Помош за задача со класи ?
))
Да се креира класа UnordArray во која може да се сместат
одреден број на податоци (цели броеви), при што новите
вметнати податоци се ставаат на крајот од структурата.
Креирај ја опишаната класа преку креирање на соодветни
header и implementation фајлови, која ќе ги содржи
следните податоци:
• buffer, која претставува низа од цели броеви во која ќе
се чуваат податоците.
• numElem, кој претставува цел број во кој се чува бројот
на моментално вметнати податоци во структурата.
Да се дефинира конструктор, кој ја задава почетната
вредност на податочниот член numElem. Да се дефинираат
следните функции членови на класата:
• int size(), која го враќа бројот на податоци во
структурата.
• void insert(int val), која вметнува податок со вредност
val на крајот од структурата.
• boolean delete(int val), ја пребарува структурата и ако
таа не содржи податок со вредност val, враќа false; во
спротивно го отстранува податокот со вредност val, ја
средува структурата, и враќа true.
• int find(int val), ја пребарува структурата и ако таа не
содржи податок со вредност val, враќа -1; во спротивно ја
враќа вредноста на индексот каде се наоѓа вредноста val во
структурата.
• void print(), ги печати податоците во структурата во
редослед од почетокот кон крајот.
Да се креира фајл koristi.cpp, во кој ќе се демонстрира
користењето на штотуку креираната класа UnordArray и сите
нејзини функции членови. При креирањето на класата
забрането е да се користат готови библиотечни класи и
функции (освен iostream).
Вака нешо почнуваше.. али..
class UnordArray
{
public:
private:
};