Страдањето?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Човекот кој што е способен да биде Христијанин, љубејќи ги оние што не го љубат него, способен е и во нешто друго да биде христијанин. Ете што значи да се носат Исусовите рани, да се страда за вистината, за доброто, да се страда без вина, да се страда како што страдаше Исус. Ете како се препознаваат вистинските христијани, во љубовта на оние што не ги љубат нив и во страдањето без вина.
Секој човек го запознал страдањето, во различна мера, некој во неговата целост, онаа целост која се чини дека боли повеќе од што срцето може да поднесе, но знам дека кога срецето мое е доволно чисто, исчистено од страстите, и верата во него е вистинска тоа ќе помине низ сето страдание, и од тој пат што се чини тежок ќе излезе прочистено, почисто и поискрено од она што било пред тоа. дури и да боли страдањето е благослов.Тоа од мене да кажам.
Само ќе ве прашам што е страдањето за вас ??
 
~*~

Далеку поразлично ги поставувам работите во животот од горе опишаното.Не наоѓам благодет во страдањето, а уште помалку да љубам некој што не ме љуби мене да го сметам за страдање, јас би била најсреќна на свет само да можам да љубам.Болката, не би можела во целост да ја дефинирам, тоа е збирштина од емоции и реакции, нема јасна дефиниција.

Страдање?
Кога срцето ме боли како некој да го притиска во железна тупаница, кога заборавам да дишам а воздухот во мене ме боли, кога солзите сами по себе ме печат, кога немам сила да ги отворам очите.
Страдање!

И дури и кога би се свртиле кон Исус, верувам дека внатрешната болка остава повеќе траги од било кои лузни.Веројатно предавството на сопствениот народ е малку подлабока лузна од сите останати.

И на крај ... страста не е нешто што треба да се исчисти од срцето на човекот!
 
И на крај ... страста не е нешто што треба да се исчисти од срцето на човекот!
Се работи за различен начин на перципирање. Доколку си верник ова нема да смееш да го кажеш затоа што би било газење на начелата на твојата религија, з.ш. страста може лесно да те однесе кон прељуба, блуд, посакување на туѓото итн, итн.

Срадањето, од друга страна, посебно ваквото Христијанското, не можам да го коментирам зашто не сум Христијанка, и безцелно е да го коментира било кој кој не верува зашто пред се - не може да го сфати. Не го доживеал.

кат.<3, ти се воодушевувам на цврстината на верата.
 
~*~

Се работи за различен начин на перципирање. Доколку си верник ова нема да смееш да го кажеш затоа што би било газење на начелата на твојата религија, з.ш. страста може лесно да те однесе кон прељуба, блуд, посакување на туѓото итн, итн.

Ништо друго не може да даде толку сила колку што може страста.Со неа се создава и се уништува.Страста е таа што ги спојува спротивностите и доведува до конфронтација и промена.
Таа не се дефинира само со прељуба, блуд и посакување на туѓото, таа е круцијална за опстанокот на човекот!
Страста кон животот, уверувањата, политиката, историјата и итн. го донесе човекот денес таму каде што е.
 
„...да ја положиш душата за своите пријатели...„-вели Христос Бог.
 
Цитат:
„Ништо друго не може да даде толку сила колку што може страста.Со неа се создава и се уништува.Страста е таа што ги спојува спротивностите и доведува до конфронтација и промена.„
Коментар:
Страст=страдање. Може да биде и телесно и духовно/душевно. Страста е воедно неконтрилирано и безмерно приврзување кон одредени категории и претставува една од најголемите пречки за поедницот да поверува или да си ја спаси душата. Неслучајно и филосфоите и богословите посочуваат лек за страста, а тоа е умереноста, средниот/царскиот пат („се со мерка„-философки кажано) каде поеднинецот ја контролира страста а не страста да го контролира поединецот.
 
