Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
Mislam deka samo STUDENTITE mozat da ja izvlecat Makedonija od ovaa kasa vo koja ja stavija Gruevski i Crvenkoski...
I toa preku masovni protesti, ako dojde do odluka da se menuva Ustavnoto Ime
 
поздрав до сите и ме радува што почнувате да се освестувате од таа Република Титоклонија ние не сме ни грци, ни бугари ни срби. сега сме 2008. секој човек во овој свет има свое право да се определи да биде тоа што сака. Дали албанец, дали горанец(пс горани има многу во косово) рода ни се тие :D и скоро ист ни е јазикот.... побарајте некаде низ форумот за гораните. тие велат дека се македонци, ама те бугарите отвориле и во косово нешто... па пробаат да ги присвојат давајќи им пасоши. тие мисат нати пасош и си БУГАРИН не бива братко. тука се чувства во питање.

поздрав до сите!!! ДА БИДЕМЕ СИТЕ СЛОБОДНИ!!!! :je:
 
препорачувајте им и на луѓето од помалите градови. НЕ ПЕСИМИЗАМ!!! НЕ НЕ ТОА НЕ НИ Е ПОТРЕБНО СЕГА НАЈМАЛКУ!!
а дојдено е до одлука, гледај на тв, секогаш претскажуваат ве пробаат боцкаат... да видат. а тие изгледа веќе се и договориле, па сигурно и пари добиле од баба бакојани. ми идеше да скршам монитор кога и ја видов фацата како се смее и дека знам, се смее поради тоа што е таа задоволна а тоа е во спротивност од интернесите на Република Македонија
И ЗНАМЕТО ДА СИ ГО ВРАТИМЕ!!!!! А НЕ ОВОЈ ВЕНТИЛАТОР, АМА ТО ПОСЛЕ :)
 
да додадам нешто, околу референдумот

груевски е за референдум
--
црвенковски бил среќен со ДРМ, би го прифатил одма (така прочитав по веснициве)
шеќеринска изјави двосмислено да не се брза, и дека одговорноста да ја преземат политичарите (со други зборови, референдум - не)

следствено на ова погоре (како по правило) - Стручната јавност против референдум http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=18FAB9E436F69045BC30C55697814612

ви текнува како некои прашања не заслужуваа одговор?

и уште нешто
СКАНДАЛОЗЕН ПРЕДЛОГ НА посредникот МЕТЈУ НИМИЦ
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AD77F932880284DB4DCA7C26B3E7D20
човекот предлага сите држави кои не признале под уставно име , да ја преиспитаат одлуката да не признаат под она што ќе го прифатиме ние, од неговите предлози.
се доаѓа до она грчкото - едно име, ралично од уставното, за цел свет.

а како што некој рече овде, кај нас во весници ќе пишува дека македонија ништо не изгубила, и ние ќе поверуваме во тоа.

ова се црните сценарија, кои по логика на нештата треба да се случат. на нас е после кого ќе бесиме, со какво јаже и слично.
ако грешам запалете ме на плоштад. од мерак ќе горам
 
браќа и сестри.. сега ќе си се обединат сите партии да соработуваат заедно против народот...радио станици што ги држат, телевизии...ама не може не може бе луѓе...да им се:drk:во сите политички партии
 
Без право на пораз
Во моментите кога на Македонија и се подготвува нов Букурешки договор, нормално под плаштот на поканата за прием во НАТО, државата мора да ги активира сите ресурси што ги има, дома и во светот, за да ја извојува оваа милениумска битка. Битка за Македонија.

Тука нема место за никави извинувања од страна на Владата и Премиерот Груевски, дека се попречувани од опозицијата, меѓународниот фактор, сојузниците, комшиите...

Исто така, ниту Председателот Црвенковски има било какво право да се извлекува за неизработеното, повикувајки се на опструкција од владата, немањето разбирање во Парламентот, несоработката со Милошовски... Значи, немање кохабитација.
Не, не, не... Ниту едната ниту другата страна, што во овој момент ја водат Македонија, немаат право да се вадат за евентуалниот неуспех на нашата меѓународна политика. Под неуспех, секако подразбирам менување на името, границите, уставот, грбот, знамето, химната... Работи кои се легитимни права на секој народ, нација и држава во светот, од црна Африка, преку ненаселената Автсралија, па преку кокаинската Латинска Америка, развиената Северна Америка, се дури до Вавилонската курва – Европа.

Доколку политичарите што ја водат државата во овој момент (позиција, опозиција, Председател, дипломати...), ја засерат работата, ние нема да им судиме. Ќе им суди историјата. А, таа е најстрашниот суд што човечкото бите може да го доживее (со исклучок на судот божји).

Затоа, за да не ви се срамат поколенијата, памет во глава. Ангажирајте ги сите што можат да го докажат македонскиот континуитет (Академик Бошевски, Професор Тентов...), македонскиот талент (Пандев...), македонскат иднина (Рико и Кико), македонскиот дострел (Борис Трајанов...), македонската идржливост (целиот напатен народ) и македонската света мисија (Тоше) – па тргнете во последните 90-тина дена во битката за Македонија.

Битка во која поразот не е опција.

колумна е напишана од Миленко легендата!
 
E37C92FE736DB449B374ED93FEAF51D3.jpg


од вести на Канадската национална телевизија. бакојани ако го види ова ке полуди

како мислиш ќе полуди?
бидејќи пишува македонија (ќе полуди од бес)? или бидејќи пишува македонија ама малку подоле (ќе полуди од радост)?

човек навистина да полуди од вакви слики.
известуваат за косово, ја обележале македонија.
македонија ја преместиле во епир
а бугарите ги прекрстиле во романија

:tapp:

сега ми е јасно зошто некои од државите се без имиња. не знаеле кој се, па да не утнат. а овие другиве ги погодиле. три од шест :pos2:

п.с. а црна гора? хахах смешки еј..
 
Снајпер е педериште големо што и мајка му ќе си ја продаде од такви како тебе беше убиен Гоце и другите.

Дали знаеш колку македонки беа силувани обесни од овие грци и бугари ама сигурно имаш мозок (морал , чест ,балгодарност итн нема во тебе)

Исперан мозок без корен
се надевам дек бех учитив најмногу што можам


Беровец....

Прво научи да зборуваш македонски...потоа да се изразуваш на малце покултурно ниво.............па после повели да разговараш со мене.....

Јас дипломирав во Македонија.....магистрирав во Македонија.....работам и живеам во Македонија...имам деца кои растат тука во Македонија........и цел живот ќе бидам МАКЕДОНЕЦ и ништо друго......

Не може некој што земал бугарски пасош и отишол да студира во Бугарија да ми продава мене за МАКЕДОНШТИНА......

И те молам немој да ме резилиш со твоиве постови...не зборувам за навредите кои ми ги упатуваш.....туку за нивото на твојата комуникација......
 
Сакам да отворам фирма па мислев Нимитц да го замолам да ми даде предлози за името,гледам добро му оди.:tapp:Станува збор за идентитет,за име на држава што постои уште во Библиски записи,а не станува збор за фирма или некој нов артикал во државава па ајде да избереме сите заедно име.

За мене не е прифатливо ништо освен Република Македонија.
 
како мислиш ќе полуди?
бидејќи пишува македонија (ќе полуди од бес)? или бидејќи пишува македонија ама малку подоле (ќе полуди од радост)?

човек навистина да полуди од вакви слики.
известуваат за косово, ја обележале македонија.
македонија ја преместиле во епир
а бугарите ги прекрстиле во романија

:tapp:

сега ми е јасно зошто некои од државите се без имиња. не знаеле кој се, па да не утнат. а овие другиве ги погодиле. три од шест :pos2:

п.с. а црна гора? хахах смешки еј..

па како сака нека полуди а ке има и зашто. И поради македонија и поради местото каде е напишано
 
По долго размислување, јас си зацртав три опции.

1. Мојата најдобра, КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА

2. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да остане.

3. Пелазгија (историски запознаените, знаат зошто :) ) ама не туку така, сепак Македонија е Македонија.
 
Беровец....

Прво научи да зборуваш македонски...потоа да се изразуваш на малце покултурно ниво.............па после повели да разговараш со мене.....

Јас дипломирав во Македонија.....магистрирав во Македонија.....работам и живеам во Македонија...имам деца кои растат тука во Македонија........и цел живот ќе бидам МАКЕДОНЕЦ и ништо друго......

Не може некој што земал бугарски пасош и отишол да студира во Бугарија да ми продава мене за МАКЕДОНШТИНА......

И те молам немој да ме резилиш со твоиве постови...не зборувам за навредите кои ми ги упатуваш.....туку за нивото на твојата комуникација......

м?шо ти сметаа беровци бе?:cug: или нешто мешаш ????:tv:
шчо че испадне ако вкрстиш беровец и прилепчанец ?ДА на :sekss: мислех! ПИЈАН МАЈМУН!!! :pos2:
 
Да се оствари планот кој што беше објавен на Сител Телевизија..

