Богомилите? Богомилија?

A

anaveno

Гостин
Исправка 1: Самоил не створил никаква патријаршија. Тоа е само теорија или шпекулација за која нема историски факти. Плус, спротивно на логиката е - од претходно опишаната симбиоза на црквата и круната, произлегува дека единствена причина за постоење на црква на ниво на патријаршија е крунисување на цар. Царската круна на Самоил исто тка е во доменот на шпекулации и теории, а не на сериозна историја.

Исправка 2: Охридските архиепископи ја носеле титулата “архиепископ на Јустинијана Прима и на цела Бугарија“ до многу подоцна, т.е. Јустинијана Прима има свој континуитет.

Исправка 3: СПЦ, БПЦ и ГПЦ се производ на 19.век, во 10 и 11.век, до шизмата во 1054, постои само една единствена христијанска црква со центар во Константинопол.

Од овие причини, исклучена е можноста богомилството да е одраз на борбата меѓу различни локални цркви или деноминации; многу поверојатно е да е тоа повторно заживеан остаток од поранешните верски учење кои до 4.век ги имало во голем број, но по официјализирањето на христијанствот, биле искоренети и прогласени за еретички.
Така е ако се водиш според теориите настанати уште во средниот век. Меѓутоа,не си во право,кога велиш дека немало Патријаршија,кога сите учени велат дека имало. Златарски и Снегаров се за тоа дека Охридската ПАТРИЈАРШИЈА е продожение на Бугарската — Дрстарска патријаршија,а постои и друга понова теза, дека таа се третира како продолжеток од Архиепископијата Јустинијана Прима, односно на оваа автокефална Apxиепископиja која била создадена од цар Јустинијан I (527-565), вo 535 година.
Гледаш, не си измислил топла вода.

Но,има и други гледишта,како на пример Божидар Прокиќ, во своето дело „Постанак Охридског патријархата" 1912,и пишманот Снегаров. Правната положба и обемот на Архиепископијата во почетокот на 11-от век се регулирани со трите повелби, издадени на охридскиот архиепископ Јован, од императорот Василие II. Повелбите се резултат на мировниот договор кај Струмица, во 1018 година, помеѓу Василие II и патријархот Давид, а според Прокиќ — патријархот Јован. Значи, не е спорно титулата ПАТРИЈАРХ,туку името му.

А дека е нова творба е повеќе од јасно,бидејќи тој не ја пренел во Велики Преслав туку останала во средината на Македонија, зборува дека тој создал нова државна творба.

И читај малку историја. Во 1018 година, Василие II во Охрид затекнал Патријаршија, за која бил убеден дека е идентична со Дрстарската. Како таква ја потврдил и ја симнал на степен Архиепископија. За тоа имаме сведоштвото во Василиевата втора повелба, издадена во мај 1020 година, во која се вели:




ДАЛИ Е КАНОНСКИ ЦАР ДА МОЖЕ ДА СИМНЕ ИЛИ УНАПРЕДУВА....??????? Сети се на ИРАДЕТО.


* * * * * * * * * * * * *


Co востанието од 976 година е создадееа сосема нова државна творба за која сме зборувале порано. Охрид постанал седиште на Патријаршија многу порано, што е спротивно на мислењето на Дринов и неговите приврзаници.

Историјата на Архиепископијата Јустинијана Прима, врз основа на сочуваните материјали, може да се следи некаде до почетокот на VII-от век. Последниот податок за Архиепископијата е од 602 година, а подоцна, за неа и за нејзините потчинети цркви, во историските материјали не се зборува ништо.

Некаде кон средината на XII век титулата archiepiscopus Justinianae Primae повторно оживеала, но сега во грчкиот облик
и тоа во титулите на автокефалните охридски архиепископи 17) (Б. Граниќ, цитир. дело, стр. 131).

А зошто им требало на греците возвишено потекло на Охридската Архиепископија? Накратко,поради блгарската теорија од тоа време. Бидејќи ИСТОРИЈАТА НА МПЦ е веќе постирана...накратко,во тоа време, царство без ПАТРИЈАРШИЈА НЕМОЖЕЛО ДА БИДЕ.

На крајот, финалниот заклучок би бил дека Охридската патријаршија — Архиепископија не е идентичиа ниту со Дрстарската патирјаршија, ниту со Архиепископијата Јустинијана Прима. Точно е дека според хрисовулата на Михаило VIII, во која се наоѓале потполно сочувани трите повелби на Василие II. Првата гласи:

Токму затоа, ние го утврдивме благочестивиот монах Јован да биде архиепископ на Бугарија и да управува со соодветните работи на Архиепископијата.

За начинот на изборот на архиепископот во повелбите не е кажано ништо.

Понатаму, под Византија, од Теофилакт дознаваме дека „жабите" на „варварската земја" Македонија копнееле за слободен живот од времето на Самоил, а исто така, тие пееле некаква победна песна".

На соборот во 1157 г., Јован Комнен седел непосредно до патријархот. По него седел кипарскиот архиепископ...и била изнесена и си пробила пат теоријата за идентичноста на Охридската Архиепископија со Архиепископијата Јустинијана Прима (поради "божественото" и потекло). Впрочем, и денешниве турски христијани-грци претендираат на името МЕКЕДОНИЈА.


И на крај, за поимот Македонија и Македонци и титулата ПАТРИЈАРХ (за која имав постирано тука,и нема сега пак). Поглаварите на Охридската архиепископија обично се именувале како — архиепископи, меѓутоа во втората половина на 16-от век архиепископот Пајсиј е првиот којшто во своите три грамоти испратени до италијанскиот митрополит Архиепископиjaта ја нарекол Патријаршија.17)
Поимите Македонија и Македонци, пo разни поводи, охридските архиспископи почнале да ги употребуваат и во етничка смисла на зборот. Тие најмногу се појавуваат и во нивните титули.

Така, архиепископот во 1548 година, во својата титула ги набројува имињата на народите кои се под негова јурисдикција, па меѓу нив ги вбројува и македонците.18) За истиот архиепископ постои еден документ од охридскиот турски суд, датиран со турска 937 година, чиј оригинал сега се чува во Светогорскиот манастир Зограф, во кој се нарекува патријарх, а тоа е уште пред Пајсиј да се нарече патријарх.19)

Архиепископот Гаврил I, во едно писмо од октомври 1587 година, испратено до архидукот Фердинанд, се нарекува патријарх на Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, Богданија (Ботанија) и Унгровлахија.20)

Истакнатиот деец за кревање на востание во Макадонија, архиепископот Атанасиј, во писмото коешто го испратил до венецијанскиот вицекрал д'Осуна се титулирал како патријарх.21)

И архиепископите Мелетиј I, Xapитон и Атанасиј II ја употребувале титулата патријарх.22)

Архиепископите Герман и Зосим II, ентронистиките им се со натпис СЛИКА 23), а таков е случајот и со Игнатиј II.
Зосим II два акти од 1707 година се титулирал на следниов начин:

Титулата патријарх ја употребувале и Дионисиј од Хиос, Рафаил и Методија.24)

Од епархиските архијереи, нискиот клир и книжевниците, во текот на 17-от и 18-от век охридскиот поглавар понекогаш бил тутулиран како архиепископ, а понекогаш како патријарх.26

Од источните патријарси охридските архиепикопи најчесто биле титулирани според „Томосот" на Цариградската патријаршија, но често пати го додавале и името Македонија.27)
_______________________________________________________


17) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 379; За Јустинијанови права Охридска архиепископија, или за црковна независимост и самостолтелнос на охридско-бглгарско свјашченоначалие, Цариград 1873, стр. 52—53.
18) С. Димевски, Македонските општествено-културни текови во феудализмот, Скопје 1981, стр. 230.
19) За Јустинијанови права Охридска архиепископија, или за црковна независимост и самостолтелност на охридско-блгарско свјашченоначалие, Цариград 1873, стр. 50—52.
20) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 379
21) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 380; С. Димевски, цитирано дело, стр. 230
22) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 380; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231
23) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 381; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231
24) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 382; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231
25) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 383
26) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 385—386
27) С. Димевски, цитир. дело, стр. 231
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
А зошто им требало на греците возвишено потекло на Охридската Архиепископија? Накратко,поради блгарската теорија од тоа време. Бидејќи ИСТОРИЈАТА НА МПЦ е веќе постирана...накратко,во тоа време, царство без ПАТРИЈАРШИЈА НЕМОЖЕЛО ДА БИДЕ.
1. Не си баш најјасен, односно подразбираш наместо да дадеш аргументација.

2. Од постот на анавено, кој мислам дека е еден од најинформативните на кајгана, се бара објаснување како и зошто “Охридска Архиепископија-Јустинијана Прима’’.
 
A

anaveno

Гостин
Па, мислам дека сум јасен. На посочениот линк пишува ... (Само за пријатели од опера блог). Аргументација е дадена во референците, наведени се авторите. Кој сака може да ги побара и да си провери. Жалам, но постојат и авторски права,па затоа е и така напишано.