Само ќе ве прашам што е страдањето за вас ??
Остави се и појди со мене..тука почнува страдањето..тешко луѓето се одречуваат од она што го поределиле како егзистенционално вредување..т.е. животот..
Да го распнувам стариот човек е во себе, за да биде уништено телото на гревот..
Страдање е кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.
Но еднаш кога ќе го спознае Бога страдањето се заменува со благодат...
 
Се со мерка, а Аристотел е одамна мртов.
Страста е заслужна за денешниот развој на општеството.Колку што боли, толку е и амброзија.Додека спасувањето на душата, лекови против вистинската сила на човекот?
Не знам зошто, ама пак се навраќаме на фактот дека РЕЛИГИЈАТА Е ТУКА ЗА ДА ГИ КОНТРОЛИРА ШИРОКИТЕ НАРОДНИ МАСИ!
Исус велел љубете, страста е еден доста голем дел од љубовта.:smiz:
 
А Македонија е демократска држава каде повеќе не се оди на робија поради рзлични мислења. Во секој случај, световното и црковното поимање за страста (како и за се друго) секогаш биле различни.
Исус зборува за христијанската/етичката љубов, а не за емотивната.
Еден од Светите вели дека „...владетел не е оној кој владее со другите луѓе. туку владетел е оној кој владее со сам себе...„. Според тоа, толку за ставот дека религијата некого контролирала или некој бил контролор во религијата.
 
Секој што има малку искрено сочувство за себе и за другите страда. Не треба да се гледа само црната страна, човек може да полуди од тоа, постои и убава страна во животот која ја надополнува првата и и дава некој смисол, она што не не убива не прави посилни, иако понекогаш се случуваат такви неправди та само малоумен би рекол дека и во тоа има некаков смисол, но верувам дека е така... иако уште не сум искусил такво нешто.
 
Остави се и појди со мене..тука почнува страдањето..тешко луѓето се одречуваат од она што го поределиле како егзистенционално вредување..т.е. животот..
Да го распнувам стариот човек е во себе, за да биде уништено телото на гревот..
Страдање е кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.
Но еднаш кога ќе го спознае Бога страдањето се заменува со благодат...

И не постои поглема благодат од таа, дури и да боли страдањето има сила да го направи човекот она што со целото си срце, прочистено од страдањето сака да биде, не знам дали некој може тоа да го разбере ако не почувствувал, но јас Му благодарам со целото си срце на Бога што ме благослови така, и болката е толку малечка пред спознанието на Бога, пред срцето кое сега е чисто и сигурно во верата без која не може, верата која му дава сили да дише,Ви благодарам од се срце на искрените мислења на темата.
 
Молам. Живи и здрави да сме.
 
Амин! Така е, така нека биде.
 
Страдање е давање од она кое го сее човек.
Има еден цитат кој вели..царевото подајго на царот, а божјото на бога.
Да биде појасно, страдање му доаѓа како плаќање данок.

Ако сеете љубов, гневот ќе дојде да ви побара љубов.
Ако некој сака да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.
Ако некој те удри по образот, заврти го и другиот.
Љубов сееше, тоа ќе дадеш.

Но, ако сееш гнев, ќе дојде љубовта да побара од гневот.
Од најблиските, оние кој ги сакате и верувате, од нив ќе бидете изневерени, со што ќе се разгневите.
Бидејќи луѓето ги сакаат само домашните, а надвор сеат гнев.

Гневете се, но немојте да грешите.

Ако, нешто од ова не дадете, исто како да не сте платиле данок.
Страдањето расте.

Сакате да дојдам со стап:gjavol:(да ми дадете љубов), или да дојдам со кроток дух:love:(да ми дадете гнев)

Ваков е концептот на страдање.

Да не дотрча некој да се излигави дека ова е христијанско толкување.
Секој човек е зачнат од љубов и гнев, така се раѓаат, со тие две спротивности живеат.Сеат, жнеат, и данок плаќаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom