Сега прочепкав низ компјутер уште ја чувам листата од упис,последниот влезен во државна квота годинава е со 84.29 поени. Перцентилите од матурата ти се многу важни, бидејќи при упис тие се множат со оценката која си ја добил на државната матура. Е сега моментот со перцентилниот ранг кај македонски јазик, математика, англиски јазик е што не може никој однапред колку минимум ќе ти треба за да се упишеш, бидејќи перцентилниот ранг се смета според оној што постигнал најдобри резултати. Исто важен за упис ти е и успехот и од четирите години средно што си го постигнал, мислам дека 60% од поените е успехот, а 40% матурата. Како и да е треба да се гледа матурата барем 4 да бидат и успехот од 4 години да е одличен за да биде сигурен влез во државна квота.