Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Па ти ако не си била од нив, тогаш немало што да те засегаат такви коментари, кога ти си знаеш дека не е така, не еПризнаваш дека професорите се виновници но сепак тоа „да видам кој ќе се поти“ е кажано со некаква горчина или лутина за некој (девојката од класот) кој не е ништо друго освен жртва на професорите.
Те разбирам, нормално е да се случува ова но ако го земеш во предвид тој факт што ти го наведов (дека ако ти си жртва што сега се потиш за оценки исто и таа ќе биде жртва зашто сега ќе ги добие а после ќе треба да се поти)...мислам дека со други очи ќе ја гледаш таа девојка а исто така, морам и уште нешто да ти посочам да земеш во предвид, а тоа е дека да бидеш ќерка/син или внук/внука на некој кој работи во образовните институции не претставува никаков грев.Знам дека не го рече тоа но таквите зборови („мамичка е професорка„ и „да видам кој ќе се поти“) звучат како да префрлуваш некаква вина.
Јас не ја познавам таа девојка, но јас исто така бев изложена на вакви изрази од страна, зашто сум внука на еден професор (веќе го немаме тој предмет).И многу ми пречеше (читај-болеше) тоа што одредени ученици ме гледаа како некаква непријателка...но со тек на време тие ученици сфатија тоа што требаше да сфатат и работите односно нивниот однос спрема мене се смени.

Најмногу мразам глупавост, простотија и корупција исто во случајов. Мене спортот ме научи секогаш да бидам наклонета кон ферплеј и дека само заслуженото е убаво и те прави горд. Да сум на нејзино место или па уште поважно на местото на мајка и не би можела да спијам како прво од грижа на совест а како второ со фактот дека детето ми е неспособно и трупец.
Така да моите реченици во постот се оправдани

