: овде не се работи за тоа како перцепираме дека се случуваат, демек дали попрво пристигнала светлината до нас или до другиот набљудувач, туку за суштинска непремостувачка разлика во редоследот на настаните)
- Објектите што ги набљудуваме дека се движат ја зголемуваат својата маса. (контрапродуктивно за диети базирани на физичка активност)
- Патување низ времето (во иднината) е возможно и сосема изводливо
Сржта на целата идеја позади тероијата на релативитет доаѓа оттаму што експериментите покажале дека светлината има секогаш
константна брзина. Единствениот начин да се објасни тој факт било да се претпостави дека просторот и времето се менуваат, виткаат, во зависност од брзината на движење на набљудувачот, но брзината на светлината мора да остане ист апсолут за сите. Ако треба светот ќе се измени, ама светлината не се покорува. И тоа довело до овие драматични последици кои ги набројав.
[FONT="]Да биде уште по-creepy, сето ова математички фино се уклопило во т.н. 4-димензионален Малиновски
простор-време континуум (со додавање на четврта имагинарна димензија), кој се искривува и згуснува околу сите масивни објекти.
од блогот на [/FONT]
Сатаниел
http://sataniel.blog.com.mk/node/135745