Јас искрено сакам да издржиме како што сме издржале и во турското, леб сме немале па сме издржале а не сега...
Нема промена на име, да се врати старото знаме, да се бара тоа што е наше, ако веќе за нешто се преговара тоа да биде за правата на Македонците, признавање на идентитетот и неправдата од 1913.

следува планот во случај да ни стават вето грците,
јас сакам вето зошто да плаќаме 200 милиони евра секоја година во нато за туѓи интереси. на крај краева нато е гаранција за безбедноста ако опасноста доаѓа од надвор, а не од внатре ..
јас колку што се сеќавам опасноста сега за сега ни е од внатре..

Сител ги објави плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО
55648CB02D24854B8572A4431E53ACF0.jpg
Не постојат пречки за влез на Македонија во НАТО. Критериумите се исполнети, велат политичките аналитичари. Единствената пречка за влезот во НАТО е опасноста од ВЕТО од соседна Грција, поради спорот со името. Неофицијално дознаваме дека државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

415E96D466C5B64E80CE323805116BF3.jpg
4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

A0773235245DB0489C5294769BEA351A.jpg
7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

ACF580992814524E962D9D2EB1966BF1.jpg
9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.

Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.

Изјава на Владата
По објавувањето на овој работен план за мерки кои државниот врв би ги преземал во случај Грција да издејствува одложување, или непосредно блокирање на поканата од НАТО до Република Македонија, портпаролот на Владата Ивица Боцевски, одговори на прашањето за владините ставови во врска со објавениот текст на Сител телевизија и во ВЕЧЕР.
- Позицијата на Грција за вето станува извесна, поради што државниот врв е во постојана комуникација. Но, не би сакал да коментирам состојби и прашања кои се хипотетички. Односно, состојби што би било кога би било. Да видиме првин што ќе биде.



Статијата е прочитана 9560 пати.
 
Мицотакис: Не е проблемот Името, проблемот е Македонското Малцинство во Грција

Премиерот на Грција од почетокот на деведестите години Константинос Мицотакис (татко на Дора Бакојани), во предговорот на книгата „За името на Македонија“ на Т. Скилакис издадена 1995 год. ќе напише: „Темата на Скопје ја видов од првиот момент во своите вистински димензии“. Во понатамошниот текст Мицотакис ја „одкрива“ причината за „алармирање“, која сигурно се пренесе и кај сите грчки влади по неговото владеење. Мицотакис пишува: „Тоа што ме вознемири од самиот почеток не беше името на оваа држава, туку проблемот за мене беше да не се создаде еден втор малцински проблем во западна Македонија (се мисли на западна Егејска Македонија). Ако на проблем на муслиманското малцинство… би се додал и проблемот на Славомакедонското малцинство во западна Македонија, тогаш ситуацијата би станала неиздржлива за грчката надворешна политика“

Решението на „грчко-скопската разлика“ Мицотакис ја гледал во изјаснувањето на Р. Македонија дека во Грција „не постои Славомакедонско малцинство… и да се обврзи (се мисли на Р. Македонија) со меѓународни договори дека ќе престане секаква пропаганда на сметка на Грција“. Мицотакис индиректо признава дека македонско малцинство во Грција постои, а тоа го потврдува и во својот понатамошен текст во кој напиша: „такво малцинство по 1950 год. е сигурно дека не постои во нашата земја, затоа што граѓаните со словенска свест кои се бореа на страната на комунистите по крајот на Граѓанската војна заминаа“. Мицотакис од една страна прифаќа дека до крајот на Граѓанската војна во Грција имало македонско малцинство, но потоа, истото тоа како отеднаш да исчезнало. Сигурно е дека голем број Македонци ги напуштиле своите домови по завршувањето на Граѓанската војна, но исто така е сигурно, дека и еден голем од нив останале да живаат и понатаму во Егејскиот дел на Македонија.
 
Дај линк од информацијава??
Ова може да се искористи како оружје против грците, ако владата наша е паметна ќе го направи тоа!!
Знаат дека ако го признаат македонското малцинство , дека ќе треба да ги вратат имотите што ги одземале, и сега удри му математика..
Имотите кога ќе се вратат на 1 милион македонци, плус тоа што сега во моментот живеат околу 750 000 македонци на грчка територија...
Машала, машала, Егејот ќе се обедини со Вардарска Македонија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom