- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Драговитите, заедно со другите македонски племиња (Сагудати, Ринхини, Смолјани, Струмјани, Брсјаци, Велегизити, Војнити и др.), потпаѓаат под бугарска власт дури кога на чело на бугарското царство застанува Симеон (893-927). Се дотогаш, тие живееле во племенски сојуз со децентрализирано демократско општествено уредување. По нивното освојување, Симеон почнува да ги уништува родовско-племенските форми, а со тоа и демократскиот начин на живот. Бидејќи сето тоа се случувало непосредно пред и за време на појавата на богомилското движење, сосема е логично, богомилското социјално учење за еднаквоста на сите индивидуи да се набљудува, во извесна мера, како реакција на Симеоновите обиди за централизација и хиерархизација на општеството.
Од гледна точка на историска анализа, темата е многу замрсена, со измешани поими, и конкурентни религиозни, државни и идеолошки интереси за нејзино објаснување, кои понатаму се комплицираат затоа што се менуваат со текот на времето.
Клучно прашање е: ШТО СЕ БОГОМИЛИТЕ?!
Не знам дали прашањето треба ИСЦЕЛО да се земе како религиозно, со акцент на односите католички Рим спрема правосавниот Исток.
Имено, дали има основа “крстјаните’’ од тоа време да се наречени Богомили т.е. да се едно исто???
Колку што знам, во латинските извори пред 1870тите години, не се споменува името Богомили за православните крстјани. Но терминот Богомили се користел за жигосување на христијаните католици. Симеон Солунски ги наркува католиците “кудугери’’ за да го жигоса нивното херетичко учење. Слично е и со житието на Стефан Лазаревиќ, напишано од Константин Филозоф, во кое се говори за жителите на Дубровник (трговци-католици) и на Сребреница (рудари-католици) како Богомили. Католиците пак против своите непријатели мафтале со термините: манихејци патерани, катари и шизматици.
Додатен проблем е методологијата на проучување на Богомилството. Централната студија за Богомилите е на проф. Дмитри Оболенски - “Богомилите, Студја за Балканскиот нео-Манихеизам’’ (1946 год.) која се потпира претежно на папски/ватикански, унгарски и слични католички извори пишувани по настаните со Богомилите. Според истражувањата на Оболенски, тој не нашол автентични богомилски историски документи во Македонија, а не пак во Босна и на други места.
Но, од друга страна пак, еве што заклучува бардот на историјата на Византија, Ѓорѓи Острогорски, во својата “Историја на Византија’’:
“Со помош на Унгарците, [Вукан] го тргна од престолот [Стефана] и ја превзема власта, откако претходно го призна првенството на Папата и суверенитетот на Унгарија (1202). Слична состојба настана и во Босна, каде банот Кулин успеа да се одржи на престолот само откако се одрече од Богомилството, ја прифати Римокатоличката вера и ја стави под патронат на Унгарија (1203). ...’’
За да нема забуна, Острогорски не неколку места го опишува богомилството кое според него ни одблиску не личи на православната вера.
Се надевам не ја носам дискусијата на погрешна страна, но сакав да укажам и на овој аспект.
Досега не гледам некои подефинитивни ставови искажани по темата сем тие од спомнатата студија на Маја Ангелковска-Панова кои за разлика од гркот, Чаушидис, делуваат највтемелени.