Дали е погледот доволен за да се покаже љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасна темава или во мене е проблемот.Како мислиш само со поглед да покажеш љубов?
 
Не ми е јасна темава или во мене е проблемот.Како мислиш само со поглед да покажеш љубов?

Што толку вас модераторите не ви е јасна темата?:)

Јас бидејќи ја разбирам ќе се осмелам да ја пообјаснам иако нема многу што да се објасни.:smir:

Значи...дали сметате дека од самиот поглед на партнерот може да “прочитате“ дали ве сака или не ве сака или обратно (тој да „прочита“)...без да се потребни зборовите те сакам...Колку погледот може да ја покаже љубовта? Како што рекоа погоре-зборовите, бакнежите, прегратките можат да бидат и лажни но дали погледот може да лаже?

Ако не објаснив добро...нека помогне авторот на темата.:):toe:
 
Заљубен поглед се познава од далеку, но сепак, само со него мислам дека не може да се помине. Кога веќе се има проблем со комуникација (а не смее да се има) треба повеќе дела покрај него, за да се долови токму тоа што се чувствува за другиот.
 
Можеше малку елаборираш...зошто има луѓе кои не ја познаваат математиката,ко јас на пимер.
Ќе пробаш?
 
И прегратки, допири, бакнежи и др. може да се лажни. Не само зборовите:)

Точно е што викаш, но сепак со зборови полесно се лаже. Сепак со бакнежите и допирите полесно ќе дознам дали таа навистина ме сака или не, барем според мене.
 
Како што знам во очите да најдам омраза, искреност, копнеж, среќа - така ја наоѓам љубовта, со тоа што за да неа ја најдам е потребно да го знам човекот убаво и да знам како нормално му изгледаат очињата кога вели „те сакам“:)
А може да се разгледува темава и обратно - дали е погледот доволен за да се покаже дека нема љубов? Ако се е лажно, и прегратки и бакнежи и зборови - може ли да се исфејка погледот?
 
Точно е што викаш, но сепак со зборови полесно се лаже. Сепак со бакнежите и допирите полесно ќе дознам дали таа навистина ме сака или не, барем според мене.
Не мислам дека со зборови полесно се лаже. Ако некој решил да те излаже, тој ќе одбере кој било начин, без разлика дали ќе е со збор или со бакнежи и допири.
Се познава по движењата на телото, гримасите на лицето, тонот на гласот и начинот на зборувањето во целост.
Се зависи од тоа колку ја познаваш личноста.
 
Bodytalk е веќе друго , и убо рече fortune зависи колку добро ја познаваш личноста ..... од повеќе работи можеш да дојдеш до заклучок гримаси, гласот, движењета итн а само погледот не може да е пресуден за некаква одлука а не пак за искажување љубов
 
~*~

Не.
Погледот може да каже толку многу, а толку многу луѓе од тоа толку многу погрешно ќе разберат.
Патетично е.
Затоа се користат зборови за комуникација.Или мајмуни сме? :devojce 1:
 
Не се покажува љубов со поглед само. Каде се допирите, изјавите, гушкањето...:pipi:
 
Што толку вас модераторите не ви е јасна темата?:)

Јас бидејќи ја разбирам ќе се осмелам да ја пообјаснам иако нема многу што да се објасни.:smir:

Значи...дали сметате дека од самиот поглед на партнерот може да “прочитате“ дали ве сака или не ве сака или обратно (тој да „прочита“)...без да се потребни зборовите те сакам...Колку погледот може да ја покаже љубовта? Како што рекоа погоре-зборовите, бакнежите, прегратките можат да бидат и лажни но дали погледот може да лаже?

Ако не објаснив добро...нека помогне авторот на темата.:):toe:

Разбрав малечка,но неможам да разберам како некој го одвојува погледот од постапките,делата,бакнежите,зборовите и слично.Наредна тема по оваа логика би била Дали држењето за рака е доволно да ја покаже љубовта...Дали гушкањето е доволно,итн.Љубовта за да се покаже треба збир на чувства и постапки,ако вака делиме,ќе ни требаат милион теми,без заклучок и поента.Токму поради ова реагирав со голема доза на иронија.
 
Не мислам дека со зборови полесно се лаже. Ако некој решил да те излаже, тој ќе одбере кој било начин, без разлика дали ќе е со збор или со бакнежи и допири.
Се познава по движењата на телото, гримасите на лицето, тонот на гласот и начинот на зборувањето во целост.
Се зависи од тоа колку ја познаваш личноста.

Тука целосно се сложувам (за болдираното):)
За подвлеченото го имав истотака спомнато дека се сложувам. Склопот на с`е покажува дали тој/таа навистина те сака.:)
Е сега за ова допири/ бакнежи/ зборови... кое е колку веродостојно з покажување на љубов кај сите е различно. Да не забегувам во друга тема овдека е дали погледот доволен, па он топик ке кажам - НЕ. Можеби кажува многу но не доволно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom