Другари/ки, јас незнам дали вие сте го виделе предлогот на Нимиц.
Ова со името е нешто како мамка, затоа не требаше предлогот да излезе во јавност.
Во него стои...све во светот што го има името македонки/ско/ци ке биде заменет со демократска/независна Македонија.
Тоа значи...сите учевници, историја, имиња на институции све мора да биде променето што го содржи зборот Македонија.
Пример:
Македонска литература ке биде заменет со Литература на демократска Македонија.
Кога ке те праша некој што си, ти ке му кажеш јас сум демократски македонец!
Незнам како може Македонец ова да го прифати!
И како може Груевски, Црвенковски, ТАЧИ, АХМЕТИ!! да одлучуваат за мојот идентитет!
Нема да одлучуваат тие,ќе одлучува некој друг,како овој "мамлазов" од Грција кој нас не повикува на почитување принципите од меѓународното право а заборава при тоа да каже дека основен принцип на меѓународното право за секој човек е да се нарекува како што сака,при тоа овие нашиве глаучи не знаат што да одговорат на еден ваков предизвик:
На иста линија вчера беше и изјавата на грчкиот премиер Костас Караманлис, кој и' се закани на Македонија со вето за членство во НАТО и ЕУ, зголемувајќи го притисокот врз нашата земја за промена на уставното име. Караманлис предупреди дека без решение на проблемот со името „Скопје не може да смета дека ќе добие покана за членство во НАТО и ЕУ“.
Како што пренесуваат грчките новински агенции, Караманлис, говорејќи пред грчкиот парламент, ја предупредил нашата земја дека „без заемно прифатливо решение не може да има никакви сојузи, не може да има никаков повик на оваа соседна земја за членство во НАТО и ЕУ“. „Ако оваа соседна земја сака да влезе во НАТО, ако вистински сака да пристапи во ЕУ, должна е на дело да покаже дека може да биде вистински сојузник и партнер, да ги почитува принципите на меѓународното право и да се сретнеме на заемно прифатливо решение на отворениот проблем на нејзиното име“, изјавил Караманлис.