CORELDRAW
CORELDRAW
1.1.
ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ
1.1.1.
Вовед
Компанијата Corel секогаша пакувала многу во нивниот производ Graphics Suite и верзијата 12 ја продолжува таа традиција. Покрај главната апликација DRAW, се добиваат PHOTO-PAINT за растерска графика, R. A. V. E. за векторска анимација, TRACE за конверзија на битмап во векторска графика, CAPTURE за фаќање слики и видеа од екран во Windows, нова верзија од Bitstream Font Navigator за работа со фонтови, како и вообичаените фонтови и сликички. Новост во оваа верзија е и квалитетно lynda. com видео за тренинг на CD-ROM кое демонстрира избор од најбитните функционалности.. Според многу корисници, CorelDraw се користи за скоро се — од логоа и илустрации
до средување страни и конверзија на слики во формати кои ги користат другите апликации. Draw е дизајниран примарно за векторка графика, но Draw лесно се снаоѓа и со кратки средувања на страни. Доаѓа и со доволно импорт/експорт филтри вклучувајќи вграден PDF конвертор за издавање Draw документи за приказ на Интернет или професионално печатење. DRAW е познат по правење работи на екран во реално време. Ефектите се додаваат со кликање и влечење на објектите со некоја од алатките на DRAW. Ефектите остануваат променливи и прилагодувањата се прават преку дијалози или лизгачи на самиот објект.
1.1.2.
Минимална конфигурација
Во новата верзија по првпат е поддржан само Windows оперативниот систем. Мини-
малната потребна хардверска конфигурација на која би работел CorelDRAW е:
Windows® 2000, Windows XP или Windows Tablet PC Edition
Pentium® II, 200 MHz или подобар, 128 MB RAM (256 MB или повеќе е препо-
рачливо)
250 MB слободен диск простор
1024 x 768 резолуција на мониторот
CD-ROM
Глушец
1.1.3.
Активирање и затворање на CorelDRAW
Една од најпопуларните програми за работа со векторски слики е програмата CorelDraw. Како Windows апликација, изгледот на CorelDRAW е стандардизиран и ги има елементите како и секоја друга Windows апликација. CorelDRAW може да се активира преку менито Start на следниов начин:
1. Се кликнува на копчето Start за да се отвори менито Start.
2. Во Start менито се избира Programs.
3. Во следното мени се кликнува на CorelDRAW 12.
По активирањето на CorelDRAW не се појавува празен документ, туку интерактивниот прозорец Welcome to CorelDRAW:
Од него може да се избере една од следниве опции:
New Graphic – креирање на нов график.
Open Last Edited – отворање на последниот график на кој е работено.
Open Graphic – отворање на веќе креиран график.
Template – креирање на график со помош на шаблон.
CorelTUTOR – активирање на систем за учење како се користи CorelDRAW.
What’s New? – активирање на системот за демонстрирање на новитетите во
CorelDRAW 12 и разликите во однос на претходната верзија на CorelDRAW.
Ако се исклучи опцијата Show this Welcome Screen at startup (се кликнува на полето пред пораката) при понатамошните активирања на CorelDRAW нема да се појавува интерактивниот прозорец Welcome to CorelDRAW.
График (Graphic). Документите во CorelDRAW се нарекуваат графици.
CorelDRAW се затвора на вообичаен начин, а наједноставно е со клик на Close (X) на прозорецот или со наредбата File→Exit.
Ако во графикот има промена на податоците и тие не се снимени, CorelDRAW ќе прикаже интерактивен прозорец кој прашува дали корисникот сака да го сними фајлот пред да се излезе. Се избира Yes ако треба да се сними, No ако не треба и Cancel ако треба да се откаже операцијата затворање на PowerPoint.
CorelDRAW 12 нуди потполно прилагодлив работен простор. Алатките може да се закотват на локација, да се лизгаат нагоре и надолу, па дури и да се затворат додека се закотвени. CorelDRAW 12 нуди и да се импортира работниот простор на верзијата 11!
1.1.4.
Терминологија и концепти на CorelDRAW
Пред да почнемe со навлегување во деталите на CorelDRAW, треба да ги наведеме следниве поими:
---------------------------------
* Објект
Елемент во цртежот како на пример: слика, форма, линија, текст, крива, симбол или површина.
* Цртеж
Продуктот што се креира во CorelDRAW, како на пример: уметничка креација, наслови, постери.
* Графички вектор
Слика генерирана од математичка дефиниција која ја одредува позицијата, должината и насоката во која се цртаат линиите.
* Битмап
Слика составена од групи на пиксели или точки.
* Прозорец/палета кој може да се прикачи
(Docker window/palete)
Прозорец кој ги содржи достапните команди и соодветни прилагодувања кои се потребни за некоја специфична алатка или задача. Може да се прикачи од страната на апликацискиот прозорец.
* Flyout (Летечки копчиња)
Копче кое отвора група на алатки или делови на менито.
* Уметнички текст (artistic)
Вид на текст на кој можете да додадете специјални ефекти, како на пример сенки.
* Параграфен текст (Paragraf)
Вид на текст на кој можете да додадете форматирачки опции и кој може да биде менуван во големи блокови.
-----------------------------------
1.1.5.
Прозорец на CorelDRAW
Главниот прозорец на CorelDRAW може да биде прикажан во стандарден Windows прозорец, а се препорачува негово максимизирање со цел да се овозможи полесна работа. Во горниот дел, тој содржи лента со наслов, лента со мени и неколку ленти со алатки. На десниот раб на прозорецот се наоѓа лента на која е сместена палета со бои, а на левиот раб се наоѓаат алатки кои се користат во работата со CorelDRAW.
Програмата CorelDRAW на корисникот му нуди многу големо множество наредби и функции. Со цел побргу да се пристапи до нив, одредени функции се претставени на екранот во форма на алатки. Со алатките се одредува однесувањето на програмата, односно со користење на алатките се создаваат или се менуваат сликите. Дополнителни можности се обезбедуваат со селектирање на наредбите преку системот на менија.
Централниот дел на прозорецот претставува работен простор и во него е прикажан лист хартија. При цртањето, корисникот може да црта графички објекти каде било во работниот простор, но при печатењето ќе бидат испечатени само оние објекти кои се наоѓаат над листот хартија. Иако истовремено можат да бидат отворени повеќе прозорци за цртање, можете да давате команди за цртање само на активниот прозорец за цртање.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - -
За да не го пишувам цел туториал, кој е заинтересиран нека ми пише ПП, ќе му дадам линк за превземање на цел туториал.