Охридска Архиепископија не е иста со Јустинијана Прима. Сетете се на Св. Климент и неговата школа. Тој бил хиротонисан за Епископ уште во Рим (Б. Ристовски, цитир. дело, стр. 334)

Св. Климент е од 893 година и прв македонски епископ меѓу грчките епископи кој го применувал македонско-црковното писмо, а бил поставен на Дремвицко-величката епархија. Во втората половина на Х-от век, Дремвицко-величката епархија,после второто востание на Комитопулите,во Самоиловата држава веќе прераснала во Патријаршија. Според тоа, Св. Климент е основоположник на денешната Македонска православна црква, бидејќи неговата организаторска, црковно-просветна и пишувачка дејност во текот на полни три децении се одвивала меѓу Македонците.

(Не е сосема јасно и каде се наоѓала Дремвицко-величката епархија. По тоа прашањe историчарите се разидуваат и затоа постојат доста хипотези. Меѓутоа, ниту еден “славист” не ја бара надвор од Македонија. Taa им припаѓала на македонците и тие го сочинувале мнозинството од нејзината паства). ТОА Е ФАКТОТ.

И да му одговорам на Павел Липранди на следново тврдење:
Исправка 3: СПЦ, БПЦ и ГПЦ се производ на 19.век, во 10 и 11.век, до шизмата во 1054, постои само една единствена христијанска црква со центар во Константинопол.

Тебе како да те учел Вранишковски. Читај го Нил Доксипатар, кој заземал многу висока функција во византиската држава, и тоа како секретар на Патријаршијата и протосинѓел и номофилакс на државата, во своето дело од 1143 година, во кое по ранг се поредени источните православни цркви заедно со своите епархии, за Охридската архиепископија вели:

“Слично на Кипарската, автокефална е и не припаѓа на некој од најголемите престоли, туку самостојно се самоуправува и од сопствените епископи прима хиротонија и Бугарската (Охридската), која од почетокот не била Бугарска; меѓутоа подоцна, затоа што ја освоиле Бугарите, се вика Бугарска.

Таа останала автокефална, бидејќи со царска власт е одземена од рацете на Бугарите, т. е. со власта на царот Кир Василие Порфирогенит и никогаш не е дадена на Цариградската црква. Затоа, се до денес, Кипар и Бугарска (Охрид) добиваат епископи од царот. Хиротонија примаат од сопствените епископи, како што е речено, а како автокефални се наречуваат Аархиепископии. A Бугарија има повеќе од триесет епископии, над кои стои и ги надгледа градот Охрид’’ (М. Петpoвиќ, цитир. дело, стр. 180).

Од голема важност е трактатот на Нил Доксипатар од XII-от век и неговата изјава дека „Охридската архиепископија од давнина не била бугарска, туку подоцна, откако Охрид бил освоен од Бугарите, е наречена Бугарска" (Б. Ферјаниќ, цитир. Дело, стр. 70).

И второ,како СПЦ стекнала Автокефалност во средновековието? Што за тоа зборат списите? Ти текнува? А колку Цариград имал влијание,тоа го знаеме. Меѓутоа, тој што Македонците ги нарекувал жаби и како се уште не, и ги навредувал за се и сешто,а најмногу за јазикот,тој, Хоматијан, го научил дури и македонскиот јазик и со паствата зборувал на нејзиниот мајчин јазик. И да е само тој.

Р.Ѕ. А за пред 1054г. читај ги повелбите на императорот Василие 2.
 
A

anaveno

Гостин
Како сублимат на генезата на Македонската Православна Црква,треба да се истакне дека, во Македонија, црквата (Јустинијана Прва) ја воделе византиски свештеници (но тоа не значи дека тоа биле се луѓе родени надвор од Македонија,бидејќи според археологијата,насекаде наоѓаме рано-христијански крстилници,а и историските извори се дискутабилни).

Исто така, Теофан сведочи дека во 766 год. бил избран и хиротонисан за патријарх, евнухот Никита, пo потекло “Словен” (Византиски извори за Историју народа Југославије, том I, Београд 1955, стр. 233).

Малку подоцна, Византија го отфрлила принципот на „тријазичноста", кој всушност се применувал само надвор од нејзината територија. Co тие крупни настани временски се совпаѓа и дејноста на солунските браќа Св. Кирил и Методиј.

Претходно, а како продолжение, го спомнав делото на Св. Климент. Дека Самоиловата држава претставува сосема нова творба на Македонците сведочат историчарите Карл Кадлец1), српскиот историчар Јован Томиќ, Аткинсон Јенкис2) и други.

Пред прогласувањето на Патријаршијата,црквата во Симоиловата држава била организирана според митрополитанскиот систем, на чело со митрополит или евентуално архиепископ. За тоа најдобро ни сведочат епископските столови, кои се наоѓаат во црквата Св. Ахилеј на островот Мала Преспа. Таму еден стол во средината се издига над останатите, бидејќи служел за митрополитот.
Црквата е градена веднаш по освојувањето на Лариса, од каде што се донесени и, моштите на светителот, што значи пред прогласувањето на Паријаршијата.

Според повелбите на Василие II...
Co првата повелба на архиепископот Јован му биле доделени 17 епархии, со втората 13, додека со третата само 2 епархии.
Но, и со третата повелба, на Архиепископијата не и биле доделени сите епархии кои влегувале во состав на Самоиловата патријаршија, кога царството било на врвот од својата моќ — 990 година, ниту пак архиепископот Јован некогаш успеал даги обедини сите епархии кои му биле доделени Види опширно:
- И. Иванов, цитир. дело, стр. 550—562;
- Ив. Снегаров, Историја на Охридската архиепископија, Софија 1924, први том, стр. 56— 62 и 162—195;
- Б. Прокиќ, Постанак охридског патријархата, „Глас" СКА, книга 90, Београд 1912, стр. 252—258;
- Б. Прокиќ!.. Први охридски архиепископ Јован, Београд 1911, стр. 292—293.;
- С. Hoвaковиќ, Охридска архиепископија у почетку XI века, Гласник СКА LXXVI, Београд 1908, стр. 1—62.


С. Антолјак дошол до заклучок дека трите повелби не се издадени од Василие II, туку се фалсификувани и припишани на него, од подоцнежниот император Михаило VIII Палеолог. Всушност, текстот на трите повелби е вклучен во една хрисовула, издадена во 1272 година од Михаило VIII Палеолог (1259—1282) на Охридската архиепископија.

Меѓутоа, познато е дека охридските архиепископи уште пред Михаило VIII Палеолог, како што се Теофилакт, Хоматијан и др. знаеле за тие повелби. F. Dolger, во својот зборник на регести „Regesten der kaiserurkunden des ostromischen raiches, von 565—1453, Munchen und Berlin 1924, трите повелби му ги припишал на Василие II и ги отпечатил под броевите 805, 806, 807, стр. 103 и 104.

Постанокот на Самоиловата патријаршија е доста нејасен и нерасветлен. He ни се сосема познати ниту начинот, ниту времето кога Охрид станал седиште на Патријаршија, а малку се знае и за обемот на нејзината диецеза. Тие неизвесности потекнуваат од недостатокот на историски материјали и нејасности кои се јавуваат во нив. Во самите извори се појавуваат извесни противречности. Тоа произлегува и од посебната важност што во текот на историјата ја имала територијата што ја населувале Македонците. Тоа добро го уочил Г. Острогорски, кој вели:

“Најголем дел од средновековната' па и новата историја, Македонија живеела под власта на други...’’

А тие други,како што напомнав,уште пред 1.000 год. си развивале теории дека ОА е нивна.

Што всушност се случило?

Македонскиот народ,може да се каже дека созреал (покрај Плаошник и Самоиловото Царство) за своја (нова) Црква. И што е тоа чудно,бидејќи истото подоцна го сториле и блгарите и србите и кој уште не. Како зарем настанале и сите денешни цркви?
Со милост од Цариград? Или тоа не важи само за МПЦ?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Темата беше за богомилите, поради тоа нема да навлегувам во контроверзните теории околу Самуиловата Патријаршија.

Поента на мојата дискусија беше дека богомилската ерес, според природата на своето учење, не е можно да биде асоцирана со ниедна официјална христијанска црква, од сите била третирана со подеднакво непријателство.
 
A

anaveno

Гостин
А која тоа Црква е "официјална"? Во што е "официјалноста"?

Богомилството било третирано со непријателство? А како е денес односот кон Нововерците и Вранишковски?
Дежаву...

По што заклучуваме дека Богомилството било ерес? Ако случајно народот широко го прифател,дали Православието немало да биде ерес? Најлесно е, залепи етикета...

Христијанството, никогаш не било единствено, дури ни од првите денови. Пред Богомилството, имало и други ереси. Познато е да речеме едно од нив, наречено Macedonians, според основачот Macedonius, познати и како Pneumatomachi.

За многу средновековни и модерни учени, Охридската Архиепископија е дури наречена како "Антисловенска" (?).

Богомилството е сигурно одраз на некоја реакција кон "официјалната Црква", и ако тоа опстоило колку што опстоило,тоа е јасен знак дека следбениците не му биле баш малку на број.

Името сигурно не го добило од "некојси Поп", барем на тоа не учи историјата, за слични работи.

Ако јас ја прочитам Божјата Заповед, не прави Лик на Оној што е на Небото, и потоа насликам икона,дали сум официјален или неофицијален?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
А која тоа Црква е "официјална"? Во што е "официјалноста"?
Зборуваме за средниот век, не за денешните секуларни држави. Официјалноста се состои во тоа што христијанството е официјана религија на Империјата (или било кое кралство, кнежевство, деспотство); државјанин на Империјата бил крстен без да биде прашан дали сака или не; нехристијаните биле третирани како државни непријатели. Под “официјална“ ја подразбирам црквата која била институција во државата за која станува збор - во тоа време, разбира се.

Богомилството било третирано со непријателство? А како е денес односот кон Нововерците и Вранишковски?
Дежаву...
Немој да ми го импутираш Вранишковски. Во однос на Нишкиот Договор имам доста чист и јасен став, но нема да го изложувам тука зашто темата не е таа.
По што заклучуваме дека Богомилството било ерес? Ако случајно народот широко го прифател,дали Православието немало да биде ерес? Најлесно е, залепи етикета...
Не се занимаваме со проценка на тоа колку исправни се религиозните доктрини на оваа или онаа група. Етикетата е залепена во историските документи врз основа на кои денес се прават обиди да се реконструира приказната за богомилството. Како што беше порано спомнато, оригиналните документи, богомилските записи, се уништени и речиси непознати. Заклучоците се донесуваат врз основа на записите од нивните непријатели, а во тоа време крвни непријатели на богомилите биле државната администрација (без оглед на тоа за која држава станува збор) и црквата како институција врз која се заснова царската власт во таа држава (“официјалната“).
Христијанството, никогаш не било единствено, дури ни од првите денови. Пред Богомилството, имало и други ереси. Познато е да речеме едно од нив, наречено Macedonians, според основачот Macedonius, познати и како Pneumatomachi.
Точно, со забелешка дека по официјализирањето на христијанството како државна религија, механизмот на државната принуда бил користен за унифицирање и искоренување на разликите.

За многу средновековни и модерни учени, Охридската Архиепископија е дури наречена како "Антисловенска" (?).
Не коментирам зашто не ми е познато.

Богомилството е сигурно одраз на некоја реакција кон "официјалната Црква", и ако тоа опстоило колку што опстоило,тоа е јасен знак дека следбениците не му биле баш малку на број.
Точно. Токму затоа и ја спомнувам нивната доктрина и паралелата со Јеховините сведоци денес.
 
A

anaveno

Гостин
Фамата за постанокот на името на Богомилите продолжува.

Најинтересно, дел од историчарите (модерни) тврдат дека не постоел Поп Богомил. Тие се во право ако ги читаме Ана Комнена, Епимиус- кои никаде не спомнале свештеник.

Инаку, интересно е што Богомилството се појавило во времето кога Македонија била нападната од блгарите, кои останале краток период како освојувачи.

Според Козма,кој всушност и им го дал името Богомили (тоа е според тезата за попот), Богомилите се бореле против Византија, блгарија, феудализмот и црквата (официјална),за која Козма вели дека се - корумпирани.

Многу е интересно што името БОГОМИЛ означува И НА БОГА МИЛ, што всушност е исто со КИРИЛ (на грчки(?)-Бог) кој се дружел со Васил (Цар). (една од тезите за потеклото на името на Богомилите)
 
A

anaveno

Гостин
Зборуваме за средниот век, не за денешните секуларни држави. Официјалноста се состои во тоа што христијанството е официјана религија на Империјата (или било кое кралство, кнежевство, деспотство); државјанин на Империјата бил крстен без да биде прашан дали сака или не; нехристијаните биле третирани како државни непријатели.....
Па мислам дека не биле баш сите крстени во Империјата (Византиска). Незнам дали мислиш на тезата на С. Димевски во врска со тоа прашање. Затоа што според Житието и животот на преподобниот отец наш Кирил филозоф,Св. Кирил бил во мисионерска дејност кај македонските Словени по реката Брегалница, уште пред неговите црковни и државни мисии, каде што имал голем успех, бидејќи не само што кон христијанството привел 54.000 души, туку “им напишал книги на словенски јазик’’.
За тоа ни сведочи и „Солунската легенда" (гл.V) во која стои дека тој со радост бил примен од нив и им составил аз6ука.

Никаде не пишува дека светите браќа носеле ластегарки со нив. Незнам само, дали и денес по Брегалница има 54.000 души?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
ДАЛИ Е КАНОНСКИ ЦАР ДА МОЖЕ ДА СИМНЕ ИЛИ УНАПРЕДУВА....??????? Сети се на ИРАДЕТО.
Off topic: да го споменеме и иредето на Султанот за признавање на Охридската Архиепископија, кој го донел паралелно со иредето за признавање на бугарската Егзархија на 11 март 1870 година.

Под притисок на жената на рускиот цар Никола, која е сестра на грчкиот крал, е забрането е издавањето на тоа иреде.

Зошто го нема ова иреде во оптек?!?!? Тоа иреде е достапно во турските архиви!

Отоманската Империја дозволува македонска црква, иреде постои вo турските архиви! Организирањето на македонската црква е опструирано од Русија заради Грците.
 
A

anaveno

Гостин
Ај да објасниме ситуацијата во тоа време.

Турција, како држава, била ослабена до тој степен што до годината 1874 должела 5.3 милијарди франци (на Англија и Франција), што била фантастична сума за тогаш, а богами и денес.

Во исто време се случило и крахирање на земјоделието -- па така 3 год. по ред во Турција имало глад, најизразен во Мала Азија.

Инаку, на турскиот султан Абдул Азис, кој повеќе сакал да пладнува и да се кити, сите работи му ги вршеле Али-Паша и Фуад Паша, Махмуд Недим-паша, кој ја зближил империјата со Русија (со грофот Николај Павлович Игнатьев).

Колку се зближиле, ни сведочи и фактот, што рускиот цар Александр II Освободитель (1818-1881) во 1871 г. му доделил на турскиот султан орден Свјатого Апостола Андреја Первозванного (нема врска што бил муслиман).

Значи, истовремено, Турција не ја играле другарчињата, или си играле со неа.

Македонците имаат погрешна претстава (од пан-славизмот), дека Русија е големиот православен брат,кој секогаш (читај никогаш) не штител.

Ванче Стојчев (за иредето) го изнесе тоа и пред свештенството, со име и празиме на човекот и функцијата му во Турција,но оттаму молк. Свештенството би можело да прати човек до архивите во Турција и да го фотокопира документот (во боја), а не да прави циркузи со децата за Израел без визи, кога и на секој морон би требало да му е јасно,дека требаат визи. Па имаат бре и тие интернет...

А тоа за иредето, го постирале на веб страната и Мирна Босна. Бог да чува.

Неисе...Би било ступидно да бараме Турција да поништува или потврдува одлуки од султаните. Султаните и претседателите, ниту основаат цркви, ниту поништуваат (зборам за денес), и тоа би било циркус.

МПЦ постои (без разлика кој, како и зошто ја води) - Црквата е народот. Кој треба да не признае? Зошто влегуваме во такви филмови?
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
12
Поени од реакции
2
Богомилите биле вегетаријанци, кај нив мажот и жената биле рамноправни. Тие го следеле изворното христијанство и се приклучуваат кон прахристијанската струја во која се наоѓале во разни времиња и Манихејците, Ориген, Џордано Бруно и тн.

Црквата ги прогонувала бидејќи мракот сакал преку нејзе да го уништи вистинското христјанство кое се ширело преку Богомилите, бидејќи за мракот најголема опасност се оние кои навистина и живеат христијански.

Да се прифатеше масовно богомилството навремено во Македонија не ќе се случеше ни турско ропство ни други сериозни проблеми оти народот ќе еволуираше на едно повисоко ниво на свест.

За жал од богомислтвото, во неговите последни векови остана само формалното верување а не суштината, како во многу други религии.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
84
Поени од реакции
1
Анавено тресеш глупости, богомилството се појавјава по времето на цар Пет'р а не по времето както ти тенденциозно тв'рдиш на нападането на МК от Б'лгарија.П'рво нападнли сме не Македонија а Византија и то по времето на хан Пресиан оште. Не може да нападаш нешто което не с'штествува а е част от нешто друго в случаја Византија.Оште една забележка заборави да упоменеш предполагам умишлено , че на Запад другото име на тези еретици е " бугри" .
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Кочо Рацин

Богомилите


— Кратка расправиа от историата македонска —

Напишано: 1939
Извор:Кочо Рацин „Стихови и проза“
Издание:„Култура“ (Скопје) 1966.
Техничка обработка:[FONT=&quot]Виктор Лозанов, Александар Ковачевски[/FONT]
Онлајн верзија:февруари 2009.

Ќе се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко — заре таја земја, уште у никое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на ониа бунтовници од XVII век, што зборуале за некое „природно право“ на човека, за равноправие на сичките лугје, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?

Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите
. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги. Останала па и по некоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци. И останале, уште се живи некои спомени во самата Македонија. За што ни споменуе планината и реката Бабуна, за кого ни говори со векови селото Богомила? И откаде ни се оние наши чудесни стари сказни, што скажуат за борбата на доброто и злото, и за онаја врасната вера, оној силен надеж, што не крепеше и крепи — до победата крајна? Живи се, живи, нашите чудесни богомилски легенди и басни, нашиот вечен културен имот, татковнина от нашите богомили!

Чунки богомилите биле први наши вистински народни учители и книжовници. Тиа се соживеле со народната душа, убаво ги разбрале нимните потреби, и со своата „нова“ наука силно го исплашиле стариот свет, „уреден така от бога“. Такво учење, да е светов вака уреден от бога, се сметала тогај една света религиозна догма. На това се крепи стариот феодален свет, на това живееле јадачите. Но богомилите убаво разбрале што значи таја догма, како и сите друзи верски догми, и во критиката на таквиа догми, а со народниот отпор против феодалите, во мистична форма, направиле чудесно смели заклучениа за своето време. Чунки у нивно време религијата беше и наука и философија и најголемо знаење. И така, кога ја виделе другата страна на тиа религиозни догми, нимната наука добила „смртно опасен вид" за феодалниот строј: богомилското учење сакало рамноправие за сичките лугје, било против заробуењето на човека од човек, против господарите, бољарите, поповите и сите земни јадачи, и сакале, уште во историјски недозреани условиа, да уредат едно братско и равноправно општество, на основата на старославјанскиот аграрен демократизам. Ете, со таквиа свои идеи богомилите станале вистински претечи на ониа европејски мислители, што после, тргнати по трагата на богомилските мисли, се ослободиа от верската догматика и ги удриа темелите на европејскиот Ренесанс. А што значение имаше това за народите, се знае.

И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката па државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам — противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
II

Најлесно кe се разбере богомилството ако се разгледа неговата религиозна јатка. Богомилството си беше религиозно течение, но мездрето му беше социално. Чунки това ги мина рамките на една верска секта и се рашири како народно, штом ги зафана економско-културните нужди на народот. За да се појави, богомилството имаше големи економско-политички причини: се поголемо заграбуење на земјата на селаните от страна на феодалната и црковната аристокрација, се по големи намети от државата, а от друга страна, моралното и политичко падање на тиа што владееле, особено моралното падање во очите на народот на црковната аристокрација. При се това, богомилството не никна после една економска културна критика на феодализмот, ами се јави преку критиките на верските догми. Таја критика застана на основата на манихејско-павликијанскиот дуализам, учението на две верски секти, пренесено од Мала Азија. Но кога се зајакна на неја, богомилството премина от религиозна на светска критика, та стана нешто ново и по садржание и но форма: стана чисто славјанска верско-дуалистичка и социална опозиција, спроти државното христианство и неговите ненародни разбиранија спроти феодализмот. Но целата работа ке се објасни најарно, ако се каже што значеше тогај верата.

Во старо време верата беше врховна наука, таја ги собираше во себе сите философски, природни и општествени — правни, морални и други науки. Тогај немаше вистинска наука. Сето знаење беше во некои темни и чудообразни веруваниа за некои натприродни сили, што го создале и го владеат светов. Мездрето на христианската вера беше во верувањето дека светов го создал еден бог отец, што е цар на земјата и небото. Тој владее секаде – и во нашите мисли, и во нашиот живот, и по природата и во човечкото општество. Сичко таму што стануе, стануе по божиата воља. Таја е една и вечна, и спроти неја нема друга. А тија што учеја такво учение, се викаја монотеисти.

Но спроти ним имаше едно друго учение, што учеше дека сам господ го создал светов и не владее секога он. Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот, та со това тија веруеја дека светов е создаден од бога и ђавола или пошироко означено, во светов владеат и се борат вечно едно со друго — доброто и злото. Такво беше веруењето на манихејско-павликијанската секта и това учење се викаше дуализам.

Зошто славјанските феодали се покрстиа, демек ја оставиа верата на народот? Затоа, оти таја вера беше от онова време, кога славијаните живеале во задружен демократски колективен живот, каде што немало цареви и господари. Тогај знаеле само за некои богови што владееле во природата — давале дожд ели град, слнце или зимо итн., но не знаеле и не сакале да знајат за таквиа богови што им се мешале во социалниот живот. Старејшините на задругите си ги бирале сами, војна и мир сврзуеле на собори. Се това правеле от здрава памет, а не по вољата на некој бог.
Но кога се заселиле во балканските земји, по причина на војни и по оглед на Византија, почна да никнуе и расте славјански феодализам и да се стегнуат народните права и веруванија. Стана нужда от една јака феодална држава, а таја, за да биде приемена пред разумот човечки, требеше да се објасни со една нова наука, нова вера, нова наука за идеите — нова идеологија. Оти само таја духовно ги организира човеците — нимната воља и нимните чуства.

Христианството беше најнапред вера на сиромасите. После, кога стана државна вера, кога се вдигна до еден општ поглед на светов, стана религија на феодализмот. Зошто феодалите го направиа христианството државна вера? Со прво затова, оти тогај со вера можеше да се мисли — верата беше најсилното сретство и за да се заглупи народот. После, бидејки да христианството беше народна вера, лесно можеше народот да се завее, како таја вера говори истина. Но највише се прие христианската вера от страна на феодалите, оти токмо одговараше на феодалниот строј: еден бог — еден господар, еден цар ка небето, друг на земјата. Иако верата говореше дека стануе сичко по вољата на оној цар што бил на небето, земниот царство и за да се заглупи народот. После, бидејки да испађа како да е наредено от тој што е на небе. Феодалите силно ја уредиа христианската црква која учеше дека само таја е исполнител на вољата на бога на земјата, та се што учеше таја – требаше да се смета како да е божија дума. Кога таја црква се уреди, си направи догми, демек таквиа веруања, кои не можеа да се критикуат и у кои требеше да се само веруе. Најглавната от ним беше таја – да е само еден бог отец создател на сичко и да само неговата воља владее на светов. На таја основа сега веке црквата учеше како и феодалите и власта и земјите што ги владеат им се дадени от бога, та и робјето и слугите и сиромасите да се од бога — чунки така и така тој им шепнал на своите пророци кога тиа пагјале у занос... Зошто живеел човек на земјата? За да биде искушан от бога, да би по смртта своа могол да влезе во рајот, каде бил вистинскиот човечки живот. Човек требало да ја слуша црквата што му заповедуе и по неја да се влада. Чунки ништо не бивало без бога, а тој им се јавуел на човеците преку светците. Така било това, така имало да се веруе, и кој мислел инаку – тој го дупел гјаволот...

Разбира се, сичко това имало огромно значение за феодалите, и затова они силно ја закрепиле и ја подигнуеле црквата. А таја, от своја страна, најсилно си ја чувала чистината на своите догми, оти само така можела да се дочува нејзината лажна наука.

И ете зошто и критиката против феодализамот можела да почне само како критика на верата. Критиката на верата била и критика на феодализамот. Таја критика почнала со дуалистичкото учење на онија секти што ги рекофме понапред, та после кај богомилите станала и општо социјална критика.

Најголемиот враг на Средовечното христианство бил дуализамот. Бидејки да според монотеистите бог е апсолутно добер и всесилен, било близу до памет дека во светов не е сичко уредено на добро. Ако е господ толку силен, викале дуалистите, зошто тогај дозволуе лошотии? И заре можело тој бог да ги милуе и сиромасите и силниците, па билим тој и да ги дал тија силници со негова воља да владеат над сиромаси? Најпосле, и самата природа околу човека било огледало на борбата на две стихии – та така, онаја човечка мисла, недоволна од догмите на црквата, навогјала одговор на разни вопроси во дуалистичкото разбирање на светов.

И богомилите кога станале дуалисти, почнале да мислат така.

Ако идеолозите на државната вера учеле како светов е создаден от еден бог, богомилите им застанале спроти со учењето за двете вечни сили – доброто и злото. Развивајки ја понатакај идеологијата на манихеите, тиа викале, дека не е верно да бог ја создал земјава за седум дена и ја наредил како што ја гледаме. За богомилите бог бил апсолутно добар, тој бил олицетворение на истината, а таја се навогја во искрената и чистата човечка мисла. Само кога таква мисла мисли, се јавуе бог на човека, но штом мислата човечка е зоплетена со земни и материјални работи – престануела да биде божја. Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија.

Сметајки така да е земјата дадена от гјавола, богомилите учеле како е и секое владение над неја гјаволско. Бидејки пак това да чини темелот на феодализамот, не можело да биде инаку, а да не се разбере како и феодалите, и бољарите и секоа власт и држава се от натемаго. Било после логично да се дојде до мислата, до која дошле и богомилите, да на светов не требе да има ни господари ни роби, ами тој требе да се уреди така, да сите бидат равноправни. За да се живее пак како што требе, демек како што е по Вистината – бог, не требе да има ни цркви, ни крстови, ни звонци, ни камбаани. Сичко това е гјаволско, учеле богомилите, оти вистината божја е проста и му се јавуе на секој човек во неговата чиста савест.

Било после природно дека против такво учење се дигнало се што живеело тогај от народна мака – и поповите и калугерите и феодалите со ним, оти богомилската вера го подкопуела темелот на нимната влас. Ние денеска убаво знаеме како и колкаво било гонението против богомилите.
Има многу славјански, грчки и римски повели и закони, каде богомилството е осудено како „пагубна ерес“, и на сите богомили фрлена анатема. Најпознати се от тија „Беседата на пресвитер Козма против еретиците“ и „Синодик царја Борила“. Во „Синодикот“ не толку, ама во „Беседата" е најубаво изложено сето учење на богомилите. Отаде може да се види сето учење за социјалната реформа што сакале да ја направат богомилите, чунки многу други книги што ги пишале сами се изгорени, а и самите богомили немале никаков напишан програм за своето уредуење, ами сакале да се живее просто по старохристијански.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom